Тревожно Растројство

Тревожните (анксиозните) растројства се група душевни растројства што се одликуваат со значајни и неконтролирани чувства на беспокојство и страв при што социјалното, професионалното и личното функционирање на личноста се значително нарушени.

Беспокојството може да предизвика физички и когнитивни симптоми, како што се немир, раздразливост, лесен замор, тешкотии со концентрирање, зголемен пулс, болка во градите, абдоминална болка и различни други симптоми кои може да варираат во зависност од личноста

Тревожно растројство
Тревожно Растројство
Врисок , слика од норвешкиот уметник Едвард Мунк
СпецијалностПсихијатрија, Клиничка психологија
СимптомиПреголема загриженост, срцебиење, тресење
КомпликацииДепресија, Нарушување на сонот, лош квалитет на живот, Самоубиство
Вообичаена појава15-35 години
Времетраење> 6 месеци
ПричинителиГенетика, надворешни фактори и психолошки фактори
Ризик-факториЗлоупотреба во детството, фамилијарна историја, сиромаштија
Дијагностички методПсихолошко тестирање
ТретманПромени во начинот на живот, психолошко советување, лекови
ЛековиАнтидепресиви, анксилиотици
Честота12% годишно

Во секојдневен говор, зборовите беспокојство и страв често се користат наизменично. Во клиничката употреба, тие имаат различни значења: беспокојството е определено како непријатна емоционална состојба за која причината или не е лесно утврдена или се смета дека е неконтролирана, додека стравот е емоционален и физиолошки одговор на препознаена надворешна закана. Терминот тревожно растројство се однесува на голем број конкретни нарушувања што вклучуваат стравови (фобии) или симптоми на беспокојство.

Постојат неколку видови тревожни нарушувања, вклучувајќи ги генерализирано тревожно растројство, специфична фобија, социјално тревожно растројство, растројство на беспокојство на одвојување, агорафобија, панично растројство и селективен мутизам. Ако на некое лице му е дијагностицирано тревожно растројство, психијатарот или психологот мора прво добро да го процени лицето за да се осигура дека беспокојството не може да се припише на друга медицинска болест или душевно растројство. Можно е поединецот да има повеќе од едно тревожно растројство во текот на својот живот или во исто време. За лицата со беспокојство, постојат бројни лекувања што можат да го подобрат нивното расположение, однесување и способност да функционираат во секојдневниот живот.

Под-типови

Тревожно Растројство 
Израз на лице на личност која страда од хронична анксиозност

Генерализирано тревожно растројство

Генерализирано тревожно растројство (ГТР) е најчесто тревожно нарушување, кое се одликува со долготрајна анксиозност која не е фокусирана на ниту еден предмет или ситуација. Лицата кои страдаат од генерализирано тревожно растројство доживуваат постојан страв и загриженост и стануваат претерано загрижени за секојдневните работи. Генерализираното тревожно растројство „се одликува со хронична прекумерна грижа придружена со три или повеќе од следниве симптоми: немир, замор, проблеми со концентрацијата, раздразливост, мускулна напнатост и нарушување на спиењето“. Генерализираното анксиозно растројство е и најчестото тревожно растројство кое ги погодува постарите возрасни лица. Дијагнозата на ГАР се поставува кога ќе се утврди дека лицето е претерано загрижено за некој настан,личност или проблем шест месеци или повеќе. Оваа загриженост може да се однесува на семејниот живот, работата, социјалниот живот или за сопственото здравје.Симптомите може да бидат напнатост, со зголемено потење од рацете, стапалата и пазувите, а често може личност и да биде тажна и нерасположена, што може да сугерира дека личноста страда и од депресија. Овие две дијагнози депресија и анксиозност многу често се појавуваат заедно и се испреплетуваат, и на тој начин се добива една дијагноза тревожно-депресивно нарушување.Пред да се постави дијагнозата на тревожно растројство, лекарите мора да ја исклучат анксиозноста предизвикана од лекови и други медицински причини.

Кај децата, симптоми на ГАР најчесто се главоболки, немир, абдоминална болка и срцеви палпитации. Обично се појавува на возраст од 8 до 9 години.

Конкретни фобии

Најголема категорија на тревожни нарушувања е онаа на конкретните фобии, која ги вклучува сите случаи во кои стравот и анксиозноста се предизвикани од специфичен предмет или ситуација. Помеѓу 5 % и 12 % од населението ширум светот имаат специфични фобии. Според Националниот институт за ментално здравје, фобија е интензивен страв или аверзија кон одредени предмети или ситуации. Поединците со фобија обично имаат преголем страв од средбата со предметот на нивниот страв, што може да биде што било од животно до локација, до одредена ситуација. Вообичаени фобии се летање, крв, вода, возење по автопат и тунели. Кога луѓето се изложени на нивната фобија, тие може да доживеат треперење, отежнато дишење или забрзано чукање на срцето. Така, луѓето со специфични фобии често се трудат да избегнат да се сретнат со нивната фобија. Луѓето разбираат дека нивниот страв не е пропорционален на реалната потенцијална опасност, но сепак се обземени од него.

Панично растројство

Лилноста која страда од панично растројство, има кратки напади на интензивен ужас и страв, често проследени со треперење, тресење, конфузија, вртоглавица, гадење и/или отежнато дишење. Овие напади на паника, дефинирани како страв или непријатност што нагло се појавуваат и достигнуваат врв за помалку од десет минути, може да траат неколку часа. Нападите можат да бидат поттикнати од стрес, ирационални мисли, општ страв или страв од непознатото. Сепак, понекогаш зошто се појавува овој напад е нејасно и настанува без никакво предупредување. За една личност да спречи повторно да има паничен напад може да избегнува одредени места, луѓе, типови на однесувања или одредени ситуации.

Покрај повторливите неочекувани напади на паника, дијагнозата на панично растројство бара споменатите напади да имаат хронични последици: или грижа за потенцијалните импликации на нападите, постојан страв од идни напади или значителни промени во однесувањето поврзани со нападите. Како такви, оние со панично растројство доживуваат симптоми дури и надвор од специфичните епизоди на паника. Често, овие личности забележуваат нормални промени во отчукувањата на срцето, што ги наведува да мислат дека нешто не е во ред со нивното срце или дека ќе добијат нов напад на паника. Во некои случаи, зголемена свест (хипервнимателност) за функционирањето на телото се јавува за време на напади на паника, каде што секоја согледана физиолошка промена се толкува како можна опасна по живот болест (т.е. екстремна хипохондријаза).

Агорафобија

Агорафобијата е специфична вознемиреност дека личноста се наоѓа на одредено место или се случува ситуација каде што бегството е тешко или срамно или каде што помошта може да биде недостапна. Агорафобијата е силно поврзана со паничното растројство и често е предизвикана од стравот од напад на паника. Вообичаена манифестација вклучува потреба постојано да се гледа на врата или друг начин за бегство. Покрај самите стравови, терминот агорафобија често се користи за одредено избегнување кое поединците често го развиваат. На пример, по напад на паника додека вози автомобил, личноста со агорафобија може да развие анксиозност од самиот чин на возење и затоа во иднина да избегнува да вози и да влегува во автомобил. Во тежок случај на агорафобија, личноста може да се плаши да го напушти својот дом.

Социјално тревожно растројство

Социјалното атревожно растројство (СТР исто така познато како социјална фобија) претставува интензивен страв од јавен срам или понижување при социјална интеракција. Овој страв може да биде специфичен за одредени социјални ситуации (како што е јавно говорење) или, потипично, се доживува во повеќето (или сите) социјални интеракции. Приближно 7% од возрасните Американци имаат социјално анксиозно растројство, а повеќе од 75% од луѓето ги доживуваат своите први симптоми во детството или раните тинејџерски години. Социјалната анксиозност често манифестира специфични физички симптоми, вклучувајќи црвенило, потење, забрзан пулс и тешкотии во говорот. Како и со сите фобични нарушувања, оние со социјална анксиозност често ќе се обидат да го избегнат изворот на нивната анксиозност; во случај на социјална анксиозност ова е особено проблематично, а во тешки случаи може да доведе до целосна социјална изолација.

Посттрауматско стресно нарушување

Посттрауматско стресно растројство (ПТСР) во минатото се сметаше за анксиозно растројство (сега е преместено во нарушувања поврзани со траума и стрес во DSM-V) што произлегува од трауматско искуство. Со ПТСР се соочуваат приближно 3,5% од возрасните во САД секоја година, а се проценува дека на еден од единаесет луѓе ќе му биде дијагностициран ПТСР во текот на нивниот живот. Посттрауматскиот стрес може да произлезе од екстремна ситуација, како што е војна, природна катастрофа, силување, заложништво, злоупотреба на деца, малтретирање или дури и сериозна несреќа. Тоа може да произлезе и од долготрајна (хронична) изложеност на силен стрес- на пример, војници кои биле во војна и биле изложени на постојани убиства и стресни ситуации. Вообичаени симптоми се хипервнимателност, анксиозност, лутина и депресија. Покрај тоа, најчесто е проследено и со нарушувања на спиењето. Луѓето кои имаат ПТСР често се одвојуваат од своите пријатели и семејството и имаат потешкотии да ги одржуваат и зачуваат овие блиски односи. Постојат голем број третмани кои ја формираат основата на планот за лекување за лицата кои страдаат од ПТСР. Таквите третмани вклучуваат когнитивна бихејвиорална терапија (КБТ), терапија со продолжена изложеност, терапија за инокулација на стрес, лекови и психотерапија и поддршка од семејството и пријателите.

Истражувањата за посттрауматско стресно нарушување (ПТСР) започнале со ветерани од војната во Виетнам, како и жртви од природни и неприродни катастрофи. Студиите откриле дека степенот на изложеност на катастрофа е најдобар предиктор за ПТСР.

Тревожно растројство на одвојување

Пореметување на беспокојство на одвојување (SepAD) е чувство на прекумерно и несоодветно ниво на анксиозност поради одвојувањето од личност или место. Анксиозноста од разделување е нормален дел од развојот кај бебињата или децата, и само кога ова чувство е преголемо или несоодветно може да се смета за нарушување. Нарушувањето на анксиозноста на одвојување погодува приближно 7% од возрасните и 4% од децата, но случаите кај децата имаат тенденција да бидат потешки; во некои случаи, дури и краткото разделување може да предизвика паника.

Опсесивно компулсивно нарушување

Опсесивно-компулсивно растројство (OCD) не е класифицирано како анксиозно растројство од DSM-5, но е според ICD-10 . Претходно било класифицирано како анксиозно растројство во DSM-IV. Тоа е состојба кога личноста има опсесии (вознемирувачки, упорни и наметливи мисли или слики) и компулсии (нагон за постојано извршување на одредени дејствија или ритуали), кои не се предизвикани од дрога или физичко нарушување и кои предизвикуваат вознемиреност или социјална дисфункција . Компулсивните ритуали се лични правила кои ги следи личноста за да се ослободи од чувството на непријатност. OКР влијае на околу 1-⁠2% од возрасните (нешто повеќе жени отколку мажи) и под 3% од децата и адолесцентите.

Лицето кое страда од OКР знае дека ритуалите кои ги прави се неразумни и се бори постојано против своите мисли и своето однесување.

Не е јасно зошто се појавува OКР, но може да бидат вклучени бихејвиорални, когнитивни, генетски и невробиолошки фактори. Фактори на ризик вклучуваат семејна историја, немањето партнер (иако тоа може да биде резултат на нарушувањето) и припаѓањето на повисока социоекономска класа или вршењето на неплатена работа. Од оние кои страдаат од OКР, околу 20% ќе го надминат, а симптомите барем ќе се намалат со текот на времето кај повеќето (дополнителни 50%).

Селективен мутизам

Селективниот мутизам (СМ) е нарушување во кое личноста која вообичаено е способна за говор не зборува во конкретни ситуации или со одредени луѓе. Селективниот мутизам обично коегзистира со срамежливоста или социјалната анксиозност . Луѓето со селективен мутизам молчат дури и кога последиците од нивното молчење се срам, социјален острацизам или дури и казна. Селективниот мутизам влијае на околу 0,8% од луѓето во одреден период од нивниот живот.

Дијагноза

Дијагнозата на анксиозните нарушувања се поставува според симптомите, тригерите и личната и семејната историја на една личност. Не постојат објективни биомаркери или лабораториски тестови кои можат да дијагностицираат анксиозност. Важно е медицинскиот професионалец да процени дали едно лице има други медицински и ментални причини за анксиозност бидејќи третманот значително ќе се разликува.

Симптомите може да се разликуваат помеѓу секој поттип на генерализирано анксиозно растројство. Општо земено, симптомите мора да бидат присутни најмалку шест месеци, да траат повеќе денови и значително да ја нарушуваат способноста на лицето да функционира во секојдневниот живот. Симптомите може да вклучуваат: чувство на нервоза, вознемиреност; претерана загриженост; тешкотии со концентрација; немир; раздразливост.

Диференцијална дијагноза

За да се дијагнозира тревожно растројство мора прво да се исклучат медицински причини предизвикани од друга болест. Болести кои може да се манифестираат слично на анксиозно растројство, вклучувајќи одредени ендокрини заболувања ( хипо- и хипертироидизам, хиперпролактинемија ), метаболички нарушувања ( дијабетес ), дефицитни состојби (ниски нивоа на витамин Д, Б2, Б12, фолна киселина ), гастроинтестинални заболувања ( целијачна болест, нецелијачна чувствителност на глутен, воспалителна болест на цревата ), срцеви заболувања, болести на крвта ( анемија ), и мозочни дегенеративни заболувања ( Паркинсонова болест, деменција, мултиплекс склероза, Хантингтонова болест ).

Некои лекови, исто така, може да ја предизвикат или да ја влошат анксиозноста, без разлика дали се во интоксикација, повлекување или во хронична употреба. Тие вклучуваат алкохол, тутун, канабис, седативи (вклучувајќи бензодиазепини на рецепт), опиоиди (вклучувајќи лекови против болки на рецепт и недозволени дроги како хероин), стимуланси (како што се кофеин, кокаин и амфетамини), халуциногени и инхаланти .

Спречување

Во последните години постојано се зголемува фокусот за спречување од тревожни нарушувања. Употребата на когнитивна бихејвиорална терапија значително помага при ова нарушување . Сепак сите истражувања досега не нашле ефективни мерки за спречување на ГАР кај возрасните. Истражувања од 2017 година покажале дека психолошките и едукативните интервенции имаат мала придобивка за спречување на анксиозноста.

Воспримање и дискриминација

Стигма

Луѓето со анксиозно растројство може да бидат осудувани поради предрасудите и стереотипите што општеството ги има создадено како резултат на заблуда околу анксиозноста и анксиозните нарушувања. Најчести заблуди се:: (1) повеќето луѓе веруваат дека анксиозноста не е вистинска медицинска болест; и (2) повеќето луѓе веруваат дека луѓето со анксиозност би можеле да престанат да бидат анксиозни ако тоа го сакаат. За луѓето кои ги искусуваат физичките и менталните симптоми на анксиозно растројство, стигмата и негативната социјална перцепција може да ги спречат да побараат помош и третман.

Постојат два распространети типа на стигми кои ги опкружуваат анксиозните нарушувања: Јавна и Самостигма. Јавната стигма во овој контекст е реакцијата што ја има општата популација за луѓето со анксиозно растројство. Самостигмата се опишува како предрасуда што луѓето со ментална болест ја свртуваат против самите себе.

Лекување

Третманот за анксиозност вклучува промени во животниот стил, психолошка терапија и лекови. Нема јасен доказ за тоа која терапијата или кој лек се најефективни; Одлуката за кој лек да биде препишан останува само на лекарот земајќи ги предвид специфичните околности и симптоми на пациентот. Ако додека е на третман со избраниот лек, анксиозноста на лицето не се подобри, може да се замени со друг лек. Специфичните третмани исто така ќе се разликуваат според поттипот на анксиозно растројство и другите медицински состојби на лицето.

Начин на живот и исхрана

Промените во животниот стил вклучуваат вежбање, за кое има докази дека значително помага,поставување на одреден режим на спиење( пр. легнување и станување во исто време), намалување на внесувањето на кофеин и прекинување на пушењето на цигари. Прекинувањето со пушење има придобивки во анксиозноста еднаква или поголема од оние на лековите. Омега-3 полинезаситените масни киселини, како што е рибиното масло, може да ја намалат анксиозноста, особено кај оние со поголеми симптоми.

Психотерапија

Когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) е ефикасна за анксиозни нарушувања и е најчест третман.  Истражувањата покажуваат дека КБТ е подеднакво ефикасна кога се спроведува преку Интернет, преку онлајн платформите и со сесии во живо, лице в лице.

Лекови

Најчести лекови кои се користат за генерализирано анксиозно растројство се антидепресивите како ССРИ или SНРИ. Не постојат докази кои ќе кажат кој специфичен лек од класата ССРИ или СНРИ е најдобар за лекување на анксиозност, така што цената често е причина за изборот на лекот. Доколку се ефективни, се препорачува да се продолжи најмалку една година. Наглото прекинувањето на овие лекови резултира со преголем ризик од враќање на анскиозноста.

Буспирон и прегабалин се користат за оние пациенти кои не реагираат на ССРИ или СНРИ; Исто така, постојат докази дека бензодиазепините, вклучувајќи ги диазепам и клоназепам, се ефикасни.

Канабис

Истражувањата до сега не покажале дека канабисот може да биде ефикасен во лекувањето на тревожните нарушувања.

Епидемиологија

На глобално ниво, во 2010 година, приближно 273 милиони (4,5% од населението) имале анксиозно растројство. Почеста е кај жените (5,2%) отколку кај мажите (2,8%).

Во Европа, Африка и Азија, стапките на анксиозни нарушувања во текот на животот се меѓу 9 и 16%, а годишните стапки се меѓу 4 и 7%. Во Соединетите Американски Држави, доживотната преваленца на анксиозни нарушувања е околу 29% и помеѓу 11 и 18% од возрасните ја имаат оваа состојба во одредена година. Оваа разлика е поради начинот на кои различни култури ги толкуваат симптомите на анксиозност и она што тие го сметаат за нормативно однесување. Општо земено, анксиозните нарушувања претставуваат најзастапена психијатриска состојба во Соединетите Држави, покрај нарушувањето на употребата на супстанции .

Како и возрасните, и децата можат да доживеат анксиозни нарушувања; помеѓу 10 и 20 проценти од сите деца ќе развијат целосно анксиозно растројство пред 18-годишна возраст, што ја прави анксиозноста најчести проблем со менталното здравје кај младите луѓе. Анксиозните растројства кај децата често е потешко да се откријат отколку кај возрасните, поради тоа што родителите не можат да ги разликуваат од нормалните детски стравови. Слично на тоа, анксиозноста кај децата понекогаш погрешно се дијагностицира како нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание или, поради тенденцијата на децата физички да ги толкуваат своите емоции (како стомачни, главоболки итн.), анксиозните нарушувања често може да се помешаат со физички заболувања.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П


Поддршка за лица кои страдаат од анксиозност

Предлошка:Mental and behavioral disorders

Tags:

Тревожно Растројство Под-типовиТревожно Растројство ДијагнозаТревожно Растројство СпречувањеТревожно Растројство Воспримање и дискриминацијаТревожно Растројство ЛекувањеТревожно Растројство ЕпидемиологијаТревожно Растројство НаводиТревожно Растројство Надворешни врскиТревожно РастројствоБеспокојствоДушевно растројствоСтрав

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

HTMLРајко ЖинзифовМакедонски претседателски избори (2024)Петар ГошевОпштина Ѓорче ПетровСписок со македонски музичариПредмет (граматика)Владо БучковскиТодор СкаловскиСтојан АндовПневмонијаОдржлив развојПолип на маткатаРак на панкреасотБакарПанко БрашнаровХронична опструктивна белодробна болестХоландијаОпштина ГостиварКсенофобијаПроливГипсГрегоријански календарИталијаМакедонски парламентарни избори (1990)Штитна жлездаРевизор (комедија)Македонски парламентарни избори, 1994ТурцијаЧир на желудникотПитагорова теоремаЃорче ПетровПанкреасБрадикардијаОпштина СтуденичаниЖелезнецЛатвијаФлуконазолЖелкиКожлеИнфективна мононуклеозаСојуз на Ромите од МакедонијаРесенМакедонциДржавни празници во БугаријаПрекршување (физика)ПросветителствоМетафораОбединето КралствоМовФосилГоран СтефановскиФилипиниОпштина ЧашкаОхридска пастрмкаМакедонски претседателски избори, 1999Изборна единица 4РадишаниЛешокБета-таласемијаФК Реал СосиедадДебарФилип II МакедонскиЛиберално-демократска партијаБубрежна инфекцијаПартија за движење на Турците во МакедонијаВелики четвртокМетодија Андонов-ЧентоКомунизамСебороичен дерматитХипертензијаОпштина ЖелиноВелигденски јајцаИсторија на македонскиот народМакедонски народни приказни (ТВ-серија)К-15Никола ТодоровЕвропска УнијаИзборна единица 5🡆 More