Михаил Апостолов

Михаил Апостолов Рајнов, нарекуван Попето, бил Македонски подофицер во бугарската армија, учесник во македонското револуционерно движење, член, војвода и прв инструктор на четнички институт на Македонската револуционерна организација.

Михаил Апостолов - Попето
Михаил Апостолов
Роден 1871
Горна Дикања, денес Бугарија
Починал 21 март 1902
Гаваљанци, Егејска Македонија (ден. Грција)

Животопис

Рани години

Михаил Апостолов е роден во село Горна Дикања, Радомирско во 1871 година. Израснал во многу сиромашно семејство. Мајка му умрела и татко му го пратил во Софија за да учи. Служел воена служба во кавалеријата – 1-ви коњички полк, и стигнал до чинот подофицер. Ја напуштил армијата и станал стражар во коњичката полиција во Софија. Во 1895 година, кога Македонскиот комитет во Софија го организирал Мелничкото востание, четничката акција во Македонија, тој ја напуштил стражарската служба и тргнал со четата на поручник Петар Начев. По четничката акција се вратил во Софија. Се сретнал со Гоце Делчев, кој во тоа време ги организирал првите чети на Внатрешната организација, кои требало да влегуваат во Македонија. Гоце Делчев решил да привлече бугарски офицери во Внатрешната организација, за да го издигне нејзиниот авторитет пред населението, и за да ги подобри бојните способности на четниците. Михаил Апостолов – Попето и Марко Лерински, а малку потоа и Христо Чернопеев и Атанас Бабата се првите бугарски подофицери во Македонската револуционерна организација.

Години во македонското револуционерно движење

Инструктор на четничкиот институт

Михаил Апостолов станува првиот војвода на агитационо-организаторска чета. Во неговата седумгодишна дејност, во неговата чета како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата како: Михаил Герџиков, Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола Жеков, Атанас Бабата, Андон Ќосето (помошник-војвода на четата), Крстјо Б’лгаријата, Гоне Бегенин, Трајко Јотов, Иван Варналијата, Иван Наумов Алјабака и други. Во четата за 3-4 месеци бил и Христо Чернопеев, кој подоцна предводи сопствена чета .

Војвода

За првпат како војвода на ВМОРО влегува во Македонија во 1897 година, а неговата чета е од 7 души. Сите се од слободните делови на Бугарија и имаат воена подготовка: Васил Иванов Чочов – постар подофицер од 1-виот пешадиски полк, Александар Маринов од Пловдив – ученик од унтерофицерското училиште, Филип Григоров, ученик од истото училиште, Николај Петров, унтерофицер и други. Четата како реон на дејствување го има Малешевско, но дејствува и во Кочанско, Радовишко и Струмичко.

Обиколки низ Македонија

На 20 јули 1897 година, заедно со четата на Гоце Делчев убиваат четири черкези во село Бујковци. На 14 септември 1897 година Михаил Попето го одвлекува богатиот турчин Назлам бег од Струмица. Во 1898 година четата на Попето, веќе од 13 души, ги обиколува Серско и Кукушко. Во 1899 година Михаил Попето ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Четник кај Попето бил и Михаил Чаков – учител, кој од 1901 до 1908 предводи различни чети во Македонија . Во февруари 1900 година преминува низ село Оризарци, Гевгелиско, а неговата чета во тоа време брои 15-20 луѓе; подоцна во летото се префрла во Кукушко. Води борби со турски вооружени сили до село Д’мбово, во Кожув планина и на други места. Во истата година како апостол, продолжува да ја обиколува Македонија, овој пат во Тиквешко.. На пат од Кукушко кон Петричко на 21 март 1902 година четата на Михаил Апостолов е фатена од силна турска потера и влегува во борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци, Кукушко, во која војводата Михаил Попето загинува. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.

За него

Од тој простодушен апостол истекуваше чист идеализам, себепорекнување, смел организаторски дух, човекољубие и сеотдајност. Седум години непрестајно тој беше на својата позиција, гол, бос и испокинат, гладен и жеден, беше како стражар на својата позиција
Попето е најголемиот по значење ученик на Делчев. Тој е првиот војвода на агитационо-организаторска чета. Мих. Апостолов Попето е шоп од Софиско
Во Тиквешко се случи еднаш веќе трети ден ништо не бевме јаделе и бевме многу изморени. Фативме еден овчар и го пративме за леб; сите бевме папсани. Едни спиеја, а Попето се крпеше. Јас седнав до него и бев зел малку очајна поза. Тој никого не го оставаше да очајува, тој пееше песни, се искачуваше по дрвата, правеше шеги, не развеселуваше, воопшто не даваше да очајуваме. Јас се бев замислил. Тој ме погледна и ме праша: “А бе, адаш, што си се замислил?” Јас му се оплакав, дека помеѓу тој народ, за кој сме решиле да го дадеме и животот, има и такви кои се подготвени да не предадат и сл. Попето одговори: “Знаеш ли, јас не сум тргнат за тие луѓе, што ќе не предадат, а за тие луѓе во народот, кои чувствуваат и мислат како нас. И ако ги сретнавме тие луѓе, сигурно тие ќе ни дадеа леб.” Тој одговори ми направи впечаток и јас се убедив, дека Попето свесно се предал на револуционерна работа, а не како некои други војводи, кои така што се каже, по инерција беа повлечени по заедничкото течение. Попето бил кавалерист, знаеше да стрела со левата рака, сетне бил стражар во Софија, во Стамболово време, го праќале да го слуша во клубот на социјалистите и тој таму дознал, дека тие луѓе не зборуваат глупости

Извори

Белешки

Tags:

Михаил Апостолов ЖивотописМихаил Апостолов ИзвориМихаил Апостолов БелешкиМихаил АпостоловБугарска армијаМакедонска револуционерна организацијаМакедонциЧетнички институт на ТМОРО

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Васка ИлиеваХепатит ЦЛила СтојановскаБик (хороскопски знак)Знаме на Обединетите НацииСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаАлжирКронова болестКандидијазаМалдивиГлас за МакедонијаХороскопски знациСписок на македонски народни поговоркиМакедонски парламентарни избори (2014)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБубрежна слабостНаџи ШабанВласиЕпилепсијаДен на сесловенските просветителиРак на белите дробовиВесна ЈаневскаСиријаПресметување на датумот на ВелигденПенис (човек)Последниот чајКрушевска РепубликаМилибродУметностМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаГрад СкопјеСеверна МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2006)АлваВлада на Димитар КовачевскиРак на панкреасотСписок на повикувачки броеви на земјитеСтобиСаат-кула (Стар Дојран)Ѓорѓи КолозовСнежана КиселичкаВенко ФилипчеДемократска обнова на МакедонијаФондација ВикимедијаОпштина Македонски БродЃурѓовденТуморНов заветНационална арена „Тоше Проески“Список на политички партии во МакедонијаТри сестриДислексијаКазахстанГариИгор КостескиТајната вечераМакедонски парламентарни избори, 2011ШизофренијаЈугославијаМакедонски АлбанциГордана Силјановска-ДавковаЗемји членки на Европската УнијаДанела АрсовскаИндонезијаСредоземно МореМакедонски парламентарни избори (2016)Велика саботаИзборни единици во МакедонијаШведскаБујар ОсманиБлаже КонескиНихилизамВолково (Драмско)ОВКСтевчо ЈакимовскиСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Палмино маслоМетафораОпштина Кривогаштани🡆 More