Црн Штрк: вид птица

Ardea nigra Linnaeus, 1758

Црн штрк
Црн Штрк: Општи одлики, Распространетост, Размножување
Во националниот парк „Кругер“, ЈАР
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Семејство: Штркови
Род: Штрк
Вид: Црн штрк
Научен назив
Ciconia nigra
(Linnaeus, 1758)
Црн Штрк: Општи одлики, Распространетост, Размножување
Распространетост на црниот штрк      размножувалиште     целогодишен прстој     презимувалиште
Синоними

Црн штрк (науч. Ciconia nigra) — голема преселна блатна птица од семејството на штрковите. Присутен е и во Македонија, во периодот на парење.

Општи одлики

  • Должина на тело: 95-100 см
  • Распон на крилја: 185-205 см
  • Тежина: околу 3 кг

Возрасните се големи блатни птици со црни горни делови (глава, врат, гради, грб и крилја) на кои има златнопурпурни и зеленикави одблесоци. Останатиот дел од пердувите е чисто бел. Клунот и нозете се црвени. Кога лета, делот под крилјата е црн со бел триаголник во основата на крилото. Вратот е истегнат при полетувањето. Нешто е помал од белиот штрк.

Кај малите пилиња, горните делови се кафеаво-црникави. Клунот и нозете се најпрво жолти (кога се во гнездо), но потоа стануваат бежово-розови, кога ќе се научат да летаат (по околу 3 месеци). На една година, црниот штрк личи на возрасна птица, но пердувите му се побезбојни.

Распространетост

За разлика од белиот штрк, кој живее во провинцијата и степите, црниот штрк се среќава во шумите. Живеат во тивки вековни шуми, при што го градат гнездото на некое големо дрво. Ловните територии на црниот штрк се состојат од потоци, рекички, блата, како и ливади со ниска вегетација. Паровите се изолирани еден од друг на неколку километри, при што најголемата густина е во источна Европа (8 пара/100 км2).

Се размножуваат во пролет во потоплите земји на Европа и најмногу во средишните и источни европски региони, како и во Русија и Кина. Одлетуваат во септември и зимуваат во тропска Африка, во Индија и јужна Кина. Се враќаат на крајот на март и почетокот на април. Меѓутоа, пиринејското население на црниот штрк не е преселно.

Размножување

Црн Штрк: Општи одлики, Распространетост, Размножување 
Јајце на црн штрк.

Црните штркови се моногамни птици, кои изгледа остануваат верни една на друга. Секогаш еден од родителите стои во гнездото или околу него, барем додека пилињата не наполнат 2 недели. Парот го брани гнездото и територијата блиску до него. Ловните територии се протегаат на полупречник 5-10 км од гнездото. Периодот на размножување започнува во мај.

Гнездото е големо, при што може да достигне пречник од 1,5 м и ширина од 1 м. Возрасните го градат на големо и здраво големо дрво (даб или бука), при што гнездото се наоѓа на 12-25 м од земјата. Друго место за гнездо е некоја карпа. Тоа се гради од страна на двата родителa, а понекогаш тие користат напуштено гнездо на некоја граблива птица. Ако местото е тивко и мирно, парот може да користи едно исто гнездо со години.

Женката може да снесе од 2 до 6 јајца, но обично тие се 3-5. Таа ги снесува во интервал од 2 дена. Одгледува по едно пиле на година. Излежувањето на јајцата продолжува 35-38 денови и со него се занимаваат и двата родители, при што јајцата се излежуваат во хронолошки ред на нивното снесување.

Младенчињата остануваат во гнездото 63-71 ден. По овој период родителите продолжуваат да се грижат за нив околу 1-2 недели, кога пилињата сè уште крај гнездото. Достигнуваат полова зрелост на 3-годишна возраст.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Црн Штрк Општи одликиЦрн Штрк РаспространетостЦрн Штрк РазмножувањеЦрн Штрк НаводиЦрн Штрк Надворешни врскиЦрн Штрк

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПсоријазаСписок на македонски народни поговоркиМакедонциБременостИмер СелманиГоце ДелчевЏо БајденКрушевска РепубликаРадождаМултипла склерозаПрва светска војнаКирилицаАвантурите на ПинокиоМеѓународен ден на трудотФаунаВооружена престрелка во Куманово (2015)ЛогистикаЈугославијаНикола ТодоровКрушевоПолскаПрилепОбласти во КазахстанСписок на држави во светотПредмет (граматика)Изборна единица 8Битка во АрачиновоЗвездана АнгеловскаНалеј, налејПанкреасДемократска партија (Македонија)ОВККирил ПејчиновиќПланетаЗурла (македонска)Седум смртни гревовиАнтоан де Сент ЕгзипериОпштина СтрумицаГорјан ПетревскиНационален парк Шар ПланинаЕритематозни дерматозиДропкаСтевче СтевановскиСвети НиколеНеготиноПреспанско ЕзероЧир на желудникотГрб на МакедонијаСтефан ЛазаровРибиМакедонски парламентарни избори (2014)Локални избори во Македонија (2021)Правоаголен триаголникМакедонски парламентарни избори (2002)Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаГрад СкопјеВтора влада на Никола ГруевскиЗатемнување на СонцетоПечалбариПрирокПиперОпштина МогилаФлораВелигденски јајцаЃурѓовденЃорѓија СајкоскиМавровоРечник на стари македонски зборовиЈагодаЦар СамоилЈосип Броз-ТитоЧорбаџи ТеодосМарија АнтоанетаМакедонски РомиЗоран ЗаевДедо Иљо МалешевскиЕмил Димитриев🡆 More