Длабочелен Смок

Длабочелен смок (науч. Malpolon monspessulanus) — вид на слабо отровна змија од семејството на смоковите (Colubridae).

Длабочелен смок
Длабочелен Смок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Род: Длабочелен смок
Вид: Длабочелен смок
Научен назив
Malpolon monspessulanus
(Hermann, 1804)
Синоними
  • Coluber monspessulanus Hermann, 1804
  • Cœlopeltis monspessulana
    — Ranzani, 1836
  • Malpolon monspessulanus
    — Mertens & L. Müller, 1928
Длабочелен Смок
Глава на длабочелен смок, каде јасно се гледа вдлабнатината во челото
Длабочелен Смок
Свиен длабочелен смок
Длабочелен Смок
Длабочелен смок како јаде гуштер

Распространетост

Ова е мошне честа змија во Македонија и низ Средоземјето. Научното име monspessulanus претставува латинизација на градот Монпелје во јужна Франција.

Опис

Длабочелниот смок достигнува должина од 2 м и може да тежи до 1,5 кг.

Поведение и исхрана

Змијата е активна преку ден и се храни претежно со гуштери.

Отровност

Иако е отровен, познати се само неколку случаи на каснување и затоа не претставува никаква опасност за луѓето. Забите се сместени во заднината, а самиот отров е мошне малку токсичен и, во случај на каснување, лечењето е симптоматично. Поради мирољубивоста, длабочелникот смок е мошне распространет, дури и во населени подрачја.

Еволуција

Генетските наоди укажуваат на тоа дека видот води потекло од северноафриканското подрачје Магреб и дека се преселил во југозападна Европа пред 83.000 до 168.000 години, а уште порано во југоисточна Европа и западна Азија. Длабочелниот смок е во најблиско сродство со северноафриканските и арапските видови качулест длабочелен смок или „лажна кобра“ (Malpolon moilensis) и со фосилниот вид од плиоценска Шпанија наречен Malpolon mlynarskii, со кои го сочинува родот длабочелен смок (Malpolon).

Подвидови

Постојат три главни подвида на длабочелен смок. Постои големо генетско разидување помеѓу западниот подвид (M. m. monspessulanus) и двата источни подвида (M. m. insignitus и M. m. fuscus), поради што е предложено источниот да биде прогласен за посебен вид. Се смета дека овие две групи се одвоиле некаде пред 3,5 до 6 милиони години. Во 2006 г. е опишан и четврт подвид — M. m. saharatlanticus.

M. m. monspessulanus

M. m. monspessulanus живее во југозападна Европа (Шпанија, Португалија, јужна Франција и северозападна Италија) и западен Магреб, каде се ареќава во Мароко и приморските делови на Алжир (источно од градот Алжир). На средината на телото обично има 19 реда грбни лушпи и темно „седло“ во предниот дел кај мажјаците. M. m. monspessulanus има еден средиштен израсток на тилната коска кој образува изразена мамуза свртена наназад; двата источни подвида имаат два неизрасени коскени израстока. Европските и северноафриканските видови немаат забележителни генетски или морфолошки разлики, што укажува на скорешна преселба во Европа.

M. m. insignitus

M. m. insignitus живее од источно Мароко до (и заклучно со) Алжир и од средоземните краишта на Тунис до западна Сирија, вклучувајќи го Кипар. Во Мароко западен Алжир се среќава на повисоки места од M. m. monspessulanus. Обично име 19 реда грбни лушпи на средината на телото, но мажјаците го немаат темното „седло“. Често имаат тесни бледи надолжни пруги. Податоците од низите на генот цитохром b укажуваат на тоа дека се парафилетски во однос на M. m. fuscus, при што кипарскиот M. m. insignitus е во поблиско сродство со грчкиот M. m. fuscus отколку со северноафриканскиот M. m. insignitus.

M. m. fuscus

M. m. fuscus се среќава во југоисточна Европа, Турција, северен Ирак и западен Иран. Се разликува од M. m. insignitus по тоа што има само 17 реда грбни лушпи на средината на телото.

M. m. saharatlanticus

M. m. saharatlanticus живее на подрачјето од Бу Изакарн во Мароко до Дахла во Западна Сахара и на север до Аулуз и Тафраут.

Потешкотии при разликувањето

Длабочелните смокови што се среќаваат во посувите подрачја во Сирија, Јордан и Ирак напати се тешки за распознавање бидејќи имаат или 17 или 19 реда, што значи дека истовремено моажт да личат на M. m. fuscus и на M. m. insignitus.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Длабочелен Смок РаспространетостДлабочелен Смок ОписДлабочелен Смок Поведение и исхранаДлабочелен Смок ОтровностДлабочелен Смок ЕволуцијаДлабочелен Смок ПодвидовиДлабочелен Смок ПоврзаноДлабочелен Смок НаводиДлабочелен Смок Надворешни врскиДлабочелен СмокБиномна номенклатураВид (биологија)ОтровСмокови

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТирКонстантин МиладиновКилаДемир ХисарСписок на градови во МакедонијаАјкулаВоен конфликт во Македонија (2001)СветлинаБрод (пловило)Општина БитолаПартија за движење на Турците во МакедонијаЕкологијаСлуз-цедење во грлотоКошаркаЅвезда од КутлешСлавко ЈаневскиКоле НеделковскиВладимир ПутинСписок на главни градови во светотГравитацијаСтар ЕгипетМакедонска азбукаВртоглавицаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски јазикСтепенување на придавки во македонскиот јазикЛист (ботаника)Социјалистичка Република МакедонијаАвстријаГоран СтефановскиКралство ЈугославијаГалијаХепатит ЦМатичен млечСидСписок на политички партии во МакедонијаГолеми и мали (роман)Планетите во астрологијатаЕрман ШабанРисто СтефановскиВлада на МакедонијаФилмЕврејски празнициПолитички системАнте ПоповскиКиро ГлигоровЖивко ЧингоОпштина СтругаМухамедМакедонска радио-телевизијаИменки во македонскиот јазикПодметБор (град)Светлана Ражнатовиќ-ЦецаДебело цревоОпштина ВиницаЕвропска УнијаКлинесто писмоТаџикистанОпштина РесенГлаголски прирокЛатински јазикДабМесечинаДен на независноста на МакедонијаМалтаЏорџ Гордон БајронЧорбаџи ТеодосРајчицаЦистична фиброзаЦијанобактерииЛокални избори во Македонија (2013)Општина Демир ХисарМакедонски народни носииМахидевранТемператураДемографија на МакедонијаБременост🡆 More