Знаме на Обединетото Кралство, наречено и сојузно знаме (англиски: Union Flag/Union Jack) — државно знаме на Обединетото Кралство кое претставува комбинација на знамиња од три составни замји на кралството, според верзијата од 1801 г.
Тогаш службено биле прогласени: знамето на Англија на кое се наоѓа крстот на Св. Ѓорѓи, знамето на Шкотска со крстот на Св. Андреја и Ирското знаме на кое се наоѓа крстот на Св. Патрик (кое и самите Ирци ретко го користеле).
Првата верзија на ова знаме, без крстот на Св. Патрик, настанало по кралската наредба во 1606 по 1603 кога шкотскиот крал Јаков VI станал и крал на Англија (како Јаков I) и така ги обединил двете кралства во персонална унија. Употребата на ова знаме било веено само на бродовите, додека пак на копното се користеле знамиња на поедичните кралства. Во 1707 година во Законот за Унијата со кој било создадено Кралството Велика Британија меѓу другото било и пропишано дозвола за употреба на знамето на копно.
Во 1801 година бил донесен нов Закон за Унијата во кој се обединиле Кралството Велика Британија и Ирска во Обединето Кралство. На веќе постоечкото знаме бил додаден и крстот на Св. Патрик така што биле додадени бели диагонални кракови разделени со бела и црвена линија со бели рабови, кои, според хералдичките правила, ги одвојувале од сината.
Службено, ова е првенствено кралско знаме знаме, а неговата употреба како народно знаме од традиционалнен карактер. Употребата на знамето на море била строго прописна; цивилните бродови не смееле да го користат и морале наместо кралското знаме да се користи црвено знаме со Union Jack во горниот лев агол.
Знамето на Обединетото Кралство се појавува во горниот лев агол скоро на сите знамиња на британските прекуморски територии, како и на знамињата на некои поранешни британски колонии: Австралија, Нов Зеланд, Тувалу и Фиџи, како и на американската сојузна држава Хаваи која никогаш не била под британска управа.
„Знаме на Обединетото Кралство“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Знаме на Обединетото Кралство, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.