Црвеноклуна Галица

Црвеноклуната галица (науч. Pyrrhocorax pyrrhocorax) е врапчевидна птица од семејството на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax).

Црвеноклуна галица
Црвеноклуна Галица
Подвид P. p. barbarus на Канарски Острови
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Врани
Род: Галици
Вид: Црвеноклуна галица
Научен назив
Pyrrhocorax pyrrhocorax
(Linnaeus, 1758)
Црвеноклуна Галица
Приближната распространетост е претставена со зелено

Нејзините осум подвида се размножуваат низ планините и крајбрежните грбени од западниот брег на Ирска и Велика Британија, на исток низ јужна Европа и северна Африка до централна Азија, Индија и Кина. Оваа птица порано била распространета и низ Македонија, но сега кај нас повеќе не се размножува.

Таа има сјајни црни пердуви и долг надолу свиен црвен клун, црвени нозе и гласен, ѕвонлив повик. Лета со лебдење и раширени примарни пердуви на крилјата. Се спарува за цел живот и живее на истата територија.

Таксономија и систематика

Црвеноклуната галица за првпат беше опишана од Linnaeus во неговата Систем на природата, 1758 како Upupa pyrrhocorax. Преместена е во сегашниот род галици (Pyrrhocorax), од Мармадјук Тунстал (Marmaduke Tunstall), 1771 во неговата Орнитологија Британика. Името на родот потекнува од грчкото πύρρος (purrhos) - „со боја на оган“ и κόραξ (korax)- „гавран“. Единствен втор член на родот е жолтоклуната галица (Pyrrhocorax graculus).

Има осум подвида, иако разликите меѓу нив се многу мали:

  • P. p. pyrrhocorax, номинираниот подвид, и најмал, ендемски е на Бринаските Острови;
  • P. p. erythropthalmus, ( Vieillot,1817 како Coracia erythrorhamphos), распространет низ континентална Европа, вклучувајќи ја и Грција. Поголем е и позеленкав од номинираниот;
  • P. p. barbarus, ( Varie, 1954), постојан жител на северна Африка и дел од Канарските Острови; во споредба со P. p. erythropthalmus, е поголем, има подолги крилја и опашка и перјето има позеленкав сјај;
  • P. p. baileyi, (Austin L. Rand & Vaurie, 1955), со побледо перје; ендемски во Етиопија и зафаќа две сосема одвоени области, можно е да станува збор и за два различни подвида;
  • P. p. docilis, (Gmelin, како Corvus docilis, 1774),; распространет е од Грција до Авганистан, поголем е од африканскиот подвид, со помал клун, а перјето е многу зеленкаво со малку сјај;
Црвеноклуна Галица 
Младенче P. p. himalayanus во Индија
  • P. p. himalayanus, (Gould, 1862 како Fregilus himalayanus); од Хималаите до западна Кина, се соединува со P. p. docilis на западниот дел од опсегот; најголем подвид, со долга опашка и со син или виолетовосин сјај на пердувите;
  • P. p. centralis, (Stresemann, 1928); Средна Азија. Помал и не толку синкав како P. p. himalayanus, и разликата со следниот подвид е дискутабилна;
  • P. p. brachypus, (Swinhoe, 1871 како Fregilus graculus var. brachypus); централна и северна Кина, Монголија и јужен Сибир. Сличен е со P. p. centralis но со послаб клун.

Опис

Црвеноклуна Галица 
P. p. pyrrhocorax; номинираниот подвид, во лет, Англија
Црвеноклуна Галица 
Споредба на црвеноклуна (лево) и жолтоклуна галица (десно). Крилјата на црвеноклуната се со пораширени и подлабоки „прсти“ од примарните пердуви, а при стоење крилјата се подолги од опашката.
Црвеноклуна Галица 
Јајце

Црвеноклуната галица е долга 39-40 см, има распон на крилјата 73-90 см и тежи околу 310 грама. Перјето ѝ е кадифеноцрно со зеленкав сјај и има долг црвен, надолу свиен клун и црвени нозе. Половите се исти, но младенчињата имаат портокалов клун и розови нозе, до првата есен и понесјајни пердуви.

Повикот ѝ е силен, ѕвонлив чии-оу.

Поведение

Црвената галица е постојан жител, не е преселница, а нејзиното живеалиште се високите планини меѓу 2.000 и 2.500 метри надморска височина во северна Африка, 2.400-3.000 на Хималаите, а се лете се среќава на височина од 6.000 па дури и до 7.950 метри, на Монт Еверест.

Исхрана

Црвената галица, главно се храни со инсекти, пајаци и други безрбетници од земјата, а најмногу со мравките кои веројатно се најзначаен дел од исхраната. Во Средна Азија стојат на диви или домашни цицачи и се хранат со нивните паразити. Иако безрбетниците го сочинуваат најголемиот дел од исхраната, сепак, тие јадат и растителна храна, како жито, јачмен и сл. Најчесто се хранат на испасена трева (или искосена).

Размножување

Црвеноклуната галица половата зрелост ја достигнува на тригодишна возраст и вообичаено има по едно легло годишно. Откако ќе се спарат, остануваат заедно цел живот. Гломазното гнездо го градат во пукнатини на карпи, гребени, или копаат длабока дупка во песок (речиси 1 метар), а понекогаш и на зградите во урбаните средини (во Монголија). Однадвор е направено од груби гранки и корења, а внатре го постилаат со волна или влакна. Несат 3-5 јајца, кремави со кафеави и сиви точки и дамки.

Женката ги инкубира 17–18 дена, а за тоа време мажјакот ја храни. Пилињата ги хранат обата родитела додека да се оперјат за 31-41 ден. Просечниот животен век на овие птици е 7 години, но регистрирана е старост од 17.

Статус

Црвеноклуната галица има широка распростанетост на околу 10 милиони км² и популација од 86,000 до 210,000 поединци во Европа и глобално таа не е во опаѓање. Затоа спред Црвениот список на МСЗП е вид со најмала загриженост од исчезнување.

Но, Европската популација опаднала и се фрагментирала поради загубата на традиционалното земјоделство, прогон или уништување на местата за гнездење. На некои места популацијата сега е стабилизирана, а само во Шпанија има широка распространетост. Всушност, во Европа, се смета за ранлив вид.

Во културата

Во старогрчката митологија, оваа птица, позната како „морска врана“ се сметала за света на титанот Крон кој живеел на Калипсовиот Блажен Остров.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Црвеноклуна Галица Таксономија и систематикаЦрвеноклуна Галица ОписЦрвеноклуна Галица ПоведениеЦрвеноклуна Галица СтатусЦрвеноклуна Галица Во културатаЦрвеноклуна Галица НаводиЦрвеноклуна Галица Надворешни врскиЦрвеноклуна ГалицаАзијаАфрикаБиномна номенклатураВелика БританијаВраниВрапчевидниЕвропаИндијаИрскаКинаМакедонијаПодвид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љупчо ГеоргиевскиТалат ЏафериАтрибут во македонскиот јазикЈугославијаВакцина против тетанусАрбен ТаравариМонокотиледониОпштина СарајitqmaСоединети Американски ДржавиЕнзимОдбивање (физика)Список на градоначалници на Општина СтрумицаХазби ЛикаИсламЛасерПрва влада на Бранко ЦрвенковскиПопис на населението во Македонија (2021)ТетовоМакедонски претседателски избори, 2014ТапанМакедонски претседателски избори, 2019Струјно колоМакедонски парламентарни избори (1994)Список на Влади на МакедонијаПневмонијаМакедонски претседателски избори (2014)ГлаголЦрн дробТрапезМендух ТачиХристо УзуновTrackBackУд (македонски)Борислав КрмовВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаКонстантин МиладиновЕден на еденАбортусЗНАМДебрцаБиполарно растројствоТурцијаСојузни држави на САДГоце ДелчевРастенијаМакедонски претседателски избори, 1994Рамнокрак триаголникТеодосиј СинаитскиИзраелТигарКубаАлијанса за АлбанцитеГоран МинчевМиланоМртво МореХристијанствоЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарИзборна единица 9Роднински односиНаполеон БонапартОвулацијаБРИКСДневникот на Ана ФранкЦрнила (драма)Илинка МитреваВесна БендевскаПирамида (геометрија)Општина Центар ЖупаОхридско ЕзероМакедонски народни инструментиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикВласиВладо МисајловскиЕкологијаКанцониеротСадула Дураку🡆 More