Специфично за секој вирус е тоа што вирусот мора да има свој домаќин (податотека) во кој е вметнат. По активирањето на домаќинот вирусот се активира и непрекинато се шири. Штетата што ја прават некои од вирусите е сосема безначајна како на пример на екранот се испишуваат пораки и слики, но може и да биде огромна како на пример сметачкиот систем да се успори, да се избрише оперативниот систем и слично.
Постојат различни видови штетни програми:
Вирус (virus) е програм кој се пушта со ставање копии од себе на извршни подадотеки. Вирусите можат да се пренесат преку CD и DVD, или преку мрежа (локална или интернет).
Црв (worm) е независен програм кој се пренесува исклучително преку мрежата. Новите црви се пренесуваат и со препраќање преку е-пошта, и се способни да заразат илјадници сметачи за неколку минути. Исто така ги искористуваат и грешките во оперативните системи со цел да можат да сними штетниот програм.
Тројанскиот (trojan) вирус е злонемарен програм која пред сè не се пренесува преко мрежата, туку се наоѓа во извршна дадотека. Целта на тројанците е да се преправаат дека се корисен програм, а во позадина да бришат подадотеки, да ги испраќаат вашите лозинки на нивниот создавач.
Паразитски се оние кои ги заразуваат извршните програми така што се лепат на крајот или на почетокот на програмата.При извршување на заразената програма вирусот инсталира во меморијата и при извршување на други програми тој ги заразува лепејки се на нив.На тој начин се шири.Некои паразитски вирус ги заразуваат и програмите од дискот или од податотеката.
Шпионските програми (spyware) се штетни програми кои работат во позадина без знаење на корисникот, и целта и е да собира информации од типот: лозинка на банкарски сметки, историја на посетени страници, инсталирани програми, лозинки на друштвени мрежи и друго.
Рекламите програми (adware) се програми што се инсталираат попатно со некој друг програм и целта им е да прикажуваат реклами, и скокачки прозорци, да ја менуваат почетната страница на прелистувачот и др.
Тастатурниот шпион (keylogger) е програм кој работи во позадина без ваше знаење. Целта на овој програм е да ги запишуваат буквите внесени преку тастатурата и да ги праќаат на хакерот. Обично овие програми доаѓаат придружно со тројанци или со црви.
Макро(Macro) е вирус кој менуват содржината на почетниот сектор (boot sector) кај дискот или кај дискетата.Овие вируси сами се копираат во меморијата и остануваат резиденти сè до исклучување на компјутерот и се манифестираат со различни ефекти.Најчесто ги заразуваат другите дискови и дискети.
Кластер е вирус кој врши измени во системот за управување со податотеките на дискот .Овие вируси прават илузија дека секоја апликација на дискот е заразена.
Мултипартни се вируси кои ги имаат својствата на паразитските вируси и вирусите на почетниот сектор.
Шеговити не се вистински вируси,туку програми кои предизвикуваат иратирачко однесување , како на пример треперење на екранот или смешни пораки.
ТЕ САКАМ (ILOVEYOU) исто така познат и опасен компјутерски вирус кој брзо се шири и кој успешно „нападнал“ скоро десетици милиони Windows компјутери. Пратен преку e-mail за првпат во 2000 година, под името LoveLetter (љубовно писмо), овој вирус успеал да зарази милиони компјутери на големи корпорации и фирми, вклучувајќи го и Пентагон во САД.
Бура (Storm) уште еден вирус создаден со цел да го урне опслужувачот на Microsoft, испратен преку e-mail со наслов „230 dead as Storm batters Europe“ (230 загинати при невреме во Европа). Овој „црв“ е дел од Trojan вирусот кој кога еднаш ќе се активира го заразува целиот компјутер за кратко време. Откако „црвот“ е активиран го присилува компјутерот да се приклучи на армија заразени компјутери кои подоцна се користат за испраќање голема количина spam-ови. Овој вирус „проголта“ огромна количина компјутери.
Мелиса (Melissa) Пионер во уметноста на влегување во адресарите и праќање пораки на сите контакти кои се наоѓаат внатре. Името го носи по стриптизерка од Мајами, а направен е од хакер кој живее во Њу Џерси кој откако го испратил по e-mail заедно со Word документ, успеал да ги зарази мрежите на Microsoft, Intel и многу други компании кои го користеле Outlook.
Conficker-Тоа што го прави овој вирус толку „страшен“ е тоа што е комбинација од неколку техники, со цел да издржи што повеќе во заразениот систем и да биде потешко да се отстрани. Направен во 2007 година за првпат, овој вирус нападнал милиони компјутери низ целиот свет.
Sasser-„Ѕвер“ кој во 2004-тата година уништи сè пред себе, а беше создаден од 17 годишен хакер од Германија кој отслужи казна од само 21 месец. За разлика од другите овој вирус не се ширеше преку e-mail ниту пак преку каква било човечка интервенција. Овој вирус користеше RPC Exploit, со цел да ги зарази Windows 2000 и Windows XP, но потоа започна да заразува и универзитети, болници, огромни авионски фирми и воени организации. Урна мрежи од Австралија преку Хонг - Конг па сè до Велика Британија.
MYDOOM- Доста познат и под името W32.MyDoom@mm е најопасниот компјутерски вирус во историјата, а откриен е во 2004 –тата година. Испраќан најчесто во повратна „delivery failure“ порака, го поттикнува примачот да ја отвори со надеж дека ќе дознае зошто пораката не била правилно испратена. Доста едноставно!
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Сметачки вирус, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses. ®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.