Александар Вучиќ

Александар Вучиќ (5 март 1970 во Белград) — српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија.

Вучиќ пред ова бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

Александар Вучиќ
Александар Вучић
Александар Вучиќ
Претседател на Србија
Стапува
31 мај 2017
Претходник Томислав Николиќ
Премиер на Србија
На должноста
27 април 2014 – 31 мај 2017
Претседател Томислав Николиќ
Претходник Ивица Дачиќ
Наследник Ивица Дачиќ
Лични податоци
Роден(а) 5 март 1970(1970-03-05)(54 г.)
Белград, Југославија
(денешна Србија)
Сопружник Ксенија Јанковиќ (1997–2011)
Тамара Ѓукановиќ (2013–)
Деца 2
Установа правен факултет во Белград
Вероисповед православен христијанин
Потпис Александар Вучиќ

Животопис

Александар Вучиќ е роден на 5 март 1970 во Белград, како син на Ангелина и Анѓелко Вучиќ. Тој во 1993 година се зачленил во крајно десничарската Српска радикална партија на Воислав Шешељ, која се залагала за Голема Србија. На парламентарните избори во 1993 Вучиќ бил избран за пратеник во српското Собрание, а две години подоцна, на возраст од 24 години, станал генерален секретар на Српската радикална партија. Во март 1998 бил именуван за министер за информации во владата на премиерот Мирко Марјановиќ. Како министер изрекувал парични казни за новинарите кои го критикувале претседателот Слободан Милошевиќ, а забранил и неколку странски телевизиски канали. За време на неговиот министерски мандат бил обвинет за спроведување медиумска пропаганда против косовските Албанци и поттикнување етничка омраза. НАТО во април 1999 ја бомбардирал телевизијата РТС поради спроведување меѓуетничка хајка и оправдување на воените злосторства за време на Косовската војна.

Томислав Николиќ, заменик претседател на Српската радикална партија, во септември 2008 поднел оставка поради несогласување со Шешељ околу тоа дали Србија треба да стане членка на Европската Унија. Вучиќ како генерален секретар се приклонил кон Николиќ, кој во октомври истата година ја основал Српската радикална партија. Николиќ бил претседател, а Вучиќ негов заменик во партијата. Откако Николиќ победил на претседателските избори во 2012, Вучиќ бил избран за нов партиски водач. Вучиќ бил вицепремиер и министер за одбрана во владата на премиерот Ивица Дачиќ во периодот 2012–2014. Иако Дачиќ формално бил прв човек во владата, многу политички аналитичари сметале дека Вучиќ бил највлијателен човек во владата како претседател на најголемата партија во владината коалиција. На парламентарните избори во 2014 партијата на Вучиќ освоила 158 од 250 места во српското Собрание и формирала владина коалиција со социјалистите на Дачиќ. Вучиќ бил избран за премиер на Србија. На претседателските избори во 2017, Вучиќ победил во првиот круг со освоени 56% од важечките ливчиња, додека втор бил Саша Јанковиќ со освоени 16,63%.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

19705 мартБелградИвица ДачиќМирко МарјановиќРепублика СрбијаТомислав Николиќ

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гуливеровите патувањаСтара скопска чаршијаАлександар Сергеевич ПушкинОпштина Гази БабаВекторМорфологија на македонскиот јазикПарадоксот на ДиогенАхилМоравска мисијаТројанска војнаРак на желудникШенген-зонаОсна симетријаЛионел МесиТетанусВасил ИљоскиРак на грло на маткаМалтаАтинаЗемја (планета)ТаџикистанСтале ПоповЛехово (Леринско)Илинденско востаниеСтарогрчка митологијаЊутнови закониСтрофаБилјана ВанковскаХајди (роман)Филип II МакедонскиБедија БеговскаЧорбаџи ТеодосСписок на македонски филмовиМакедонско востаниеЛокални избори во Македонија (2017)Студена војнаБиблијаРепродуктивен системМјузиклGmailПрирокАбортусДобовјани‘Рбетен столбСтевчо ЈакимовскиЛозје (книга)ИсламЃорѓи АбаџиевКамбоџаИменкаСедум смртни гревовиСрбијаTrackBackОпштина КратовоНадреден знакСамоилово ЦарствоКактусиСреброХрватски месециРастенијаКамилаЦрна смртМирко ПоповСмртна казнаПаркинсонова болестПовикувачки броеви во МакедонијаТенко цревоОпштина Маврово и РостушеБактерииАлкалоид (претпријатие)Авантурите на ПинокиоПиту ГулиЦрвени крвни зрнцаС’ботскоЗбаждиМекотелиГрад Скопје🡆 More