Михаил Герџиков

Михаил Герџиков (бугарски: Михаил Герджиков) — револуционер и анархист од Бугарија, основач и раководител на Македонскиот таен револуционерен комитет, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна деец на ВМРО (Обединета).

Михаил Герџиков
Михаил Герџиков
Роден 26 јануари 1877
Пловдив, Бугарија
Починал 18 март 1947
Софија, Бугарија
Михаил Герџиков
Печат на МТРК
Михаил Герџиков
Михаил Герџиков

Во македонското револуционерно движење

Македонски таен револуционерен комитет

Средно образование учел во бугарската гимназија во Пловдив. Во 1897 година заминал во Швајцарија, каде студирал правни науки во Лозана и Женева. Тој бил еден од најистакнатите претставници на анархистичкиот Македонски таен револуционерен комитет.

Македонска револуционерна организација

Во учебната 1899/1900 година под името Тодор Луканов бил учител во гимназијата во Битола и станува член на ТМОРО. Во 1900 година е испратен во Солун за да му помогне на ЦК ТМОРО во изградувањето комитетска мрежа во Одринско. Кога е откриен од турските власти, во октомври 1900 година станал четник во четата на Христо Чернопеев во Кукуш. Важел за близок соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански.

По решение на ЦК определен бил за претставник на Организацијата во Одринскиот револуционерен округ, а подоцна и за ревизор на четите во источниот дел на Одринско. Во текот на Преображенското востание во 1903 година практично раководел со Бојното тело и по негова команда со четите на Иван Варналиев и Христо Силјанов бил заземен градот Василико, во Тракија.

Анархист по убедување, Герџиков во македонското револуционерно движење бил голем противник на Борис Сарафов. По директива на задграничните претставници на Организацијата во Софија, дури лично престојувал во Белград кон крајот на 1903 година за да ги следи активностите на Борис Сарафов. По востанието тесно соработувал со левите сили во револуционерното движење.

Подоцнежна дејност

Михаил Герџиков 
Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Михаил Герџиков.

Во Првата балканска војна, учествувал со својата чета во состав на бугарската војска. Подоцна, во 1919 година во Софија учествувал во издавањето на списанието Билтен. Тој е еден од потписниците на двата Апела од 1919 година (од март и мај), до бугарската влада во кои се пласира идејата за автономна Македонија да одлучуваат Македонците, а не наметнатите бугарски тутори. Во јуни 1919 година учествува во основањето на Федерацијата на анархокомунисти во Бугарија.

По превратот и колежите во текот на 1923-1924 година, направени со цел да се обезглави македонското движење во Бугарија, тој бил принуден да ја напушти Бугарија и заминал во Истанбул, а оттаму во Виена и Берлин.

По формирањето на ВМРО (Обединета), Герџиков станал нејзин член. Но, поради несогласувањата со Димитар Влахов, во 1929 година се отцепил од неа и формирал нова национална фракција во Истанбул.

Се вратил во Бугарија по забраната на и растурањето на ванчомихајловистичката ВМРО, во 1934 година. До крајот на животот се движел меѓу македонската емиграција во Софија ѝ бил семеен пријател на сестрата на Гоце Делчев, Руша Делчева. По 9 септември и капитулацијата на Бугарија, го помагал движењето на македонската емиграција. Потписник е ѝ на Апелот до Македонците во Бугарија од септември, 1944 година. До крајот на животот останал доследен на Гоцевите идеали и поборник за самостојноста на Македонија. По Втората светска војна како анархист е репресиран од комунистичкиот режим. Умрел во 1947 година во Софија.

Неговите спомени во 1995 година биле издадени и во Македонија.

Извори

Надворешни врски

Tags:

Михаил Герџиков Во македонското револуционерно движењеМихаил Герџиков Подоцнежна дејностМихаил Герџиков ИзвориМихаил Герџиков Надворешни врскиМихаил ГерџиковАнархизамБугарски јазикВМРО (Обединета)Македонска револуционерна организацијаМакедонски таен револуционерен комитет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски денарЃомлезеМаркаПартија за целосна еманципација на РомитеДемографија на МакедонијаЛумбагоЏеј РамадановскиМакедонски претседателски избори (2009)Зоки ПокиАтинаЧинови на полицијата во МакедонијаМакедонска азбукаАлопецијаАлбански јазикКичево20 априлОбединети нацииМатерицаЕдинствена МакедонијаБанкоматПоткастМакедонски претседателски избори (1999)Раички манастирАртрозаПрилепСолунска ГлаваПоштенска маркаМочуриштеЈеховини сведоциТапанМастурбацијаЕмпатијаАгностицизамСкиентологијаПочваФуросемидМечкин лукСистем за варењеАмфетаминиСтрептококен фарингитисПиринејски ПолуостровСкендербегЈудаизамПлоштинаНационализамФауна на МакедонијаАнтичка МакедонијаТурпијаГрегоријански календарФернандо МагеланЃорѓија Сајкоски20 април (родени)Изборна единица 9Охридска пастрмкаПанкреасПопулизамЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридЦрни и жолтиАфрикаАлександра ПријовиќПоскокКучковоДискус хернијаЦрква „Св. Недела“ - КатлановоКристијано РоналдоМакедонски парламентарни избори (2020)РимКошаркаМикеланџело БуонаротиСаудиска АрабијаХемороидЌемане (македонско)Дијабетес мелитус тип 2Глас за МакедонијаМартиницаСрцева слабостЈован Стојаноски🡆 More