Психијатрија

Психијатрија — гранка на медицината која се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот поединечен живот и неговите односи со околината.

Изразот „психијатрија“ претставува кованица од старогрчките зборови psyche, што значи душа и iatros, што значи лекар. Психијатријата претставува медицинска дисциплина која се занимава со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето. Докторот на медицина, специјалист по психијатрија се нарекува психијатар.

Главни клинички манифестации (симптоми и синдроми) на менталните растројства

Дескриптивната или феноменолошка психијатрија ги опфаќа психопатолошките одлики на менталните растројства групирани во вид на симптоми или синдроми. Присуството на некој психопатолошки симптом не значи секогаш и душевно растројство. Одредени симптоми (па и халуцинациите) можат да се сретнат и кај здрави личности во одредени физиолошки состојби (замор, поспаност, фантазии, страв).

Постојат повеќе поделби на најчестите симптоми во психијатриската практика. Од практични причини најчесто се класифицираат во две спротивставени групи:

  • позитивни симптоми (или „плус“ како уште се нарекуваат), многу подобро реагираат на фармакотерапијата од негативните и тие опфаќаат: психомоторна возбуда, агитираност, халуцинации и делузивни (налудничави) идеи.
  • негативни симптоми - овие симптоми се порезистентни (отпорни)на класичната невролептична терапија и меѓу нив доминираат: афективна тапост (атимија), безволност (ахормија), аутизам и други.

Критика

Во романот „Надја“, францускиот писател Андре Бретон пишува дека чувствува презир кон психијатријата и кон нејзините помпезни церемонии. Според него, во душевните болници, наместо да се лекуваат болните, „токму таму се создаваат лудаци“, таму се затвораат луѓето поради „прекршок кон пристојноста и здравиот разум“ и „во тие болниви до крајот на животот остануваат затворени луѓе кои немале што да бараат таму, или немаат повеќе потреба да бидат таму“. Понатаму, тој вели дека „атмосферата во душевните болници е таква, што таа мора да врши најразорно, најопосно влијани еврз оние кои се наоѓаат во нив“, а тоа не само што го оневозможува оздравувањето, туку води кон влошување на здравствената состојба на пациентите.

Психијатријата во уметноста и во популарната култура

  • „Психијатар“ — расказ на македонската писателка Мануела Златкова.

Надворешни врски

Извори

  • Проф. д-р med.sci. Георги Чадловски - Психијатриско-дијагностички тераписки прирачникСкопје: Просветно дело, 1999.

Наводи

Tags:

Психијатрија Главни клинички манифестации (симптоми и синдроми) на менталните растројстваПсихијатрија КритикаПсихијатрија та во уметноста и во популарната култураПсихијатрија Надворешни врскиПсихијатрија ИзвориПсихијатрија НаводиПсихијатријаБолестДушаМедицинаСтарогрчки јазикЧовек

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гоце ДелчевЕп за ГилгамешМенструален циклусТоше ПроескиГоце ТодоровскиСветлана Ражнатовиќ-ЦецаКристијан X ДанскиМакедонски народни носииШтипХајди (роман)Ревизор (комедија)ПластикаЗатемнување на СонцетоО писменехИфтарСписок на држави и територии во ЕвропаАтомСелим IIСофи МарсоГуливеровите патувањаАлегоријаКактусиБруто-домашен производХемиска реакцијаСолиГарванот (поема)Соединети Американски ДржавиПроста реченица во македонскиот јазикТинитусЗуица ЛазоваАнемијаПолскаЗаменкаСлепо цревоДимитар СолевИталијаШпанијаДемографија на МакедонијаВелесСудска властБитолаБели мугриРелигија во МакедонијаВирусОвчи сипанициМекотелиТенко цревоСписок на езера во МакедонијаХидроксидАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикДелењеСтале ПоповВладо ИлиевскиКрсте Петков МисирковРомантизамЕлениМалтаДокументарен филмДоматТрапезЛанец на исхранаМавровоДепресија (расположение)Генералот на мртвата војскаИндустријаСловенска писменостЕден на ЕденУнгаријаАнгелот на Света СофијаЕрусалимМонт ЕверестРокселанаСистем за варењеБелгијаФинскаПелистер🡆 More