Чарлс Дикенс

Чарлс Џон Хафем Дикенс (англиски: Charles John Huffam Dickens; Портсмут, 7 февруари 1812 — Хајем, 9 јуни 1870) — англиски писател и социјален критичар.

Дикенс е автор на едни од најпознатите светски ликови и дела и тој се смета за еден од најголемите писатели во Викторијанската ера. Неговите дела уживале голема популарност своевремено, а веќе во 20 век научниците и книжевните критичари го признале како книжевен гениј.

Чарлс Дикенс
Чарлс Дикенс
Дикенс во Њујорк, 1867-1868
Роден/аЧарлс Џон Хафем Дикенс
7 февруари 1812(1812-02-07)
Портсмут, Хемпшир, Англија
Починат/а9 јуни 1870(1870-06-09) (возр. 58)
Хајем, Кент, Англија
ПочивалиштеАгол на поетите, Вестминстерска опатија
Занимањеписател
Националностбританска
Значајни дела
Сопруг/аКејтрин Дикенс
Деца
  • Чарлс Дикенс Помладиот
  • Мери Дикенс
  • Кате Перуџини
  • Валтер Ландор Дикенс
  • Франсис Дикенс
  • Алфред Дорси Тенисон Дикенс
  • Сидни Смит Халдиман Дикенс
  • Хенри Филдинг Дикенс
  • Дора Ени Дикенс
  • Едвард Дикенс
ПотписЧарлс Дикенс

Дикенс е роден во Портсмут. Тој го напуштил училиштето за да работи во фабрика во период кога неговиот татко бил затворен. И покрај недостатокот на образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи.

Успехот на Дикенс започнал во 1836 година со издавањето на Посмртните записи на Пиквичкиот клуб. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што пак станало доминатен начин за издавање еден роман во Викторијанската ера. Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.

Дикенс се сметал за книжевен големник во неговото доба.. Неговата новела од 1843, Божиќна приказна, сè уште е популарна и инспирира секакви други адаптации. Оливер Твист и Големите исчекувања исто така се предмет на адаптаци, но тие се исто така важни за деталниот преглед на Лондон и Викторијанска Англија. Дикенс добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој па сè до Џорџ Орвел на пример.

Животопис

Чарлс Џон Хафем Дикенс е роден на 7 февруари 1812 година, Ландпорт на островот Портси, во близина на Портсмут. Тој бил второ од осумте деца на Џон Дикенс (1785–1851) и Елизабет Дикенс (родена Бароу; 1789–1863). Неговиот татко бил службеник во Нејви Пеј Офис. Во јануари 1815 година, Џон Дикенс заминал на служба во Лондон и тогаш семејството Дикенс се преселило на улицата Норфолк во Фицровија. Кога Дикенс имал само четири години, неговите родители се преселиле во Ширнес, а потоа во Чатам, Кент, каде живееле до неговата 11-годишна возраст. Навидум имал идилично рано детство, иако самиот Дикенс рекол дека било „момче на кое не му посветувале особено внимание“.

Чарлс своето време главно го поминувал надвор, но исто така многу читал. Така, тој растел со книгите на Тобијас Смолет и Хенри Филдинг, но и со Робинзон Крусо. Тој особено ги читал 1001 ноќ и Елизабет Инчбалд. Тој имал голема меморија за своето детство, запаметувајќи голем број луѓе и настани, кои подоцна ги користел во своите дела. Поради работата на татко му во Нејви Пеј Офис, тој имал можност и на приватно школување за краток период во Чатам.

Овој период завршил во јуни 1822 година, кога Џон Дикенс бил повикан во централата на Нејви Пеј Офис и така целото семејство, освен Чарлс, се преселиле во Камден Таун во Лондон. Семејството го напуштило Кент поради долговите, па така Џон Дикенс бил затворен во Лондон во 1824 година. Тогаш, 12-годишниот Чарлс Дикенс започнал да живее со семејната пријателка Елизабет Ројланс. Во тоа време, тој бил принуден сам да заработува за живот работејќи во фабрика за боја за чевли. Сеќавајќи се на тоа време, многу подоцна, тој напишал: „Јас толку длабоко во себе го зачувава споменот на чувството на запоставеност и немоќ; целото мое битие беше до таа мера опседнато со свеста за понижувачката неправда чија жртва бев во тоа време, што и денес пред таа темна сенка од горчливото детство често потреперувам... Сè заборавам и мрачни соништа ме пренсуваат во првите години на мојот живот.“

Позначајни дела

Дикенс имал објавено повеќе од 12 романи, голем број на кратки раскази и статии, неколку драми и слично. Позначајни дела на Дикенс се:

  • Лондонски скици (1837)
  • Посмртни записи на Пиквичкиот клуб (The Posthumous Papers of the Pickwick Club, април 1836 - ноември 1837)
  • Оливер Твист (Oliver Twist, февруари 1837 - април 1839)
  • Николас Никелби (Nicholas Nickleby, април 1838 - октомври 1839)
  • Старата антикварница (The Old Curiosity Shop, април 1840 - ноември 1841)
  • Барнаби Раџ (Barnaby Rudge, февруари - ноември 1841)
  • Божиќна приказна (A Christmas Carol , 1843)
  • Мартин Чазелвит (Martin Chuzzlewit, јануари 1843 до јули 1844)
  • Дамби и синот (Dombey and Son, октомври 1846 до април 1848)
  • Дејвид Коперфилд (David Copperfield, мај 1849 до ноември 1850)
  • Мрачен дом (Bleak House, март 1852 до септември 1853)
  • Тешки времиња (Hard Times, 1 април 1854, до 12 август 1854)
  • Малечката Дорит (Little Dorrit, декември 1855 до јуни 1857)
  • Приказна за два града (A Tale of Two Cities, 30 април 1859 до 26 ноември 1859)
  • Големите очекувања (Great Expectations, 1 декември 1860 до 3 август 1861)
  • Нашиот заеднички пријател (Our Mutual Friend, мај 1864 до ноември 1865)
  • Тајната на Едвин Друд (The Mystery of Edwin Drood, не е завршена поради смртта на Дикенс)

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Дела

Портали

Музеи

Tags:

Чарлс Дикенс ЖивотописЧарлс Дикенс Позначајни делаЧарлс Дикенс НаводиЧарлс Дикенс Дополнителна литератураЧарлс Дикенс Надворешни врскиЧарлс Дикенс181218707 февруари9 јуниАнглискиАнглијаПортсмут

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Изборна единица 6ТетовоБик (хороскопски знак)Тони НаумовскиЕкологијаОкеанРеферендум во Македонија (1991)Јужна ЕвропаИзборна единица 4ШпанијаДоситеј ОбрадовиќМакедонски парламентарни избори (2006)Изборна единица 5Црн ДримВиолета ТомовскаИзбори во МакедонијаМРП вакцинаРадмила ШекеринскаДржавни празници во БугаријаСува ГораНАТОСписок на градоначалници во МакедонијаБалкански ПолуостровСтарословенски јазикStaphylococcus aureusСиријаАрхимедКапитализамМонархијаВера ЈоциќЈордан Хаџи Константинов-ЏинотГолемата вода (роман)КокошкаКамен мост (Скопје)Отоманска МакедонијаАтанас БадевОпштина ЧашкаПочваВелесПравопис и правоговор на македонскиот јазикЧорбаџи ТеодосКарлес ПуџдемонБели мугриФауна на МакедонијаАбдурахман РахманХемоглобинФигура (стилистика)ПелистерСписок на змии во МакедонијаЗемја (планета)Автобиографија (Григор Прличев)Ревматоиден артритисМоравска мисијаДропкаРанко МладеноскиЗабСоцијалистичка Република МакедонијаОче нашПајак (пејач)Македонски парламентарни избори (2008)Единствена МакедонијаМинистер за здравство на МакедонијаЛила СтојановскаКрвна групаМултипликатор на паритеНасилствоСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЕлизабета ЃоргиевскаДора БакојаниТромбоцитопенијаНервен системМакедонија (регион)Инфективна мононуклеозаПрва помошСтефан Душан🡆 More