Планински Смок

Планински смок (науч. Coronella austriaca) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) која живее во Македонија, во северна и средна Европа и на исток до северен Иран.

Планински смок
Планински Смок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Вистински смокови
Род: Coronella
Вид: C. austriaca
Научен назив
Coronella austriaca
Laurenti, 1768
Планински Смок

Постојат три подвида.

Опис

Двата пола во просек се долги 60 до 75 см. Во Шведска се забележани се две единки по 83 см, а во Русија е измерена единка долга 92 см.

На главата има една муцкена лушпа која е барем толку длабока колку што е широка, образувајќи триаголна вдлабнатина помеѓу меѓуносните лушпи (ретко ги двои). На темето има девет големи лушпи. Носната лушпа често е поделена. Има само една (ретко две) предочна и две задочни лушпи. Слепоочните лушпи се во распоред 2+2 или 2+3 (ретко 1+2). Има седум (ретко осум) горноуснените лушпи, од кои третата или четвртата и петтата се граничат со окото.

Средишниот дел од телото има 19 (ретко 17 или 21) реда грбни лушпи. За разлика од многу други змии што живеат на истото подрачје, лушпите им се мазни (не се засртени). Мажјаците имаат 150-164 стомачни лушпи, а женките имаат по 162–200. Чмарната лушпа е поделена (ретко цела), а подопашните лушпи се во парови. Мажјаците имаат по 54–70 подопашни лушпи, а женките по 40–76.

Шарата на долниот дел од телото е кафеава, сива или црвенкасто кафеава со два реда мали слабо забележливи точки долж грбот кон опашката. Во некои случаи, секој пар точки се спојува кај вратот neck area, образувајќи низа накрсни белези на грбот. Има и низа мошне слабо видливи точки долж страните на телото. Овие четири низи од точки се протегаат врз четири напоредни сенчести пруги кои исто така се протегаат по грбот и страните на телото.

Врз главата има темен белег кој често има облик на круна, што се одразува во научното име родотCoronella („круничка“). Од секоја ноздра се протега релативно широка темна пруга, оди над окото и долж страните на главата и завршува зад вратот. Горноусните лушпи се белузлави, сивкасто бели или светлокафеави, напати со темни точки. Јазикот е црвенкасто кафеав или темноцрвен.

Биологија

Планинскиот смок се храни со помали животни, особено со други влекачи. Поголемиот плен го совладува со стегање (давење), но за разлика од вистинските удави, пленот не го убива на овој начин. Јајцата ги положува на топло место, закопувајќи ги во песок.

Во Британија живее само во вресишта.

Распространетост

Покрај Македонија, планинскиот смок се среќава во Англија, Франција, од Ниските Земји до северна Шпанија и Португалија, Германија, Норвешка и Шведска (на север сè до 63° СГШ), во Латвија, Литванија, Естонија, Швајцарија, Австрија, Италија со Сицилија (но без Корзика и Сардинија), западниот Балкан и Грција и европска Русија до 57° СГШ. Во Азија, планинскиот смок живее од Турција до Азербејџан, Грузија, Ерменија и северен Иран.

Во Финска, оваа змија се среќава само по островите на Оланд, а и таму е поретка.

Подвидови

Подвид Опишал Распространетост
C. a. austriaca Laurenti, 1768
C. a. acutirostris Malkmus, 1995
C. a. fitzingeri Bonaparte, 1840 јужна Италија и Сицилија

Поврзано

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Tags:

Планински Смок ОписПланински Смок БиологијаПланински Смок РаспространетостПланински Смок ПодвидовиПланински Смок ПоврзаноПланински Смок НаводиПланински Смок ГалеријаПланински Смок Надворешни врскиПланински СмокБиномна номенклатураЗмијаИранМакедонијаПодвидСмокови

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГепардХидроксидСписок на македонски народни поговоркиСистемски лупус еритематозусОкеанМасовни медиумиРокселанаХристо ТатарчевДепресија (расположение)МитАутизамДемографија на МакедонијаЛавМакедонски дел од пеколотОхридско ЕзероСтале ПоповМакедонски претседателски избори (2019)ПневмонијаКарпошСписок на политички партии во МакедонијаСвети Климент ОхридскиЃорѓи СугаревАнтонимЛебедово езероАвантурите на Том СоерЛазар Манчевски - ПинџурАнтибиотикДунавТетовоОтоманско ЦарствоВооружена престрелка во Куманово (2015)СупстанцаStaphylococcus aureusВојдан ЧернодринскиРелигија во МакедонијаБалкански рисВодолија (хороскопски знак)АголТрубаАлександар МикиќАнална фисураАфрикаПетре М. АндреевскиСедум смртни гревовиСписок на државни знамињаКамилиПиреј (роман)Жичени инструментиКирилицаХепатитОнлајн покерЕгипетИзраелПунски војниШехзаде Мустафа (син на Сулејман I)Симеон Мони ДамевскиЕлектричен отпорЛила СтојановскаСулејман ВеличествениотВодно растениеКоличникДесет Божји заповедиАнастас КоцаревТумор на мозокСимеон ІІСеверна АмерикаКоцкаГлаголицаКавадарциВасил ИљоскиТинитусМорфологија на македонскиот јазикСреден векСписок на планини во МакедонијаЛалеФарски ОстровиГенералот на мртвата војска🡆 More