Историја На Судан

Според археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешен Судан била населана уште од најрани времиња, пред околу 60.000 години.

Културата на тамошните жители својот расцут го достигнала кон 8000 п.н.е. Старите древни жители на Судан живееле во колиби главно создадени од тула или кал. Главно, населението се занимавало со лов и риболов, како и земјоделство и сточарство.. Овие територии биле познати за Стар Египет, и честопати тие територијата на Судан ја нарекувале Куш. Во текот на 8 век п.н.е. на чело на Куш застанал монарх којшто го проширил своето влијание кон Египет. Во околу 750 п.н.е. кралот на Куш успеал да ги зазеде териториите на Горен Египет, и со нив владееле околу десетина години. Во текот на 4 век и 5 век, Судан бил заземен од Римското Царство, но во 6 век на овие простори се создале три царства: Нобатија, Алодија и Макурија. Кон 540 година во Нобатија пристигнале мисионери испратени од Византија за да го проповедат и шират христијанството. По ова земјата го прифатила христијанството. Кон 7 век во Африка преку арапите дошол исламот, кој бил прифатен од голем дел од населението. Кон 16 век скоро целата територија на Судан паднала под контрола на владетелите на Египет, кои биле вазали на Османлиското Царство. Во 19 век се формирала полунезависна држава која за кратко време успеала да стане и целосно независна. Во 1899 година Велика Британија ги победила војските на Судан, создавајќи го Англо-египетскиот Судан. Тој постоел до 1956 година кога била издвојувана независност. Со независност се стекнува на 1 јануари 1956 година. Претходната година избувнува граѓанска војна помеѓу муслиманскиот север и христијанско-анимистичкиот југ. Војната трае до 1972 година, по што следува примирје, кое повторно се претвора во граѓанска војна во 1983 година. Втората граѓанска војна трае до јануари 2005 година, кога двете страни потпишуваат мировен договор. Во февруари 2003 година избувна конфликт со западната покраина Дарфур, кој сè уште трае.

Дел од темата Судан

Историја на Судан

Историја На Судан

Рана историја
Куш
Исламизација
Турски Судан
Англо-еипетски Судан
Независност
Судан

Портал:Судан

Наводи

Tags:

1 јануари16 век19 век5 век5401899195619721983200320054 век6 век7 век750 п.н.е.8 век п.н.е.8000 п.н.е.АфрикаВелика БританијаВизантијаГорен ЕгипетДарфурЗемјоделствоИсламКалЛовМакуријаОсманлиско ЦарствоРиболовРимско ЦарствоСтар ЕгипетСточарствоСуданТулаХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ГевгелијаСписок на Влади на МакедонијаХолокаустБрадикардијаБаронИзборна единица 3ОхридОВКСтрофаПрсти на рацетеИзбирачко местоТрговијаСрцева слабостГордана СилјановскаХороскопски знациАлбанијаМакедонциНикола ТеслаКорозијаШар Планина20000 милји под моретоЉубомир ГајдовПретприемништвоСписок на македонски народни и староградски песниСтале ПоповОпштина ПласницаВодаШишман АнгеловскиУпад во Собранието на Македонија (2017)ХрватскаДојранско ЕзероСписок на држави во светотСоцијалдемократска унијаДимитар АпасиевЕдиница за брза интервенција „Лавови“ШвајцаријаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПрирокМакедонски претседателски избори (1994)ГлаголицаГорјан ПетревскиТито ПетковскиПред дождотПрва влада на Никола ГруевскиАвстралијаРајко ЖинзифовСтара скопска чаршијаДостоинство (политичка партија)Општина ТетовоОпштина Ново СелоОпштина СтругаЗвездана АнгеловскаЛазар КолишевскиЛазарова саботаНационална демократска преродбаДенес над МакедонијаМакедонијаДаниел ДефоСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаРеченицаАлександар ШехтанскиЗагрозен видАрбер АдемиДневникот на Ана ФранкБубрежна инфекцијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотФилип ПетровскиГаличникДемократски социјализамИсус ХристосЈордан МијалковОпштина Новаци🡆 More