Астрономија Деклинација

Деклинација (крат.

дек, dec или δ) — една од двете координати на екваторскиот координатен систем во астрономијата (другата е ректасцензијата или часовниот агол). Деклинацијата во астрономијата е споредлива со географската ширина на земјата, но проектирано на небесната сфера и ја претставува оддалеченоста на небесното тело од небесниот екватор. Се мери во степени северно и јужно од небесниот екватор. Точките северно од екваторот имаат позитивна деклинација, а точките јужно од него имаат негативна.

Астрономија Деклинација
Екваторските координати

Знакот се става пред бројката без разлика дали е негативен или позитивен. Деклинацијата може да се изрази во секоја аголна единица, а најзастапено е изразувањето во лачни степени, минути и секунди.

Едно астрономско тело непосредно над набљудувачот (во зенитот) има деклинација речиси еднаква на неговата географска ширина. Затоа, една поларна ѕвезда има деклинација од приближно +90° или −90°. При северна ширина φ (φ = ширина на набљудувачот) > 0, небесните објекти со деклинација поголема од 90° − φ секогаш се видливи. Ваквите ѕвезди се нарекуваат околуполарни ѕвезди, а појавата кога Сонцето не заоѓа се нарекува поларен ден.

Кога објектот е непосредно над набљудувачот, деклинацијата е во опсег на 0,01 степен од неговата географска ширина. Деклинацијата и географската ширина не се совпаѓаат од две причини. Првата е фактор што важи за сите небесни објекти: деклинацијата на објектот е еднаква на астрономската ширина на набљудувачот, но под поимот „ширина“ обично подразбираме геодетска ширина. Оваа разлика обично не надминува неколку илјадинки од еден степен, но во исклучителни случаи (како на големиот остров Хаваи) знае да надмине 0,01 степен. Од практични причини, втората причина важи само за објекти од сончевиот Систем: „деклинацијата“ по обичај се мери од центарот на Земјата, која не е сосем сферна, па затоа правата што се протега од Земјиниот центар до објектот не е сосем нормална на површината на Земјата. Така, кога Месечината е непосредно над набљудувачот, нејзината геоцентрична деклинација може да се разликува од астрономската ширина на објектот во износ до 0,005 степени. Важноста на оваа појава е обратнопропорционална на оддалеченоста на објектот од Земјата, па затоа се зема предвид само во однос на Месечината.

Ѕвездите

Бидејќи секоја една ѕвезда стои во речиси постојана насока гледајќи од Земјата, нејзината деклинација е приближно постојана од година на година. Меѓутоа ректасцензијата и деклинацијата постепено се менуваат како последица на прецесијата на рамноденицата, сопственото движење и годишната паралакса.

Променлива деклинација

Деклинацијата на сите објекти од сончевиот Систем се менува побргу отколку онаа на ѕвездите.

Сонцето

Деклинацијата на Сонцето, δ, е аголот помеѓу неговите зраци и рамнината на Земјиниот екватор. Осниот наклон на Земјата (во астрономијата познат како „закосеност на еклиптиката“) е аголот помеѓу Земјината оска и правата нормална на Земјината орбита. Осниот наклон на Земјата се менува постепено во текот на илјадници години, но тековно изнесува ε = 23°26'. Бидејќи осниот наклон е речиси постојан, сончевата деклинација (δ) се менува со годишните времиња и има период од една година.

При сонцестој, аголот помеѓу сончевите зраци и рамнината на Земјиниот екватор достигнува највеќе 23°26'. Затоа δ = +23°26' во северниот сонцестој и δ = −23°26' во јужниот сонцестој.

Во моментот на секоја рамноденица, центарот на сонцето изгледа како да проаѓа низ небесниот екватор, а δ изнесува 0°.

Деклинацијата на сонцето е еднаква на обратниот синус од производот на синусот на максималната деклинација на Сонцето и синусот на должината во неговиот повратник во секој даден момент. Наместо да ја пресметуваме должината во повратникот, ако сакаме да ја добиеме Сончевата деклинација изразена во денови, ја проследуваме следнава постапка.

Бидејќи орбиталното занесување (ексценричност) на Земјата е прилично мало, можеме да претпоставиме дека нејзината орбита е совршена кружница:

    Астрономија Деклинација 

каде косинусот работи со степени. Ако аргументот на косинусот е во радијани, тогаш 360° во равенката се заменува со 2π. Во обата случаја формулата го дава δ во степени. Астрономија Деклинација  е бројот на изминатите денови од 1 јануари наваму.

Еве и друг можен облик:

    Астрономија Деклинација 

Попрецизна формула:

    Астрономија Деклинација 

каде

    Астрономија Деклинација 

е дробната година во радијани.

Попрецизни дневни вредности добиени со вопросечување на четирите години од циклусот на јавување на престапна година ќе најдете на табелата на деклинација на Сонцето.

Астрономија Деклинација 
Патеката на Сонцето долж небесната сфера во текот на годината се менува зависно од деклинацијата. На хоризонталната оска се означени азимутите во ° СШ кајшто Сонцето изгрева и заоѓа при летниот и зимскиот сонцестој, набљудувајќи од 56° СГШ.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Македонски

Англиски

Tags:

Астрономија Деклинација ЅвездитеАстрономија Деклинација Променлива деклинацијаАстрономија Деклинација ПоврзаноАстрономија Деклинација НаводиАстрономија Деклинација Надворешни врскиАстрономија ДеклинацијаАстрономијаГеографска ширинаЕкваторски координатен системНебесен екваторНебесна сфераРектасцензијаЧасовен агол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Историја на Македонија (1991 - денес)ХристијанствоВидови аглиОстеопорозаТрапезСашо ОрдановскиОпштина БитолаВтора светска војнаСписок на македонски зборови од турско потеклоРомантизамДемократска алтернативаРечник на стари македонски зборовиЛокални избори во Македонија (2017)Изборна единица 1Ѓорге ИвановСолунПере ТошевМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаПенис (човек)Национален парк ПелистерБекир ХалимиГустав ШвабСаво КлимовскиУнгаријаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаМакедонски ВласиЛозје (книга)ЛатвијаОпштина Старо НагоричанеМарија АнтоанетаБраќа МиладиновциСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаПолитичка партијаМојот звукОВККристина АгилераЛиберална партија на МакедонијаАмди БајрамТелефонНикола КаревМамутчевоПанонска НизинаКубаКавадарциЕдинствена МакедонијаМултипла склерозаИнфективна мононуклеозаИлијадаКриптовалутаЗаушкиРак на грло на маткаКомунизамАнемијаОхридски рамковен договорМакедонски парламентарни избори (1990)Општина ПласницаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиМарко ЦепенковБајкаМакедонски претседателски избори (2014)АлшарИнтернетАрбен ЏафериДојранско ЕзероСоединети Американски ДржавиРак на дојкаЈужна ЕвропаБубрежна инфекцијаМакедонски АлбанциСкопски аквадуктКонстантин МиладиновСтара скопска чаршијаТоме АрсовскиХристо УзуновIP-адресаБранко Црвенковски🡆 More