Анатомијата на човекот, која заедно со физиологијата и биохемијата, е основна медицинска наука чија првична цел е изучувањето на морфологијата на човечкото тело на возрасен човек.
Анатомијата е поделена на голема анатомија и микроскопска анатомија. Големата анатомија (позната и како топографска анатомија) е делот од анатомијата која ги проучува деловите од човечкото тело кои можат да се видат самостојно без никакви препарати, со еден збор, поглемите или покрупните делови. Микроскопската анатомија пак е делот од анатомијата кој ги проучува помалите делови од телото кои најчесто можат да се видат со помош на микроскоп, овдека спаѓаат и хистологијата (науката која се занимава со тоа како се организирани ткивата) и цитологијата (наука која ги проучува клетките). Анатомијата, физиологијата (наука која ги изучува животните манифестации на материјата) и биохемијата (наука која ги проучува хемиските процеси и хемиските претворби) се комплементарно - основни медицински науки кои најчесто се изучуваат заедно.
Многу често анатомијата на човечкото тело е поврзувана со науки како ембриологијата, компаративната анатомија и филогенетиката, преку заеднички корени во еволуцијата. На пример, поголемиот дел од човечкото тело е поткрепено на античкиот сегментен шаблон кој се појавува кај сите ‘рбетници.
Човечкото тело е составено од биолошки системи, кој пак се составени од органи, кој пак се составени од ткива, кој се составени од клетки и сврзни тиква.
Историјата на анатомијата, е карактеризирана веќе подолго време, од непрекинатото развивање на сфаќањата за функциите на органите и градбата на телото. Методите исто така драматично се развиваат, напредокот се потврдува со испитувањето на животните преку анализа на добро сочувани мртви тела од луѓе до комплексно развиените техники кој се појавија во дваесеттиот век.
Органски системи кај човекот се:
Делови на телото кај човекот се:
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Анатомија на човекот, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.