Чарлс Бебиџ

Чарлс Бебиџ (роден 26 декември 1791 година во Лондон) е англиски математичар, аналитички филозоф, машински инженер, научник, творец на првите машини кои би можеле да се програмираат и професор по математика на Кембриџ.

Влијанието на неговото размислување игра голема улога во подоцнежниот развој на науката, а некој го нарекува уште и "татко" на компјутерите. Делови од неговите нецелосни машини се наоѓаат во музејот во Лондон. Во 1991 според неговиот дизајн е реконструиран диференцијален мотор. Девет години подоцна, откако е направен реконструиран "дизајн Babbage " откриена е сложеноста на неговите машини за тоа време. Тој имал жена, Georgiana, и многу деца, од кои само три ја доживеале староста. За да се идентификуваат главните грешки во пресметувањето на математички табели, Babbage сакаше да најде метод со кој би можел да се пресметува механички отстранување на можноста за човечка грешка. Три различни фактори имаат влијание врз него: 1. Не сакал неуредност 2. Искуство во работата со логоритамски таблици 3. Занимање за работата со машините за сметање заедно со Вилхемом Шикард (Wilhelm Schickard), Блез Паскал (Blaise Pascal) и Готфрид Лајбниц(Gottfried Leibniz). Својата прва расправа за принципите на сметачките машини ја напишал во писмо пратено 1822 година на господинот Хамфрију Дејвију (Humphry Davy). Бебиџовите машини всушност биле првите компјутери, навистина механички, но сепак знаеле да сметаат. Секако неговите машини не биле завршени поради лични и финансиски проблеми. Бебиџ увидел дека машините можат да работат подобро и поверодостојно од човекот. Иако неговите машини биле огромни, нивната структура била многу слична на денешните компјутери.

Чарлс Бебиџ
Чарлс Бебиџ во 1860 година

Образование

Чарлс Бебиџ 
On the economy of machinery and manufactures, 1835

Татковото богатство му овозможило пристап до неколку училишта како и помош од неколку приватни професори во текот на неговото основно образование. Во осмата година родителите го праќаат во селско училиште во Алпингтон, близу Ексетер за да се опорави од смртоносната грозница. Неговите родители наредиле неговиот мозок да не се оптоварува а Бебиџ осетил дека тоа прекрасно уживање може да доведе до незрели заклучоци. Потоа многу кратко изучувал во училиштето “King Edward VI” во Тотену, јужен Девон но лошето здравје го натерало некое време да има приватни професори. Потоа запишал академија во “30-student Holmwood academy” во улицата Бејкер во Енфилд. Оваа академија имала добро опремена библиотека која на Бебиџ му овозможува љубов кон математиката. Кога ја напуштил академијата и понатаму продолжиле да му помагаат двајца приватни професори еден од Кембриџ и еден од Оксфорд. Во октомври 1810 година е примен на Кембриџ, Тринити Колеџ (Trinity College). Интензивно го читал Лајбниц, Лагранж, Симпсон, Лакроу а бил многу разочаран во математичките упатствија кои биле достапни на Кембриџ. Како одговор на тоа во 1812 година заедно со Џон Хершел (John Hershel), Џорџ Пикок (George Peacock) и уште неколку његови пријатели го формираат Аналитичкото друштво(Anality Society). Во 1812 преоѓа во Питерхаус (Peterhouse), Кембриџ. Таму бил најдобар математичар но не успеал да дипломира со пофалница. Наместо тоа 1814 добива почесна диплома (диплома со пофалница за најдобри студенти) без претходно направена матурска работа.

Диференцијална машина

Во тоа време податоците од бројчените таблици ги сметале луѓе "сметачи". Бебиџ ги увидел грешките при сметањето на луѓето и сето тоа го натерало да пронајде начин табелите да ги израчуна механички, отфрлајќи ги човечките грешки. Во 1812 увидел дека големите сметања, особено оние за пресметување на математички таблици се реализираат со помош на низа од веќе познати акции. Затоа дошол на идеја овој процес да се автоматизира па така во 1822 година ја развива својата механичка машина наречена диференцијална машина. Бебиџовата машина била направена автоматски да израчуна повеќе математички операции. Благодарејќи на диференцијалната метода можело да се избегне множење и делење. Првата диференцијална машина имала 25000 делови, била висока 8 стапки и тешка 15 тони. Имал подоста спонзори но не успеал да ја заврши. Подоцна измислил подобрена верзија на истата наречена диференцијална машина 2. Таа не била завршена во текот на неговиот живот, но била реконструирана во текот на 1989-1991 година. Нејзиното прво сметање било прикажано во Лондонскиот научен музеј а било прецизно до 31 децимала, многу подобро отколку просечен џебен калкулатор.

Tags:

Блез ПаскалГотфрид ЛајбницЛондон

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Воен конфликт во Македонија, 2001НастинкаОхридско ЕзероЉубомир ФрчкоскиВлада на Димитар КовачевскиБорис ПисториусСоцијалистичка партија на МакедонијаЦистична фиброзаОпштина ГостиварРевматоиден артритисВелко НеделковскиМенструален циклусБубрежен каменЈордан МијалковПрва светска војнаПавле ТрајановХепатитСписок на македонски народни поговоркиГеографија на МакедонијаВанчо ШехтанскиСписок на планини во МакедонијаАнална фисураМакпетролХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаЕвропска УнијаСписок на држави по населениеСкопјеАлександар III МакедонскиВиножитоStaphylococcus aureusТетовоЧернобилХристијан МицкоскиТалат ЏафериВејцеОбласти во КазахстанСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРак на грлоЕстивацијаНародна Република МакедонијаЕдинствена МакедонијаКрвна групаОпштина КумановоЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Вила ВодноНова социјалдемократска партијаНародна Република КинаРамиз МеркоКирил ПејчиновиќПрва влада на Бранко ЦрвенковскиГеографија на ГрцијаГрузијаКожлеВелигденАлергиски дерматозиПроливЉубе БошкоскиМанастир ОстрогТуберкулозаЛазарова саботаДаунов синдромЗоран ЗаевГариСписок на држави во светотДаниела ТемелковскаХристо ТатарчевРак на желудникОпштина Шуто ОризариИнфективна мононуклеозаИталијаМаркетингСлепо цревоКрушевоКоле НеделковскиСписок на Влади на МакедонијаИмер Селмани🡆 More