Хипотироидизам

Хипотироидизам, познато и како недоволно активна штитна жлезда или ниско активна штитна жлезда, е честонарушување на ендокриниот систем кога штитната жлезда не произведува доволно тироидни хормони.

Може да предизвика бројни симптоми, како мала отпорност на настинка, чувство на замор, тврда столица, депресија, и склоност кон зголемување на телесната тежина. Повремено можно е да има оток на предниот дел од вратот како последица на гушавост. Нелекуван хипотироидизам за време на бременоста може да доведе до задоцнет раст и интелектуален развој кај бебето, што се нарекува кретенизам.

Хипотироидизам
СинонимиХипотиреоза
Molecular structure of the thyroxine molecule
Молекулска структура на тироксинот, чиј дефицит ги предизвикува симптомите на хипотироидизам
СпецијалностЕндокринологија
СимптомиМала отпорност на настинка, чувство на замор, тврда столица, депресија, склоност кон зголемување на телесната тежина
КомпликацииЗа време на бременоста може да резултира со кретенизам кај бебето
Вообичаена појава> 60 години
ПричинителиЈоден дефицит, Хашимотов тироидитис
Дијагностички методКрвна анализа (тирео-стимулирачки хормон, тироксин)
Диференцијална дијагнозаДепресија, деменција, срцева слабост, синдром на хроничен замор
ПревенцијаЈодирање на солта
ТретманЛевотироксин
Честота0.3–0.4% (САД)

Насекаде во светот, недостатокот на јод во исхраната е најчестата причина за хипотироидизам. Во земји со доволно јод во исхраната, најчеста причина за хипотироидизам е автоимуна болест Хашимотов тироидитис. Помалку чести причини вклучуваат: претходен третман со радиоактивен јод, повреда во хипоталамусот или во предната питуитарна жлезда, одредени медикаменти, отсуство на функционална штитна жлезда при раѓање, или претходна тироидектомија. Дијагнозата за хипотироидизам, ако на тоа се сомнева, мооже да биде потврдена со крвно/и испитување/а кои го мерат нивото на тирео-стимулирачкиот хормон (TSH) и тироксин во крвта.

Превенција на ниво на популација се прави со универзално јодирање на солта. Хипотироидизмот може да се лекува со левотироксин. Дозата се подесува според симптомите и нормализацијата на нивоата на тироксин и TSH . Терапија за штитната жлезда е безбедно да се зема во бременоста. Додека одредено количество на јод во исхраната е важно, прекумерно количество може да доведе до влошување на одредени видови хипотироидизам. ref name=NIH2016/>

Насекаде во светот за околу една милијарда луѓе се претпоставува дека имаат недостаток на јод во организмот; меѓутоа, не е познато колку често ова резултира со хипотироидизам. . Во Соединетите Американски Држави, хипотироидизмот се појавува кај 0.3–0.4% од популацијата. Хипотироидизам без клинички симтоми, поблага форма на хипотироидизам карактеризирана со нормални нивоа на тироксин и покачени на TSH, се смета дека се појавува кај 4.3–8.5% од луѓето во САД. Хипотироидизам почесто се јавува кај жени тколку кај мажи. Луѓе над 60 години се почесто засегнати. Кучињата исто така развиваат хипотироидизам, а во ретки случаи и мачки и коњи може да го имаат ова нарушување. Зборот "хипотироидизам" е од Грчко hypo што значи "намалено", thyreos што значи "штит", и eidos што значи "форма."

Знаци и симптоми

Луѓето со хипотироидизам често немаат или имаат само благи симптомии. Бројни симтоми и знаци се поврзани со хипотироидизам, и може да бидат поврзани со скриена причина, или да бидат директен ефект од недостаток на тироидни хормони. Хашимотовиот тироидитис може да биде претставен со масивен ефект на гушавост (зголемена штитна жлезда).

Хипотироидизам 
Symptoms and signs of hypothyroidism
Симптоми Знаци
Умор Сува, груба кожа
Осетливост на студ
Слаба меморија и концентрација Микседем (мукополисахаридни депоа во кожата)
Тврда столица, диспепсија Опаѓање на косата
Зголемување на телесната маса со мал апетит Бавен пулс
Краток здив Отекување на екстремитетите
Рапав глас Одложена релаксација на тетивни рефлекси
Кај жени , обилно менструално крвавење (и подоцна необилна менструација) Carpal tunnel синдром
Абнормална осетливост Плеурален излив, асцит, перикардијален излив
Слаб слух

Задоцнета релаксација по тестирање на Ахиловиот рефлекс е карактеристичен знак за хипотироидизами е поврзан со тежината на хормоналниот дефицит.

Mикседематозна кома

Маж со микседематоза или тежок облик на хипотироидизам со безизразно лице, подуеност околу очите и бледа кожа
Други симптоми вклучуваат оток на рацете и нозете и асцит.

Mикседематозна кома е ретка, но опасна по живот форма на екстремен хипотироидизамis. Може да се јави кај оние кои страдаат од хипотироидизам кога развиваат друга болест, но може да биде и прв приказ на хипотироидизам. Болеста се одликува со многу ниска телесна температура без треска, конфузија, мал пулс и намален напор при дишење. Може да има физички знаци кои сугерираат на хипотироидизам, како што се промени на кожата или зголемување на јазикот.

Бременост

Дури и благ и хипотироидизам без клинички симптоми е поврзан со нарушена плодност anи зголемен ризик заспонтан абортус. Хипотироидизам во рана бременост, дури и со намалени или без симптоми, може да го зголеми ризикот за пре-еклампсија, подмладок со намалена интелигенција и ризик за смрт на доенчето околу периодот на раѓање. Жените се засегнати со хипотироидизам во 0.3–0.5% од бременостите. Хипотироидизам без клинички симптоми за време на бременоста исто така се поврзува со гестациски дијабетес и раѓање на бебе пред 37 седмици од бременост.

Деца

Новороденчиња со хипотироидизам може да имаат нормална маса и висина при раѓање (иако главата може да биде поголема од очекувано и постериорната фонтанела може да биде отворена). Некои бебиња може да се поспани, да имаат намален мускулен тонус, рапаво плачење, тешкотии во исхранувањето, тврда столица, зголемен јазик, умбиликална хернија, сува кожа, намалена телесна температура и жолтица. Гушавоста е ретка, иако може да се развие подоцна кај деца кои имаат штитна жлезда која не произведува функционален тироиден хормон. Гушавост исто така може да се јави и кај деца кои растат во региони со недостаток на јод. Нормалниот раст и развој може да биде одложен, и отсуството на лекување може да доведе до интелектуални оштетувања (IQ 6–15 бода во некои случаи). Останати проблеми го вклучуваат следното: зголемени или намалени моторни вештини и атаксија, намален мускулен тонус, Страбизам, намален распон на внимание и decr задоцнето прозборување. Појавување на забите може да биде задоцнето.

Патофизиологија

Хипотироидизам 
Дијаграм на хипоталамо–питуитаро–тироидната оска. Хипоталамусот секретира TRH (зелено), што ја стимулира продукцијата на TSH (црвено) од питуитарната жлезда. Ова, за возврат ја стимулира продукцијата на тироксин од штитната жлезда (сино). Со зголемување на нивото на тироксин се намалува продукцијата на TRH и TSH по принцип на негативна повратна спрега.

Тироидните хормони се неопходни за нормално функционирање на голем број ткива во организмот. Кај здрави индивидуи, штитната жлезда доминанто секретира тироксин (T4), кој потоа се претвора во тријодотиронин (T3) во другите органи под дејство на селен-зависниот ензим јодотиронин дејодиназа. Тријодотиронинот се врзува за својот рецептор во јадрото на клетките, каде што ја стимулира транскрипцијата и синтезата на специфични белковини. Дополнително, хормонот се врзува за интегрин αvβ3 на клеточната мембрана, со што го стимулира натриум–водород антипортерот и процесите на ангиогенеза и клеточен раст. Во крвта, речиси целото количество на тироиден хормон (99.97%) е врзан за плазма-белковини, како што е тироксин-врзувачкиот глобулин; само слободната фракција на хормонот е биолошки активна.

Штитната жлезда е единствениот извор на тироиден хормон во организмот; во процесот на неговата синтеза потребен е јод и аминокиселината тирозин. Штитната жлезда го презема јодот од крвотокот и го инкорпорира во молекулите на тироглобулин. Процесот е контролиран од тирео-стимулирачкиот хормон (TSH, тиротропин), кој се секретира од страна на питуитарната жлезда. Недостигот на јод, или намалената секреција на TSH, може да резултираат со намалена продукција на тироидни хормони.

Хипоталамо–питуитаро–тироидната оска игра важна улога во одржувањето на нормалните нивоа на тироидни хормони. Продукцијата на TSH од страна на предниот лобус на питуитарната жлезда е стимулирана од страна на тиротропин-ослободувачкиот хормон (TRH), кој се секретира од хипоталамусот. Продукцијата на TSH и TRH се инхибира од страна на тироксинот по принцип на негативна повратна спрега. Намалена секреција на TRH, која се јавува ретко, може да доведе до намалена секреција на TSH и со тоа да се намали продукцијата на тироидни хормони.

Бременоста доведува до значителни промени во физиологијата на штитната жлезда. Жлездата се зголемува за 10%, продукцијата на тироксин се зголемува за 50%, а потребите за јод исто така се зголемуваат. Многу жени кои имаат нормална тироидна функција, но имаат имунолошка потврда за тироиден автоимунитет (присуство на автоантитела) или имаат јоден дефицит, развиваат симптоми на хипотироидизам пред или по породувањето.

Дијагноза

Лабораториско тестирање на нивото на TSH во крвта се смета за најдобар првичен тест за хипотироидизам. Втор тест за нивото на TSH Laboratory testing of thyroid stimulating hormone levels in the blood is considered the best initial test for hypothyroidism; a second TSH често се прави по неколку нседмици за потврдување. Нивоата може да бидат абнормални во контект на други нарушувања, а кај хоспитализирани луѓе тестирањето за TSH не е пожелно освен ако не се сомнева на штитна дисфункција. Зголемено ниво на TSH укажува дека штитната жлезда не произведува доволно тироиден хормон, а потоа се истражуваат нивоат на слободен Т4. Measuring T3 is discouraged in the assessment for hypothyroidism.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


Tags:

Хипотироидизам Знаци и симптомиХипотироидизам ПатофизиологијаХипотироидизам ДијагнозаХипотироидизам НаводиХипотироидизам ЛитератураХипотироидизам Надворешни врскиХипотироидизам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХоландијаВасил ИљоскиАвантурите на Хаклбери ФинРеферендум во Македонија (2018)Република МакедонијаОхридЛокални избори во Македонија (1996)ОНАДоматЈужна АмерикаКумановоПанкреасМакедонски претседателски избори (1999)За наша МакедонијаФатаморганаЖолчкаМакедонски парламентарни избори (1986)Национален парк ПелистерСвети НиколеРак на грлоЈулијански календарМарија КириПодметВлада на Никола КљусевИзет МеџитиАутизамИзборна единица 2ХолокаустЈани МакрадулиМала РечицаМинистер за здравство на МакедонијаСписок на реки во МакедонијаСедум смртни гревовиЛазар МојсовТетанусРистиќева палатаМочуриштеЉубчо ГеоргиевскиРадовишИсус ХристосЉубомир ГајдовСтевчо ЈакимовскиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикШизофренијаБраќа МиладиновциДен на независноста на МакедонијаВилма ТрајковскаАрбен ТаравариХепатитРадмила ШекеринскаАндреј ПетровСирма ВојводаШпанијаСоцијалдемократска унијаВикипедија на македонски јазикСеверномакедонско наречјеАфионСписок на змии во МакедонијаВила ВодноВенко ФилипчеПирамида (геометрија)Национален парк МавровоПченкаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаАвстралијаЉубиша ГеоргиевскиСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Видови аглиРужди ЉатаМакедонски парламентарни избори, 1998Голем ГрадЃорче ПетровСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ХарфаОпштина ЛипковоСам дома🡆 More