Страјане: село во Општина Гостивар

Страјане — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Страјане
Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Воздушен поглед на селото Страјане

Страјане во рамките на Македонија
Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Страјане
Местоположба на Страјане во Македонија
Страјане на карта
Координати 41°43′26″N 21°3′39″E / 41.72389° СГШ; 21.06083° ИГД / 41.72389; 21.06083
Регион Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Полошки
Општина Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Гостивар
Област Горен Полог
Население 54 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1239
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07076
Надм. вис. 1.000-1.120 м
Страјане на општинската карта
Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Страјане во рамките на општината
Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Страјане на Ризницата

Географија и местоположба

Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Воздушен поглед во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Гостивар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.120 метри. Од градот Гостивар е оддалечено 22 километри во југоисточна насока.

Селото се наоѓа на западната падина на планината Добра Вода. Негови соседни села се Трново, Железна Река и Србиново. Во минатото, водата за пиење се добивала од селските чешми, кои се наоѓале во поединечните маала. Во атарот на селото извираат изворитеЧ Линишта, Гури Челикут и Крој Мустаф Оџас.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Чука, Ограде, Линишта, Ѓури Мад (Голем Камен), Аре Мурес, Елбор, Лимоње, Бриња, Кољовере, Ливаде, Равман Кошаре, Скреп и Чопа.

Куќите се изградени на возвишенија и на страните на долините. Во северозападниот и главниот дел на селото се три маала: Веље, Балис и Авмете. Источно од нив, на оддалеченост од околу 500 метри, се наоѓаат маалата Кољовере и Салвеше. Во суштина, селото има разбиен тип.

Историја

Во литературата се наведува дека во Страјане постојат урнатини од некоја стара црква. На основа на тоа Афанасиј Селишчев заклучил дека во селото порано живееле православни словенски жители. Кажување дека во Страјане порано живееле македонски родови било забележано и во соседното село Железна Река од страна на Јован Трифуноски, каде што постарите селани тврделе дека во близината на Страјане до 1940-тите години се познавале и гробови со крстови.

Денес, во селото живеат доселени муслимански Албанци, кои дошле на почетокот на XIX век.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е зафаќа простор од 8,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 614 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 144 хектари.

Врз основа на составот на атарот селото Страјане има мешовита полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948486—    
1953521+7.2%
1961504−3.3%
1971535+6.2%
1981544+1.7%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994339—    
2002307−9.4%
202154−82.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страјане живееле 250 жители, сите Албанци муслимани.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Страјане — село во Железноречка општина во Горнополошкиот срез и има 59 куќи и 350 жители, Албанци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.

Во Страјане живее албанско население, коешто во 1961 година броело 504, а во 1994 година 339 жители.

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Страјане, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 307 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 46 Албанци и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 486 521 504 535 544 0 339 307 54

Родови

Страјане е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото: Кољовере (33 к.), прв доселен род. Родот го основале тројца браќа: Авмет, Браим и Селим. Тие дошле во селото на почетокот на XIX век од селото Каливари во албанската област Миридита (Северна Албанија). Тие го знаат следниов родослов: Рамадан (жив, 65 години во 1947 година)-Џабир-Ислам-Алија-Селим, еден од браќата што се доселиле. Овој род основал две маала: Кољовере и Веље. Три нивни семејства сега живеат во Чегране; Авмете (9 к.), живеат во истоименото маало, кои се доселиле од истоименото село областа Матија, Северна Албанија. Три нивни семејства околу 1940-тите години изградиле куќи југоисточно од Страјане, на местото каде имале кошари; Салвеше (8 к.), живеат во истоименото маало, основач на родот е Сали, предок од четврто колено (Бешир, жив 40 години во 1947 година)-Демир-Фета-Јусуф-Сали. Сали се доселиле околу 1820 година од некое место во Северна Албанија. И за нив се мисли дека дошле од областа Матија; Балис (7 к.), живеат во истоименото маало и се сметаат за понови доселеници. И за нив се мисли дека дошле од Матија. Три нивни семејства околу 1940-тите години изградиле куќи подалеку од Страјане, на место каде имале кошари и Топал (4 к.), живеат во маалото Балис, понови доселеници. Потекнуваат од предок кој бил „топал“, кој се доселил од некое место во северна Албанија.

Иселеништво

Се знае за следниве иселени родови: Усмановци (5 к.), живеат во селото Горна Бањица. Таму го напуштиле албанскиот јазик и денес говорат турски и Ќаил (1 к.), живее во селото Чајле.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Страјане било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било дел од поранешната помала Општина Србиново.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Србиново, во која покрај Страјане се наоѓале Железна Река, Куново, Падалиште, Србиново, Трново и Ќафа. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Србиново во која влегувале селата Србиново, Страјане и Трново.

Избирачко место

Страјане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селската џамија

Во селото постои избирачкото место бр. 0523 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 319 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Џамии

Наводи

    Забелешки

Надворешни врски

Tags:

Страјане Географија и местоположбаСтрајане ИсторијаСтрајане СтопанствоСтрајане НаселениеСтрајане Општествени установиСтрајане Самоуправа и политикаСтрајане Културни и природни знаменитостиСтрајане НаводиСтрајане Надворешни врскиСтрајанеГостиварОпштина ГостиварПолошка Котлина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ПробиштипРимско ЦарствоПолитички системРак на дојкаGmailОпштина КавадарциСолунСрпска кирилична азбукаЧовечки скелетМакедонциПрометејДенес над МакедонијаМали сипанициЕлектрична енергијаВранаВолшебното самарчеОпштини во МакедонијаИсторија на БугаријаИзборна единица 6Локални избори во Македонија (2013)ГетеборгСончев СистемИзраелСјогренов синдромВладимир Илич ЛенинРастенијаНатриум хидроксидМаксим ДимитриевскиМакедонска граматикаГлицеролЧорбаџи ТеодосБалтиморТокиоШтрковиПротестантствоПрво заседание на АСНОМЗемјотресДискус хернијаРајчицаКлеопатраМоралМаркови Кули (Прилеп)Наум НаумовскиТумор на мозокСписок на главни градови во светотСписок на планини во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021)Скопско КалеМакедонски пасошФранцијаКичевоНадреден знакКалендар на Велигденски датумиКвадратЕлектричен отпорАлжирОпштина Шуто ОризариСтево ПендаровскиМавровоПротестантиЛазар КолишевскиБескрајна приказнаВладимир ПутинЕкосистемМакедонски претседателски избори (2024)Репродуктивен системКирил ЛазаровМитологијаЗаменки во македонскиот јазикТромбоцитопенијаГрузијаШеќерна приказнаКралот ЛирСтрептококен фарингитисГалилео ГалилејБубрежен каменСолунски атентатиМарио ЛеминаЧума (појаснување)🡆 More