2017 Упад Во Собранието На Македонија

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија.

И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

Упад во Собранието на Македонија
Дел од политичката криза во Македонија
Датум27 април 2017
МестоСобрание на Република Македонија
Повод
Цели
  • спречување избор на претседател на Собранието
  • барање предвремени парламентарни избори
Начини
  • насилство во Собранието
  • улични протести и немири
Исход
  • избор на Талат Џафери за собраниски претседател
  • претепани неколку пратеници кои завршиле во болница
Страни во судирот
Предводници

Упадот се случил во 19 часот кога маскирани лица биле пропуштени од собраниското обезбедување и упаднале во салата за новинари каде конференција за печат држел новоизбраниот претседател Џафери. Насилниците физички ги нападнале пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобиле Зоран Заев и Зијадин Села, предводници на СДСМ и Алијанса за Албанците, две партии од парламентарното мнозинство. Полицијата реагирала три часа по упадот, а министерот на МВР Агим Нухиу и очевидци на настанот се сомневале дека директорот на БЈБ Митко Чавков намерно ја попречувал полициската интервенција. Пратеникот и водач на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој повикал на улични протести, бил во Виена за време на упадот.

Нападот врз македонското Собрание било кулминацијата на двегодишната политичка криза која завршила со формирање влада предводена од Заев еден месец подоцна. Поради очигледните пропусти на полицијата и нивна вмешаност во упадот, од работа биле суспендирани дваесетина полициски службеници и била покрената дисциплинска постапка против четириесетина други. Лицата кои тепале пратеници и новинари биле обвинети за учество во толпа и поминале со условни пресуди. Немало мерки против пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги отвориле вратите на Собранието и овозможиле насилниците да влезат. Во упадот учествувал и српски разузнавач, а според неделникот Фокус постоело сценарио за прогласување вонредна состојба во државата.

Заднина

Исходот од Парламентарните избори во 2016 година дал приближно еднаков број на пратеници помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. На 9 јануари 2017 година претседателот Ѓорге Иванов му дал мандат за составување на влада на Никола Груевски, водач на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски не успеал во законски предвидениот рок од 20 дена да ја обнови коалицијата со ДУИ и да формира влада, по што мандатот истекол. По ова, водачот на СДСМ Зоран Заев влегол во преговори со ДУИ за формирање ново парламентарно мнозинство. Мнозинство било договорено помеѓу партиите СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците по што Заев со 67 пратенички потписи на 1 март побарал мандат од Иванов за состав на нова влада. Иванов го одбил барањето на Заев со изговор дека прво требало да се избере претседател на Собранието кој би го известил дека постои парламентарно мнозинство. Другата причина на Иванов била декларацијата на дел од албанските политички партии во Македонија со која се бара поширока употреба на албанскиот јазик во земјата.

По најавата на Заев за мирно примопредавање на власта, Груевски во телевизиско интервју го обвинил претседателот на СДСМ дека ја загрозува унитарноста на државата и го повикал партиското членство на протести. Протестите започнале на 27 февруари под името „За заедничка Македонија“ организирани од колумнистот Богдан Илиевски и режисерот Борис Дамовски, кои барале отфрлање на декларацијата на албанските политички партии. Истовремено се основале 22 организации именувани како „патриотски здруженија“ кои најавиле дека со секакви насилни и ненасилни средства ќе ги спречат „обидите за рушење на Република Македонија“. По згради и објекти во неколку градови биле излепени пропагандни листови во форма на потерници на кои пратениците од СДСМ „се бараат за предавство“. Собранието ја продолжило основачката седница во март, откако на првата седница од 30 декември 2016 година не бил избран собраниски претседател поради непостоење на мнозинство од 61 пратеник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со низа јавувања за збор, реплики, контра-реплики и процедурални забелешки го блокирале изборот на Комисијата за избори и именувања, која требало да го предложи новиот собраниски претседател. Собраниските седници течеле паралелно со протестите на „За заедничка Македонија“. На еден таков собир Саво Климовски се заканил дека „гневот на народот се собира, а растојанието до Собрaнието е само 20 метри“.

Упад во Собранието

Упадот во Собранието започнал на 27 април во 19 часот. По завршување на собраниската седница во 18 часот со која претседавал претседателот од претходниот собраниски состав Трајко Вељаноски, пратениците од парламентарното мнозинство останале во пленарната сала да изберат нов собраниски претседател. Ферид Мухиќ како најстар пратеник од присутните претседавал со седницата на која го именувал пратеникот Горан Мисовски за негов заменик. Мисовски продолжил да ја води процедурата, а за нов претседател на Собранието бил изгласан Талат Џафери од ДУИ. За време на давањето свечена заклетва на Џафери, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикувале дека тоа е пуч.

Додека траела конференцијата за печат на новиот собраниски претседател во една од конференциските сали, луѓе од протестот на „За заедничка Македонија“ кои во тој момент протестирале пред Собрание, насилно влегле во парламентот за физички да се пресметаат со пратениците. Полиција во тој момент немало, па демонстрантите лесно го совладале собраниското обезбедување. Маскирани лица со фантомки влегле во салата за печат и ги нападнале присутните пратеници и новинари. Пратеникот од Алијанса за Албанците Зијадин Села паднал во бессознание од ударите, по што насилниците го влечеле по под и го шутирале. Села завршил во болница со скршеници и нагмечување на мозокот, но бил надвор од животна опасност. Со видливи телесни повреди и крв по лицето биле и пратениците на СДСМ, меѓу кои Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски. Тие биле удирани со држачи за камера по глава и врз нив било фрлано со маси и столици од просторијата. Според новинарите кои биле присутни во Собранието, хулиганите правеле ортоми од каблите на камерите со цел да ги задават пратениците. Од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствено Владимир Ѓорчев се истакнал во обид да ги одбрани нападнатите колеги, за што Заев подоцна јавно му заблагодарил.

Пратениците биле евакуирани од Собранието со оклопни возила во доцните вечерни часови, а полицијата со шок бомби ги растерувала демонстрантите од собраниската зграда. Според извештајот на МВР, 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош во болниците во Скопје. Утредента биле приведени осум лица, но набргу биле пуштени бидејќи за нив не бил побаран притвор.

Вмешаност на полицијата

Според Заев и очевидци на настанот, упадот бил смислено сценарио на Груевски и Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност при МВР и член на ВМРО-ДПМНЕ. Заев се сомневал дека, според однесувањето на полицијата, тоа било смислен обид за негово убиство. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од ДУИ најавил оставка поради тоа што не успеал да го спречи упадот и да ги отстрани партиските влијанија во МВР. Нухиу телефонски го барал Чавков да интервенира во Собранието, но Чавков бил недостапен. Чавков доцната реакција на полицијата ја правдал со тоа дека протестите биле мирни и дека не очекувал нивна ескалација и насилство. Тој сметал дека вина има и кај пратениците кои избирале претседател кога надвор имало протести. Чавков утредента бил разрешен од челната позиција на оперативниот штаб на МВР. Груевски ги оценил сомнежите на Заев како неосновани, бидејќи ако сакале да го убијат напаѓачите би извадиле огнено оружје. Тој сметал дека полицијата професионално се однесувала.

Лица кои напаѓале

Дел од лицата кои влегле во зградата на Собранието се поздравувале со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неколкумина демонстранти ѝ бакнале рака на пратеничката Елизабета Канческа Милевска. Според безбедносните камери, вратите на Собранието ги отвориле пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а пратеникот Јохан Тарчуловски и личното обезбедување на Вељаноски ги упатиле насилниците во салата каде се наоѓале пратениците од СДСМ. Три дена по упадот во Собрание, Манчевски на прес конференција во седиштето на СДСМ со име и фотографија ги посочил напаѓачите кои ги тепале пратениците. Меѓу нив имало поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела, потоа вработени во полицијата, армијата, и државната администрација, како и луѓе блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Учество на српски агенти

Во упадот во македонското Собрание учествувал и Горан Живаљевиќ, агент на српската разузнавачка агенција ­БИА кој во Скопје престојувал како дипломат и советник во српската амбасада од 2015 година. Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ рекол дека присуството на Живаљевиќ било со цел да види дали имало српски државјани во Собранието. Живаљевиќ подолго време бил следен од УБК која утврдила дека тој бил во редовна комуникација со македонскиот пратеник од српска националност Иван Стоилковиќ и српскиот новинар Мирослав Лазански. Тројката се здружила за ширење пропаганда во српските медиуми со цел да предизвика политичка нестабилност во Македонија. Според британскиот весник Гардијан, оваа тројка работела под инструкции на руските тајни служби и имала задача да спречи влез на Македонија во НАТО. Живаљевиќ во интервју за српските медиуми рекол дека во Собранието бил со дозвола од кабинетот на македонскиот претседател и посочил дека Игор Југ бил тој кој со огнено оружје требало да го ликвидира Заев. Југ бил уапсен на 21 септември во Куманово и бил притворен поради нелегално поседување оружје и разбојништво.

Пропусти на полицијата

МВР во јуни изготвило извештај за полициските пропусти при насилството во македонското Собрание. Според новоименуваниот министер Спасовски, полицијата потфрлила во реакцијата поради партизираноста на челните луѓе во министерството и злоупотребите на службената положба. Од работа биле суспедирани 23 полицајци, а за 45 била покрената дисциплинска постапка. Според извештајот, насилното влегување настанало поради отворање на вратите од пратеници внатре во Собранието, а полициските службеници кои биле задолжени за безбедноста на објектот не презеле никакви дејства да го спречат отворањето. Понатаму се наведува дека раководителот на оперативниот штаб Чавков не издал навремена наредба за повикување на специјалните полициски единици и евакуирање на пратениците.

Сценарио за воена состојба

Политичкиот неделник Фокус една седмица пред „крвавиот четврток“ објавил статија во која според информации добиени од високи структури во македонската армија, пред Велигден била организирана посета на воено-инфраструктурните објекти во шумскиот резерват „Јасен“ од страна на Иванов и Груевски. Според Фокус, планот на Иванов бил да прогласи воена состојба и да спроведе масовно апсење на „пучисти“ по изборот на собраниски претседател и влада предводена од СДСМ и албанските партии, а како повод би го искористил упадот во Собранието. За време на полициската чистка, државниот врв со семејствата би биле засолнети во „Јасен“. Неколку денови пред насилството во Собрание, Иванов за нов директор на „Јасен“ го поставил Оливер Андонов, поранешен министер и кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Верноста на ова сценарио ја потврдил Нухиу, кој се сомневал дека полицијата била повлечена и не реагирала бидејќи полицајците биле известени дека претседателот ќе ја извади војската на улица и ќе прогласи воена состојба. Според него, имало обид за бришење на снимките од безбедносните камери во Собранието по наредба на висок началник од УБК, но снимките останале зачувани на резервен диск.

Реакции за случката

Министерот Нухиу изјавил дека полицијата потфрлила во справување со толпата и дека ќе бара одговорност за доцната реакција. Пратеникот и водач на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, кој за време на упадот во Собранието бил во Виена, ги обвинил СДСМ за инцидентот велејќи дека со тоа сакале да го тргнат вниманието на јавноста од изборот на Џафери за претседател. СДСМ го осудиле насилството и повикале на смиреност, порачувајќи дека насилниците кривично ќе одговараат. Од Беса изјавиле дека насилството во Собранието било координирана акција помеѓу полицијата и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што стои во соопштението, полициските службеници дозволиле хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција. Од Алијанса за Албанците ги повикале Албанците да не наседнуваат на провокации и да останат смирени. Од партијата истакнале дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дошол крајот, но жалат што цената за тоа ја платиле невини луѓе, меѓу кои и Зијадин Села.

Од движењето „За заедничка Македонија“ рекле дека ја одбраниле демократијата и најавиле дека ќе кампуваат пред Собранието до конечна разврска. Претседателот Иванов во неговото обраќање вечерта на 27 април ги повикал претседателите на сите парламентарни партии на средба утредента во неговиот кабинет, но притоа не ги осудил инцидентите. Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети ја одбиле поканата со образложение дека Иванов бил дел од кризата и не може да биде нејзино решение. Горан Ангелов, едно од лицата кои учествувале во линчот на пратениците, преку Фејсбук побарал амнестија за толпата од Иванов бидејќи тие го спречиле „државниот удар и растурањето на Македонија“. Џафери изјавил дека ако не било собраниското обезбедување ќе имало жртви, затоа што целта на демонстрантите била елиминација на неколкумина пратеници.

Меѓународни реакции

  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Европска Унија — високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поздравиле изборот на Џафери за претседател на Собранието и го осудиле нападот врз пратениците. Хан рекол дека инцидентот нема да ја загрози иднината на Македонија во ЕУ бидејќи биле нападнати оние пратеници кои се залагаат за европските вредности.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  САД — од американската амбасадата во Македонија изјавиле дека ќе работат со Џафери во поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на државата. Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји нападот врз пратениците го нарекол кукавички чин и побарал расчистување на инцидентот.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Канада — премиерот на Канада Џастин Трудо на 28 април го честитал изборот на Џафери за претседател на Собранието и остро го осудил насилството.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Обединето Кралство — британското министерство за надворешни работи ја честитало одлуката на мнозинството пратеници во Македонија и апелирало за мирно предавање на власта и професионално постапување на сите институции, вклучително и полицијата.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Германија — германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го честитал изборот на собраниски претседател и рекол дека е неприфатливо поранешната владејачка партија да не ги прифаќа изборните резултати и да ги испраќа своите поддржувачи да вршат упад во Собранието и да напаѓаат пратеници. Според германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, националистички варвари сакале да ги уништат последните остатоци на демократската култура во Македонија.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Франција — француското МНР ги осудило насилствата што се случиле во Собранието и повикало на конструктивен политички дијалог.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Турција — официјална Анкара го осудила насилството и соопштила дека очекува формирање нова влада со почитување на демократските принципи.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Русија — руското министерство за надворешни работи изразило поддршка за Груевски и демонстрантите кои упаднале во Собранието, велејќи дека СДСМ преку грубо кршење на процедурите сакале да изберат претседател на Собранието. Според руското МНР, демонстрантите оправдано им се спротивставиле на „натрапниците“.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Ватиканпапата Франциск повикал на молитва за Македонија поради сериозната политичка ситуација во земјата и по насилните случувања во македонскиот парламент на „крвавиот четврток“. Папата повикот за молитва го упатил на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пред околу 10.000 луѓе.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Србија — српскиот претседател Александар Вучиќ изразил загриженост за ситуацијата во Македонија и повикал на решавање на проблемите на мирен начин.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Бугарија — бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски разговарал со Заев и Груевски, и порачал дека решение е можно само преку почитување на редот и законите.
  • 2017 Упад Во Собранието На Македонија  Албанија — албанскиот претседател Илир Мета му дал поддршка на Џафери за работата во Собранието и порачал кризата да се решава со демократски средства.

Епилог

Јавното обвинителство два дена по упадот побарало од МВР да приведе 15-мина учесници во нападот на Собранието меѓу кои и организаторите Илиевски, Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски и глумецот Владо Јовановски. Притвор од осум дена им бил одреден на четири лица, додека куќен притвор добил началник од УБК кој учествувал во нередите. Мерки на претпазливост им биле одредени на две лица. Јавното обвинителство на 8 мај поднело обвинение против девет лица кои учествувале во упадот во Собранието. Обвинителството ги товари дека го сториле кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ со можност да го преиначи делото доколку најде други докази во текот на постапката. Двајца од напаѓачите на Села биле притворени на 10 мај и биле обвинети за обид за убиство. Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, во Собранието на 27 април биле сторени 28 кривични дела против животот, телото, слободите и правата на пратениците. Запрашан дали им простил на своите политички противници две седмици по настанот, Заев одговорил: „Јас им простив, но законот не смее да им прости“.

Американскиот дипломат Брајан Хојт Ји на 30 април пристигнал на дводневна посета во Скопје каде имал средби со Џафери, Иванов, како и водачите на парламентарните партии. Вељаноски не го признал изборот на Џафери бидејќи според него, гласањето било нелегитимно бидејќи немало телевизиски пренос на Собранискиот канал. По преземањето на функцијата на 3 мај, Џафери првата работна средба ја имал со амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар во кабинетот на собранискиот претседател. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходниот ден со физичка блокада не дозволила Џафери да влезе во кабинетот и најавила тужба до Мухиќ и Мисовски за прекршување на собранискиот деловник за работа. Одлуката за избор на Џафери била објавена во Службен весник на 9 мај, а Џафери истиот ден испратил писмо до Иванов во кое го известил дека во рок од 10 дена треба да го додели мандатот за состав на нова влада на Заев, како предводник на најголемата партија од владината коалиција. Од СДСМ најавиле дека во наредните денови ќе пристапат и кон избор на нова Влада. Новата македонска влада предводена од Заев била избрана на 31 мај што означило крај на двегодишната политичка криза.

На 26 јули 2021 година, неправосилно, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поради организација на упадот во Собранието, на 6 години и шест месеци затвор бил осуден поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на 6 години и три месеци, додека поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски на 6 години затвор..

Постапката за обвинетиот поранешен премиер и бегалец во Унгарија, Никола Груевски, како и за Никола Бошковски од УБК кој е побегнат во Солун е запрена до нивното наоѓање, односно апсење.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

2017 Упад Во Собранието На Македонија Заднина2017 Упад Во Собранието На Македонија Упад во Собранието2017 Упад Во Собранието На Македонија Сценарио за воена состојба2017 Упад Во Собранието На Македонија Реакции за случката2017 Упад Во Собранието На Македонија Епилог2017 Упад Во Собранието На Македонија Поврзано2017 Упад Во Собранието На Македонија Наводи2017 Упад Во Собранието На Македонија Надворешни врски2017 Упад Во Собранието На МакедонијаЕвропската УнијаЗа заедничка МакедонијаПретседател на Собранието на МакедонијаРусијаСАДСобранието на Република МакедонијаТалат Џафери

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Фуражни културиКаролина ГочеваКумановоСписок на планини во МакедонијаБубрегЕндометриозаЕлизабета ЃоргиевскаЦрвена Вода (Скопско)Стевчо ЈакимовскиСтевче СтевановскиАвантурите на Том СоерВаско НаумовскиМочуриштеМеѓународен ден на трудотИзборна единица 2СуперхеројКамен мост (Скопје)ПДПБугаријаВакцина против тетанусПанонски легендиГоце ДелчевБик (хороскопски знак)Весна БендевскаЛиберална партија (Македонија)БразилПроливВтора светска војнаСолунски атентатиИзбори во Република МакедонијаГлаголОВКЛуцеркаМакедонска радио-телевизијаПетар ГошевВоен конфликт во Македонија, 2001Власите во АлбанијаДоматОпштина СтуденичаниДојранско ЕзероПаркинсонова болестЗоран ЗаевМакедонски претседателски избори (1999)ВелигденОпштина Центар ЖупаСкендербегМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Јован СтојаноскиБлерим Река24 априлОпштина ЖелиноПодметСобрание на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)БРИКСРечник на стари македонски зборовиПиреј (роман)Масакр кај ВејцеИзборна единица 9Злосторство и казнаКозјак (езеро)ГРОМАлцхајмерова болестОпштина АеродромСвети НиколеРоднински односиДаниела ТемелковскаЉубчо ГеоргиевскиРусијаЦар СамоилДесет Божји заповедиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаНационален парк ПелистерИталијанска култураНационален парк Шар ПланинаСлуз-цедење во грлотоРак на грлоМиле Зечевиќ🡆 More