Анатомија

Анатомијата или телознание — биолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.

Анатомија
Час по анатомија на д-р Николас Тулп - слика на Рембрант на која е прикажан час по анатомија во Амстердам во 1632 година.

Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија - наука за мускулите, остеологија - наука за коските, артрологија - наука за зглобовите, спланхнологија - наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.

Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија.

  • Целта на проучување на макроскопската анатомија се деловите од организмот што се гледаат со голо око (на пример, органи итн.)
  • Целта на проушување на микроскопската анатомија е структурата на организмот којашто не може на да се види под голо око, а со електронски или светлосен микроскоп (на пример, градба на ткивата, мироскопска градба на органите итн.)
  • Целта на ембриологијата е да ја проучи нормалната градба на организмот од зачнувањето до раѓањето - partus)

Анатомијата се дели и на:

  • Системска анатомија - ги проучува структурите на организмот организирани во системи
  • Топографска анатомија - ја проучува положбата на структурите во организмот во однос на другите структури
  • Клиничка анатомија - ја изучува специфичната градба на организмот за потребите на клиниката, најмногу на хирургијата

Методот којшто го користи анатомијата за истражување и изучување на градбата на организмот е дисекцијата. Тоа е многу стар метод, којшто го воведува таткото на медицината-Хипократ. Името означува режење, расечување, сечење. Преку дисекцијата се сечат и вадат органи од организмот, којшто претходно се подготвува по специјални методи и се фиксира, така што на тој начин најдобро се учи и се увидува положбата на органите (крвните садови, нервите итн.) во организмот.

Tags:

БиологијаНаукаОрганизам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гордана Силјановска-ДавковаРепублика КосовоДенес над МакедонијаДимитар КовачевскиМакедонски денарЉубчо ГеоргиевскиСтево ПендаровскиАлександар III МакедонскиПрва влада на Зоран ЗаевБраиловоБожествена комедијаОпштина Старо НагоричанеМакедонски парламентарни избори (2011)Општина КрушевоЖичени инструментиРадовишОтоманска МакедонијаОпштина СопиштеНационален парк ПелистерСојуз на комунистите на МакедонијаОхридски топчест сунѓерПрва балканска војнаГраѓанска опција за МакедонијаМалтаПитагорова теоремаРимГерманијаБигорски манастирДемографија на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2016Растенија26 априлНародна Република КинаВесна БендевскаСвета ПеткаОпштини во МакедонијаСредоземно МореПајак (пејач)Биполарно растројствоПартија за демократски просперитетХороскопски знациРистиќева палатаПретседател на МакедонијаКрпен животПере ТошевФК Реал СосиедадТуберкулозаСашо МијалковДраган Павловиќ ЛатасХристијан МицкоскиБисера Костадиновска-СтојчевскаОкситоцинМакедонски парламентарни избори, 1994ЖелкиСобрание на МакедонијаЈустинијан IПоткастФиброаденомОпштина ДолнениМакедонија (регион)Венко ФилипчеКокошкаЖолчкаПавле АрсоскиНепроштеноЛибанХронична опструктивна белодробна болестСистемски лупус еритематозусРевматоиден артритисАДХДЛарингитисМесечинаСојузници во Првата светска војнаДаме ГруевНикола Тодоров🡆 More