Цели За Одржлив Развој

Цели за одржлив развој (скратено ЦОР) — група од 17 цели во врска со меѓународниот развој во иднина.

Целите биле утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги замениле Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување завршил на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.

Цели За Одржлив Развој
Дијаграм на којшто се прикажани Целите за одржлив развој

Преглед

Список на цели

На 25 септември 2015 година, 193 држави, вклучувајќи ја и Македонија, се согласиле за следните 17 цели:

Цел Официјален текст
Цел 1: Нема сиромаштија да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде
Цел 2: Нема глад да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство
Цел 3: Добро здравје да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од секоја возраст
Цел 4: Квалитетно образование да се обезбеди инклузивно и еднакво квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите
Цел 5: Родова еднаквост да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата
Цел 6: Чиста вода и санитарни услови да се обезбеди пристап до и одржливо управување со вода и санитарни услови за сите
Цел 7: Обновлива и достапна енергија да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите
Цел 8: Добри работни места и економија промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите
Цел 9: Иновативност и добра инфраструктура изградба на прилагодлива инфраструктура, промовирање на одржлива индустријализација и поттикнување на иновации
Цел 10: Намалена нееднаквост намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите
Цел 11: Одржливи градови и заедници остварување на инклузивни градови и населби, безбедни, прилагодливи и одржливи
Цел 12: Одговорно користење на ресурсите да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство
Цел 13: Преземање мерки за климата да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание
Цел 14: Одржливи океани да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој
Цел 15: Одржливо искористување на земјата заштита, обновување и промовирање на одржливото користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинувањето и спречување на и повлекување на земјишната деградација и спречување на намалувањето на биолошката разновидност
Цел 16: Мир и правда промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа
Цел 17: Партнерство за одржлив развој зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој

Потцели и показатели

Целите се сочинети од 169 показатели и напредокот кон нивно постигнување се мери со помош на 247 показатели. Секоја цел има од 8-12 потцели, а секоја потцел има од 1-4 показатели. Потцелите се однесуваат или на „исход“ (состојба којашто треба да се постигне) или на „средство за спроведување“. Последните цели биле воведени подоцна во преговарачкиот процес со цел да се опфатат грижите на некои земји членки за тоа како ЦОР ќе бидат остварени. ЦОР 17 целосно се однесува на исполнувањето на целите.

Потцелите со исходи користат броеви, додека оние со средства за спроведување мали букви. На пример, ЦОР 6 има вкупно 8 потцели — првите шест се однесуваат на исход и се обележани од 6.1 до 6.6, додека последните две се однесуваат на средсто за спроведување и се обележани како 6.а и 6.б.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Цели За Одржлив Развој ПрегледЦели За Одржлив Развој ПоврзаноЦели За Одржлив Развој НаводиЦели За Одржлив Развој Надворешни врскиЦели За Одржлив Развој20152030Милениумски развојни целиОбединетите нации

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АлопецијаМомче во пижами со риги (филм)МРП вакцинаМултипла склерозаПочваБактерииСвети Наум (манастир)Македонски парламентарни избори (2008)Општина РанковцеКафеава мечкаНационален парк ПелистерЛавНафтен танкерГоран МинчевВитамин Б6Славко ЈаневскиСтароегипетска митологијаАутизамМедузаМоскваПанонска НизинаСкриеносеменициУстав на МакедонијаСтефан ЛазаровЛасерХрватски месециКумановоБујар ОсманиАвангардаОтворени листиВасил ТупурковскиСписок на реки во МакедонијаТрансверзала (геометрија)Илинка МитреваЦер (село)Десет Божји заповедиАнтарктикАмди БајрамВелики четвртокСузана СпасовскаГРОМАли АхметиЗемји членки на Европската УнијаТрапезПржински договорВлада на Љубчо ГеоргиевскиПовикувачки броеви во МакедонијаВооружена престрелка во Куманово (2015)Исус ХристосУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ГликемијаСрпска напредна странка во МакедонијаБиполарно растројствоВагинален исцедокМатка (кањон)Ристиќева палатаТодор АлександровСтобиСолунски атентатиПенис (човек)СипанициГлаголНина Атанасова-ШкрињариќПарадоксот на ДиогенКорозијаКалеш АнѓаПрилепРамазанСтевчо ЈакимовскиИстанбулТамбура (македонска)Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Елизабета ЃоргиевскаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеУставен суд на МакедонијаТуберкулозаШпанијаЈужна Америка🡆 More