Хауард Зин

Хауард Зин (24 август 1922 – 27 јануари 2010) бил американски историчар, драматург и активист.

Автор на над дваесет книги, од кои најпозната е „Народна историја на САД“. Себеси некогаш се опишувал како демократски социјалист, а некогаш како анархист.

Хауард Зин
Хауард Зин

Хауард Зин е роден во сиромашно семејство на еврејски имигранти во Бруклин. Израснал во дом без списанија и книги, а горел од желба за читање. Собирајќи купони од „Њујорк пост“, го добива комплетот книги од Чарлс Дикенс.

На 16 години се вработува во бродоградилиште. Таму станува синдикален организатор и чита левичарска литература.

Во текот на Втората светска војна, се пријавува како доброволец во американската авијација. Учествува во бомбардирањата на цели во Берлин, Чехословачка и Унгарија. Неговиот подоцнежен пацифизам делумно се темели врз неговите искуства во текот на војната. Неговата ескадрила е првата која употребила напалм во април 1945 г. „Го бомбардиравме малото француско село Роајан, покрај кое имаше 2.000 германски војници кои чекаа да се предадат. Едноставно ги испрживме. Меѓутоа, од таа височина не можеш да го видиш и да го слушнеш тоа“.

По враќањето од војната продолжува да се школува. Дипломира историја на Њујоршкиот универзитет и го продолжува образованието на Колумбија, каде докторира историја и политички науки.

Во 1956 г. добива работа како предавач на Спелман колеџот, женски колеџ за црни студентки во Атланта, Џорџија, каде е единствениот бел професор. Бил еден од ретките професори кои им се придружиле на студентките во движењето за граѓански права.

Во 1963 го бркаат од Спелман колеџот, по што во 1964 година се вработува во Бостонскиот универзитет, каде останува како професор до 1988 година, кога се пензионира.

Покрај во движењето за граѓански права, Зин зема активно учество и во антивоеното движење против Виетнамската војна. Северновиетнамските власти го одредуваат како еден од тројцата посредници кои ќе ги вратат тројцата заробени американски пилоти. Тогаш во Ханој 1968 г. за првпат бил, како што самиот вели, од другата страна на бомбата. Тоа искуство само го зацврстува неговиот антивоен активизам.

Надворешни врски

Tags:

1922201024 август27 јануариАнархизамДемократски социјализам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на планини во МакедонијаИзраелПрва помошЕвропска УнијаБилјана ВанковскаСтрани на светотПротеомикаПерсиски јазикЛимфен системИзборна единица 2МрзнењеКирил ПејчиновиќЗнаме на АнглијаМаслинкаЦар Едип (драма од Софокле)Стојанче АнгеловАјдахоЦрни и жолтиНародна банка на Република МакедонијаРепублика КримИзборна единица 5РастенијаПротестантствоСкратеници во македонскиот јазикТатарлиНародна Република КинаАрбен ТаравариАразлиГајдаМакедонски парламентарни избори (2014)Самоилово ЦарствоГолемата вода (роман)Свети Климент ОхридскиКоскаЗемјоделствоСтево ПендаровскиПетар ПанШенген-зонаГрадКошаркаДеделиСложена реченицаРимско ЦарствоМакедонски претседателски избори (2019)Електричен отпорЦар СамоилМетодија Андонов-ЧентоКавадарциЏулиет ЛуисВтора светска војнаМораво рокчеАн-Софи МутерСимбиозаНикола ТеслаМавританијаОхридГарванот (поема)ДрамаЈудаизамИндијаЈане Сандански28 мартСократесНепалХанзаЦелијакијаЖивко МукаетовАрмија на МакедонијаШтипПроцентРомео и ЈулијаМасовни медиумиРак на усна празнинаОбединети Арапски ЕмиратиМакедонска граматикаПолицијаАнемијаАДХДПанкреас🡆 More