Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ (српски: Синиша Михајловић; роден на 20 февруари 1969 во Вуковар, СФР Југославија — починал на 16 декември 2022 во Рим, Италија) — поранешен југословенски и српски фудбалер и фудбалски тренер.

Синиша Михајловиќ
Синиша Михајловиќ
Лични податоци
Роден на 20 февруари 1969
Роден во Вуковар, СФРЈ
Починал на 16 декември 2022(2022-12-16) (воз. 53 г.)
Држава СФРЈ Југославија
Социјалистичка Федеративна Република Југославија СР Југославија (1992-2003)
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001850000001,85 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 15 јули 2006 (37 г.) - како играч
Младинска кариера
Борово Борово
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986-1988 Борово Борово 41 (5)
1988-1990 Војводина Војводина 73 (19)
1990-1992 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 38 (9)
1992-1994 Рома Рома 54 (1)
1994-1998 Сампдорија Сампдорија 110 (12)
1998-2004 Лацио Лацио 126 (20)
2004-2006 Интер Интер 25 (5)
Репрезентација
1991 СФРЈ Југославија 4 (0)
1994-2002 Сојузна Република Југославија СР Југославија 58 (9)
2003 Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора 1 (0)
Раководител на екипите
2006-2008 Интер Интер (асистент)
2008-2009 Болоња Болоња
2009-2010 Катанија Катанија
2010-2011 Фјорентина Фјорентина
2012-2013 Србија Србија
2013-2015 Сампдорија Сампдорија
2015-2016 Милан Милан
2016-2018 Торино Торино
2018 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
2019-2022 Болоња Болоња
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
    податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А, заедно со Андреја Пирло (28).

По завршувањето на играчката кариера, работел како помошен тренер во Интер до 2008 година, а потоа работел како главен тренер и ги водел екипите: Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

Биографија

Михајловиќ е роден во Вуковар, СР Хрватска, во близина на границата со СР Србија. Тој бил одгледан и израснат во Борово Насеље, во семејство од работничка класа на татко од Босна и мајка хрватица. Самиот тој се идентификува како Србин, но исто така изјавил дека и Хрватска ја смета за својата земја. Неговиот татко Богдан (п. 2011) бил возач на камиони, додека неговата мајка Викторија била работник во фабрика за чевли. Тој има помлад брат, по име Дражен (р. 1973).

Во 2005 година стапил во брак со Аријана Рапачони, поранешна ТВ водителка, со која имаат пет деца: Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас. Од претходната врска, во 1993 година, тој имал уште еден син, Марко, кого го запознал на почетокот, но од декември 2004 година не го видел повеќе поради крајот на врската со неговата мајка, која се случила пред неговото раѓање. Во октомври 2021 година, Михајловиќ станал дедо откако неговата ќерка Вирџинија родила женско дете. Татко на детето е фудбалерот Алесандро Вољачо, кој моментално игра за Џенова.

За време на хрватската војна, неговиот дом бил уништен од страна на хрватските сили, меѓу кои бил и неговиот најдобар пријател од детството, етнички Хрват, принудувајќи ги неговите родители да побегнат. Неговиот чичко од мајката, ја повикал неговата мајка и ѝ рекол дека треба да остане во Борово, додека нејзиниот сопруг, таткото на Синиша, треба да биде убиен. Кога српската доброволна гарда го презела Борово, тие го уапсиле вујкото и го нашле бројот на Синиша во неговиот адресар; Синиша бил повикан и запрашан дали се роднини - и тој го спасил. Во 2016 година, во едно интервју Михајловиќ рекол дека му простил на својот пријател од детството на состанокот во Загреб пред клучниот натпревар од квалификациите за Евро 2000 помеѓу СР Југославија и Хрватска.

По долготрајната борба со леукемијата, Михајловиќ починал на 16 декември 2022 година во приватната клиника Paidea во Рим, каде ги поминал последните денови од животот. Веднаш по објавувањето на веста за неговата смрт, под прозорецот на болничката соба на клиниката се собрале повеќе новинари, фотографи и навивачи. Исто така, во клиниката пристигнале и поранешниот претседател на Сампдорија, Масимо Фереро, Роберто Манчини, Винченцо Кантаторе од Болоња, Маурицио Манзини од Лацио и претседателот на Федералната антидопинг комисија Џузепе Капуа. Михајловиќ бил погребан на 19 декември во Рим.

Клупска кариера

Рана кариера

Михајловиќ почнал да игра организиран фудбал во НК Борово, клуб од понизок ранг од неговиот роден град. Тој брзо се обележал како талентирано младо момче, појавувајќи се на југословенскиот интер-републички младински турнир каде што ја претставувал СР Хрватска. Во 1986 година тој бил приклучен во првиот тим на НК Борово. Играјќи во републичката лига на СР Хрватска (третото ниво на југословенскиот фудбал), тој го направил неговото деби за првиот тим на 25 мај 1986 година во Бели Манастир против Шпарта Бели Манастир. Натпреварот завршил 1-1, а токму Михајловиќ бил стрелец за Борово. 17-годишниот играч, исто така, го добил својот прв вкус на професионализам со неговата прва месечна плата од 500 швајцарски франки.

Во текот на периодот на Михајловиќ со Борово, поголемите југословенски клубови го следеле неговиот напредок со силен интерес. Кон крајот на 1986 година претставниците на Црвена Ѕвезда предводени од скаутот Куле Ачимовиќ дошле да го гледаат младиот фудбалер во пријателскиот натпревар на Борово против Рад, но одлучија да не го потпишат. Потоа, на крајот на пролетта 1987 година, Динамо Загреб (предводен од претседателот на клубот, Иво Врховец и тренерот Чиро Блажевиќ, се чинеле заинтересирани откако станале свесни за талентот на младото момче со топовски удар од нивните младински играчи Звонимир Бобан и Роберт Просинечки кои играле со Михајловиќ за СР Хрватска, за младинскиот тим на интер-републичкиот младински турнир. Асистент тренерот на клубот и тренер на младинскиот тим Јосип Куже го препорачал момчето на неговиот шеф Блажевиќ. Откако ја видел практиката на Михајловиќ, Блажевиќ исто така се согласил во врска со потенцијалот на 18-годишниот играч и го однел со остатокот од првиот тим во Сасари за импровизирано одморање помеѓу двата лигашки натпревари кон крајот на сезоната 1986-1987, дури и му дал шанса да направи настап како замена во дресот на Динамо во пријателскиот натпревар против локалниот клуб Торес Сасари.

Сепак, очигледно интересот не бил обновен повторно, бидејќи тренерот на клубот, Чиро Блажевиќ, не изгледал дека има намера да го следи Михајловиќ по површинскиот интерес, чувствувајќи дека Динамо веќе има играчи за централната позиција во средниот ред, кои се исто толку добри, ако не и подобри, како Харис Шкоро, Марко Млинариќ и Стјепан Девериќ. Очигледно, меѓу работите што Блажевиќ му ги кажал на Михајловиќ биле дека треба да ја потстрижи својата долга коса, и да биде подготвен да биде четврта опција за позицијата во средниот ред. Динамо не сакал целосно да се посвети на играчот, нудејќи само договор заснован на стипендии, наместо професионален, а Михајловиќ одлучил да се врати во Борово.

Одлуката да не ја прифати понудата на Динамо скапо го чинела Михајловиќ во кариерата откако тој не бил избран во репрезентацијата на Југославија под 20 години, а селекторот Мирко Јозиќ отворено му кажал дека нема да биде повикан на претстојното Светско првенство за играчи до 20 години во Чиле, освен ако не потпишел со загребскиот клуб.

Мислев дека е важно каков играч сум, а не каква фризура имам. Поради тоа што не ја прифатив понудата на Динамо, Јозиќ не ме повика во Чиле, но му се одмаздив потоа кога со Ѕвезда станав светски првак против неговиот Коло Коло.

— Синиша Михајловиќ.

Војводина

Михајловиќ пристигнал во Нови Сад каде потпишал за Војводина во текот на летото 1988 година како еден од играчите што ги добил клубот за време на истиот трансферен прозорец заедно со: талентираниот 19-годишен дефанзивен играч од средниот ред Славиша Јокановиќ, како и 24-годишните дефанзивци Будимир Вујачиќ и Мирослав Тањга.

Играјќи заедно со искусните ветерани во југословенската лига како напаѓачот Милош Шестиќ и голманот Чедо Марас, сите четири нови аквизиции направиле значителен придонес во тимот, предводен од новодојдениот тренер Љупко Петровиќ Војводина одиграла невероватна сезона и ја освојува титулата во југословенската лига пред клубовите од големата четворка. Младиот Михајловиќ веднаш го зграпчил местото во средниот ред, се појавува во 31 лигашки натпревар, постигнувајќи 4 гола.

Следната сезона 1989-1990 година, Војводина се натпреварувала во Европскиот куп на шампиони само вторпат во историјата на клубот. Иако повеќето клучни играчи од претходната сезона во лигата останале во Војводина, клубот не успеал да ја прескокне првата пречка против унгарскиот шампион Хонвед Будимшешта. Првиот натпревар во Будимпешта го загубиле со 1-0, навидум пристоен резултат, меѓутоа исклучително разочарувачки ако се има предвид фактот дека Хонвед играл со 10 играчи од 15-тата минута. Во реваншот на домашен терен пред полупразен стадион работите станале многу подобри за Војводина кога клубот повел со 2-0 (вклучувајќи го и бизарниот погодок за отворање на резултатот на Михајловиќ, кој по корнерот на Шестиќ со рака ја сместил топката во голот), но сепак подоцна во истиот натпревар Драган Гачеша си постигнал автогол и со тоа ги уништил надежите на Војводина да мине понатаму.

Црвена Ѕвезда

На 10 декември 1990, 21-годишниот Михајловиќ потпишал четиригодишен договор со Црвена Ѕвезда во трансфер вреден 1 милион германски марки кој црвено-белите и ги платиле на Војводина.

Пристигнувајќи во клубот кој бил предводен од неговиот поранешен ментор од Војводина, Љупко Петровиќ, Михајловиќ бил донесен за да создаде силно присуство на левата страна во средниот ред, како и да донесе голови од прекини (слободни удари, пенали, корнери итн.). Приклучувајќи му се на тимот полн со неколку ѕвезди, како што се: Дејан Савичевиќ, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ, Дарко Панчев и Миодраг Белодедиќ. Михајловиќ се вклопил многу добро од самиот почеток и имал 14 настапи во лигата, но неговиот незаборавен момент дошол во полуфиналето на Европскиот куп 1990-1991 во реваншот против Бајерн Минхен: во натпревар во кој бил избран за Играч на натпреварот, Михајловиќ ги постигнал двата гола за црвено-белите - првиот од слободен удар, како и драматичниот победнички гол во судиското продолжение по ударот што бил блокиран од Клаус Аугенталер. Во финалето на Купот на шампионите 1991, Црвена Ѕвезда го поразила Олимпик Марсеј на пенали, по ремито 0-0 по 120 минути, при што Михајловиќ бил еден од изведувачите кои погодиле.

Една година подоцна, Михајловиќ исто така бил во тимот на Црвена Ѕвезда кој го освоил Интерконтиненталниот куп, победувајќи го Коло Коло со 3–0. Втората сезона во клубот ја завршил со 24 настапи и 8 гола во лигата, помагајќи им на црвено-белите да освојат уште една титула во југословенското првенство. Вкупно за Црвена Ѕвезда одиграл 58 натпревари во кои постигнал 15 голови.

Рома

Во летото 1992 година, Јувентус бил заинтересиран за купување на Михајловиќ, но сепак тој одлучил да се пресели во Рома, каде што дошол по иницијатива на својот сонародник тренерот Вујадин Бошков, исто така, ново дојденец на Олимпико, од Сампдорија која ја предводел до финалето на Европскиот куп на шампиони само неколку месеци порано. Надоместокот за трансферот кој Рома и го платила на Црвена Ѕвезда за Михајловиќ, изнесувал 8,5 милијарди италијански лири.

Дебитирал за Рома во натпреварот од Купот на Италија против Таранто на домашен терен, кој завршил со победа на Џалоросите со 4-1, при што Михајловиќ го постигнал првиот гол за својот тим уште во третата минута. И покрај тоа што се натпреварувал со познати и утврдени странски играчи како Алдаир, Томас Хеслер и Клаудио Каниџа за едно од трите дозволени места за странски фудбалери по натпревар, Михајловиќ успеал да се избори за место во првиот тим на Рома играјќи по левата страна во средниот ред, како и да направи пристојна сезона на поединечен план забележувајќи 29 лигашки настапи во Серија А со еден постигнат гол против Бреша. Сепак, клубот имал разочарувачка севкупна сезона, завршувајќи на 10-тото место на табелата во Серија А. Некаде во средината на сезоната од страна на тренерот Бошков, Михајловиќ бил преместен од лево крило на позицијата лев бек, поради долгорочната повреда на Амадео Карбони. За разлика од Серија А, Михајловиќ и Рома имале нешто повеќе среќа во останатите турнири. Во Купот на УЕФА, Рома стигнала до четвртфиналето во кое бил елиминирани од Борусија Дортмунд; Михајловиќ постигнал погодок од слободен удар во првиот натпревар, кој бил воедно и единствениот погодок постигнат на тој натпревар одигран во Рим, додека вториот натпревар во Германија Борусија го добила со резултат 2-0. Сепак најголемиот успех на Рома во првата сезона на Михајловиќ во клубот бил пласманот во финалето на Купот на Италија кое по два натпревари и вкупен резултат 5-5 го загубиле поради правилото за гол во гости; Торино победил во првиот натпревар со 3-0, а во реваншот Рома победила со 5-2 со еден гол на Михајловиќ.

Пред стартот на сезоната 1993-1994, во Рома дошло до промена на тренерската клупа откако Карло Мацоне го заменил Бошков. Во додаток на веќе постојаните четворица странски фудбалери, клубот го донел и аргентинскиот напаѓач Абел Балбо со што била зголемена конкуренцијата за трите странски места. Под водството на Мацоне, Михајловиќ продолжил да игра како лев бек, со што тој бил незадоволен. Сепак, дури и без настапи на европската сцена, клубот повторно не успеал да постигне успех во Серија А, завршувајќи на 7-мото место - останувајќи за втора сезона едноподруго без обезбеден настап во некое европско натпреварување. Втората сезона во Рома, ја завршил со 25 настапи во првенството и 3 во купот без постигнат гол.

Години подоцна, зборувајќи за неговите играчки денови, веќе пензионираниот Михајловиќ го опишал својот престој во Рома како "двете најлоши сезони во неговата кариера".

Сампдорија

Во текот на летниот преоден рок во 1994 година, Михајловиќ му се приклучил на третопласираниот клуб во Серија А од претходната сезона и победник на Купот на Италија - Сампдорија која била водена од тренерот Свен-Горан Ериксон. Покрај Михајловиќ, во истиот трансферен прозорец во Сампдорија дошле и двојката од Интер, Валтер Ѕенга и Рикардо Фери во замена за Џанлука Палјука кој отишол во спротивна насока. Доаѓањето на Мараси за Михајловиќ значело повторно обединување со својот сонародник и поранешен соиграч од Црвена Ѕвезда, Владимир Југовиќ.

Првиот натпревар во дресот на Сампдорија го одиграл во Суперкупот на Италија 1994 против Милан. Во тој натпревар Михајловиќ имал многу забележителна улога; прво постигнал прекрасен гол од слободен удар со кој ја довел Сампдорија во водство од 1-0, а подоцна, кога натпреварот бил завршен без победник со резултат 1-1 и се прстапило кон изведување на пенали, тој го промашил својот во последната серија погодувајќи ја пречката, па така Милан ја освоил својата четврта титула во Суперкупот.

Во четирите сезони поминати во Сампдорија, клубот немал некој значајни резултати во домашните натпреварувања, а во европските во сезоната 1994-1995 стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите, каде што е поразен на пенали од Арсенал. За Сампдорија вкупно одиграл 110 првенствени натпревари и постигнал 12 гола.

Лацио

Во летото 1998, Лацио го купил Михајловиќ за 8,5 милиони фунти, на барање на тренерот Свен Горан Ериксон со кој соработувал и во Сампдорија. Многу брзо по враќањето во италијанскиот главен град, Михајловиќ конечно го освоил својот прв трофеј во италијанскиот фудбал, кога Лацио го победил Јувентус во Суперкупот на Италија кон крајот на август 1998 година.

Амбициозниот Лацио, поддржан од бизнисот за храна на клупскиот претседател Лучано Крањоти, веќе бил опремен да се бори за големи трофеи, завршувајќи ја претходната сезона, како победник во Купот на Италија и финалист во Купот на УЕФА. Сепак, успехот во лигата сè уште се покажал недостижен, откако клубот го освоил само 7-мото место во Серија А што не ги исполнило очекувањата. Зајакнувањето на тимот за сериозна битка за титулата во Серија А, покрај Михајловиќ, во летниот преоден рок на 1998 година, ги вклучувало и 19-годишниот талентиран играч од средниот ред Дејан Станковиќ, кого Крањоти го довел од Црвена Ѕвезда, потоа чилеанецот Марсело Салас од Ривер Плејт, и, конечно, пред крајот на трансферниот рок, како најголемо изненадување за сите, било доаѓањето на суперѕвездата, напаѓачот Кристијан Виери од Атлетико Мадрид. И покрај одличните засилувања и игри Михајловиќ и Лацио не успеале да ја освојата титула во Серија А, ниту во сезоната 1998-1999, завршувајќи како втори со само еден бод помалку од шампионот Милан. Сепак, на крајот на сезоната Михајловиќ успеал да освои уште еден трофеј со клубот (покрај Суперкупот кој го освоиле на почетокот на сезоната), откако Лацио го освоил последното издание на Купот на победниците на куповите победувајќи ја со 2-1 шпанската Мајорка во финалето во кое Михајловиќ ги одиграл сите 90 минути. Својата прва сезона во Лацио ја завршил со 44 настапи и 9 гола.

Синиша Михајловиќ 
Михајловиќ играјќи за Лацио во сезоната 1999-2000.

Следната сезона, Михајловиќ ја започнал со освојување на нов трофеј, играјќи го целиот натпревар во Суперкупот на УЕФА во кој Лацио го победил европскиот шампион од претходната сезона Манчестер Јунајтед со 1-0 на Луј Втори во Монако. Во септември 1999 година, Михајловиќ од слободен удар го постигнал првиот гол за Лацио во Лигата на шампионите во историјата на клубот, во натпреварот против Бајер Леверкузен кој завршил нерешено 1-1. Во сезоната која се смета за најуспешната во историјата на Лацио, Михајловиќ им помогнал на бјанкочелестите да стигнат до првата двојна круна во клупската историја; со 26 настапи и 8 голови тој бил важна фигура во освојувањето на второто клупско скудето исто како и со 4-те гола во 7 настапи при освојувањето на третиот Куп на Италија - први лични за Михајловиќ во неговата кариера.

Иако со многу помалку успех кога е во прашање освојувањето на титулите, освоен бил само уште еден Куп на Италија во сезоната 2003-2004, Михајловиќ го носел дресот на Лацио до летото 2004 година, играјќи вкупно 193 натпревари за клубот на кој постигнал 33 гола.

Интер

Во летото 2004 година, 35-годишниот Михајловиќ бил ослободен од Лацио откако му истекол договорот со клубот и му се придружил на својот пријател и поранешен соиграч Роберто Манчини во Интер со слободен трансфер, потпишувајќи едногодишен договор.

На 16 јуни 2005, Михајловиќ го продолжил договорот за уште една сезона. На 9 април 2006, со погодокот од слободен удар против Асколи, Михајловиќ станал најстариот стрелец на Интер во лигата во историјата на клубот на возраст од 37 години и 47 дена. Со нероаѕуите освоил четири трофеи: првенството во сезоната 2004-2005, два Купа на Италија 2004-2005 и 2005-2006 и Суперкупот на Италија 2005. На 15 јуни 2006, на 37 години ја завршил својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера

Михајловиќ бил дел од златната генерација југословенски играчи кои го освоиле Светското првенство за млади во Чиле, но не бил избран во тимот за турнирот што го предводел селекторот Мирко Јозиќ. Подоцна играл за репрезентацијата на Југославија до 21 година, со која на Европското првенство во 1990 година го освоил второто место.

За сениорската репрезентација на СФР Југославија дебитирал на 16 мај 1991, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 1992 против Фарски Острови во Белград. После распадот на СФРЈ од 1994 година, продолжил да игра за репрезентацијата на СР Југославија.

Михајловиќ бил член на репрезентацијата на СР Југославија која настапила на Светското првенство 1998 во Франција, на кое ги одиграл сите 4 натпревари постигнувајќи еден гол единствениот во минималната победа над Иран со 1-0, како и на Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија, каде одиграл 3 натпревари.

Последниот свој натпревар во репрезентативниот дрес, тогаш веќе за новоформираната репрезентација на Србија и Црна Гора, го одиграл на 7 јуни 2003 во поразот со 3-0 од Финска во Хелсинки, во квалификациите за Европското првенство 2004. За трите репрезентации на СФРЈ, СРЈ и СЦГ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

СФР Југославија

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-5-1991 Белград Југославија Синиша Михајловиќ  7 – 1 Синиша Михајловиќ  Фарски Острови Квал. за Евро 1992 -
16-10-1991 Ландскрона Фарски Острови Синиша Михајловиќ  0 – 2 Синиша Михајловиќ  Југославија Квал. за Евро 1992 - Синиша Михајловиќ  64'
30-10-1991 Варжиња Бразил Синиша Михајловиќ  3 – 1 Синиша Михајловиќ  Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  46'
13-11-1991 Виена Австрија Синиша Михајловиќ  0 – 2 Синиша Михајловиќ  Југославија Квал. за Евро 1992 -
Вкупно Настапи 4 Голови 0

СР Југославија

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-12-1994 Порто Алегре Бразил Синиша Михајловиќ  2 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  57'
27-12-1994 Буенос Аирес Аргентина Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ  8', 88'
31-5-1995 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 2 Синиша Михајловиќ  Русија Пријателска -
12-11-1995 Сан Салвадор Ел Салвадор Синиша Михајловиќ  1 – 4 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска 1 Синиша Михајловиќ  83'
15-11-1995 Монтереј Мексико Синиша Михајловиќ  1 – 4 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска 1 Синиша Михајловиќ  77'
27-3-1996 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Романија Пријателска -
24-4-1996 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  3 – 1 Синиша Михајловиќ  Фарски Острови Квал. за СП 1998 - Синиша Михајловиќ  33' Синиша Михајловиќ  40'
23-5-1996 Шизуока Мексико Синиша Михајловиќ  0 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
26-5-1996 Токио Јапонија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
2-6-1996 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  6 – 0 Синиша Михајловиќ  Малта Квал. за СП 1998 -
6-10-1996 Тофтир Фарски Острови Синиша Михајловиќ  1 – 8 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 1998 -
10-11-1996 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Чешка Квал. за СП 1998 - Синиша Михајловиќ  44'
7-2-1997 Хонгконг Русија Синиша Михајловиќ  1 – 1 прод.
(5 – 4 пен.)
Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
10-2-1997 Хонгконг Хонгконг Синиша Михајловиќ  1 – 3 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
12-3-1997 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  0 – 0 Синиша Михајловиќ  Русија Пријателска -
2-4-1997 Прага Чешка Синиша Михајловиќ  1 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 1998 - Синиша Михајловиќ  13'
30-4-1997 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  Шпанија Квал. за СП 1998 - Синиша Михајловиќ  58' Синиша Михајловиќ  70'
8-6-1997 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  2 – 0 Синиша Михајловиќ  Словачка Квал. за СП 1998 -
10-9-1997 Братислава Словачка Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 1998 1
11-10-1997 Та-Кали Малта Синиша Михајловиќ  0 – 5 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 1998 1
29-10-1997 Будимпешта Унгарија Синиша Михајловиќ  1 – 7 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 1998 -
15-11-1997 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  5 – 0 Синиша Михајловиќ  Унгарија Квал. за СП 1998 -
25-3-1998 Богота Колумбија Синиша Михајловиќ  0 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
22-4-1998 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  3 – 1 Синиша Михајловиќ  Јужна Кореја Пријателска -
29-5-1998 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  3 – 0 Синиша Михајловиќ  Нигерија Пријателска -
3-6-1998 Лозана СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Јапонија Пријателска 1
6-6-1998 Базел Швајцарија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
14-6-1998 Сент Етјен СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Иран СП 1998 - Прва фаза 1
21-6-1998 Ленс Германија Синиша Михајловиќ  2 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија СП 1998 - Прва фаза -
25-6-1998 Нант САД Синиша Михајловиќ  0 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија СП 1998 - Прва фаза -
29-6-1998 Тулуза СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 2 Синиша Михајловиќ  Холандија СП 1998 - Осминафинале - Синиша Михајловиќ  78'
2-9-1998 Ниш СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  Швајцарија Пријателска - Синиша Михајловиќ  38'
18-11-1998 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Ирска Квал. за Евро 2000 -
10-2-1999 Та-Кали Малта Синиша Михајловиќ  0 – 3 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за Евро 2000 -
18-8-1999 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  0 – 0 Синиша Михајловиќ  Хрватска Квал. за Евро 2000 -
1-9-1999 Даблин Ирска Синиша Михајловиќ  2 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за Евро 2000 - Синиша Михајловиќ  69'
8-9-1999 Скопје Македонија Синиша Михајловиќ  2 – 4 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за Евро 2000 -
9-10-1999 Загреб Хрватска Синиша Михајловиќ  2 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за Евро 2000 - Синиша Михајловиќ  32'
23-2-2000 Скопје Македонија Синиша Михајловиќ  1 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  Синиша Михајловиќ  46'
28-3-2000 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  Кина Пријателска - Синиша Михајловиќ  46'
13-6-2000 Шарлероа СР Југославија Синиша Михајловиќ  3 – 3 Синиша Михајловиќ  Словенија Евро 2000 - Прва фаза - Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ  54', 59'
21-6-2000 Бриж Шпанија Синиша Михајловиќ  4 – 3 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Евро 2000 - Прва фаза -
25-6-2000 Ротердам Холандија Синиша Михајловиќ  6 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Евро 2000 - Четвртфинале -
15-11-2000 Букурешт Романија Синиша Михајловиќ  2 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска 1 Синиша Михајловиќ  89'
24-3-2001 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  Швајцарија Квал. за СП 2002 1 Синиша Михајловиќ 
28-3-2001 Љубљана Словенија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 2002 - Синиша Михајловиќ 
25-4-2001 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  0 – 1 Синиша Михајловиќ  Русија Квал. за СП 2002 - Синиша Михајловиќ 
2-6-2001 Москва Русија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 2002 -
6-6-2001 Тофтир Фарски Острови Синиша Михајловиќ  0 – 6 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за СП 2002 -
15-8-2001 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  2 – 0 Синиша Михајловиќ  Фарски Острови Квал. за СП 2002 1
13-2-2002 Финикс Мексико Синиша Михајловиќ  1 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  42' Синиша Михајловиќ  70'
27-3-2002 Форталеца Бразил Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  68' Синиша Михајловиќ  74'
8-5-2002 Ист Ратерфорд Еквадор Синиша Михајловиќ  1 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска -
17-5-2002 Москва Украина Синиша Михајловиќ  2 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ Синиша Михајловиќ  90+1', 90+2'
21-8-2002 Сараево Босна и Херцеговина Синиша Михајловиќ  0 – 2 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  Синиша Михајловиќ  68'
12-10-2002 Неапол Италија Синиша Михајловиќ  1 – 1 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Квал. за Евро 2004 -
16-10-2002 Белград СР Југославија Синиша Михајловиќ  2 – 0 Синиша Михајловиќ  Финска Квал. за Евро 2004 1 Синиша Михајловиќ  48'
20-11-2002 Сен Дени Франција Синиша Михајловиќ  3 – 0 Синиша Михајловиќ  СР Југославија Пријателска - Синиша Михајловиќ  42' Синиша Михајловиќ  61'
Вкупно Настапи 58 Голови 10

Србија и Црна Гора

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија и Црна Гора
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-2003 Тампере Финска Синиша Михајловиќ  3 – 0 Синиша Михајловиќ  Србија и Црна Гора Квал. за Евро 2004 - Синиша Михајловиќ  26'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Тренерска кариера

Болоња

Во ноември 2008 година, Михајловиќ бил назначен за тренер на Болоња, која била замешана во Битката за опатанок. Популарните рособлу под водството на претходниот тренер, Даниеле Аригони, имале само две победи и дури осум порази, и се наоѓале на 19-тото место на табелата во Серија А. Михајловиќ дебитирал на клупата против клубот во кој поминал две сезони како играч, Рома, која исто така имала слаби резултати на почеткот од таа сезона и се наоѓала на 15-тото место. Дебито, на Михајловиќ било делумно успешно, завршувајќи со нерешен резултат 1-1, изборен со доста среќа откако Болоња дошла до изедначувачкиот гол со автоголот на Сисињо во првата минута од судиското продолжение.

Во првите пет натпревари по доаѓањето на Михајловиќ на клупата, Болоња забележала пет последнователни нерешени резултати, за да на 13 декември 2008 конечно Михајловиќ ја забележи својата прва победа како тренер, кога Болоња го совладала Торино на Дал'Ара со 5-2. Иако во првите девет натпревари по презимањето на клубот, Михајловиќ не знаел за пораз (биланс 2 победи и 7 нерешени), тоа многу не му помогнало на клубот да се одлепи од екипите на дното на табелата, па во дваесеттото коло и натпреварот против Милан на домашен терен влегле како шеснаесттопласирана екипа на табелата. Во тој натпревар Михајловиќ го регистрирал првиот пораз на тренерската клупа на Болоња, иако неговата екипа прва повела со голот на Марко Ди Вајо во 9-тата минута, но сепак Милан успеал да го сврти резултатот и да победи со убедливи 1-4, со головите на Кларенс Седорф, Дејвид Бекам и два на Кака.

Во вториот дел од сезоната уследил голем пад во формата на екипата, а по серијата од четири врзани порази, меѓу кој последен бил оној од Сиена со 1-4 на Дал'Ара, дошло до разделба меѓу Михајловиќ и клубот од Болоња, кои во тој момент се наоѓал на 17-тото место. Во 22 натпревари како главен тренер на Болоња Михајловиќ остварил биланс од 4 победи, 8 ремија и 10 пораза.

Катанија

Во декември 2009 година Михајловиќ седнал на клупата на Катанија која во тој момент се наоѓала во зоната за испаѓање. Ниту дебито на Михајловиќ не се покажало како дека во тимот од Сицилија ќе дојдат подобри денови после поразот на домашен терен од уште еден давеник Ливорно, со резултат 0-1. Меѓутоа, веќе во следниот натпревар Катанија на Михајловиќ направила големо изненадување, победувајќи го Јувентус во Торино со 1-2 и стигајќи само до втората победа во првенството. До краја на оваа фантастична сезоне за клубот од Катанија дошле и победи над над Болоња, Парма, Лацио, Бари, Интер, Фјорентина, против Палермо во сицилијанското дерби, и на крајот од сезоната против Џенова.

Михајловиќ ја исполнил задачата и изборил опстанок со клубот во лигата, со одличен биланс од 10 победи, 9 нерешени и само 6 порази, завршувајќи на 16-тото место. Сепак, по завршувањето на сезоната го напуштил кормилото на клубот.

Фјорентина

По напуштањето на Катанија, започнале бројни шпекулации каде би можел Михајловиќ да ја продолжи својата тренерска кариера. Сепак, на 3 јуни било објавено дека Михајловиќ ќе биде нов тренер на Фјорентина, која за разлика од претходните две екипи, била многу по амбициозна. Во клубот од Фиренца се задржал нешто подолго, точно 521 ден. Во првата сезона, завршил на 9. место во Серија А, со скор од 12 победи, 15 нерешени и 11 порази, со освоен 51 бод, додека во купот Фјорентина била елиминирана во осминафиналето од Парма.

И покрај тоа што оваквата сезона не може да се каже дека била успешна за клуб со рејтингот на Фјорентина, раководството на клубот решило да му пружи уште една шанса и да остане тренер и во следната сезона. Сепак, слабиот почеток на сезоната 2011-2012 (3 победи, 4 ремија, 4 порази) на Михајловиќ му донел отказ во 11-тото коло, кога клубот бил поразен со 1-0 од Кјево во Верона.

Србија

После повеќемесечните преговори, Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) на седницата одржана на 21 мај 2012 во Спортскиот центар ФСС во Стара Пазова едногласно го избрал Синиша Михајловиќ за селектор на српската репрезентација. Михајловиќ потпишал двегодишен договор, според кој би требало да ја води репрезентацијата најмалку до крајот на квалификацискиот циклус за Светското првенство 2014 во Бразил.

Под негово водство Србија неуспеала да се квалификува за Светското првенство 2014, завршувајќи со 14 бодови како третопласирана во својата група зад Белгија и Хрватска. Вкупно, Михајловиќ како селектор ја водел репрезентацијата во 19 натпревари, забележувајќи седум победи, четири нерешени резултати и осум порази, а во 10-те квалификациски натпревари по четири победи и порази и две ремија.

Сампдорија

По неуспешната авантура во репрезентативниот фудбал, на 20 ноември 2013 година Сампдорија го назначила Михајловиќ за нов тренер на местото на Делио Роси. Тој потпишал едногодишен договор со автоматско продолжување во случај ако успешно биде избегната зоната за испаѓање во тековната сезона, заедно со неговиот помошник-тренер Ненад Сакиќ (поранешен играч на Сампдорија).

Во својата прва сезона, тој ја водел Сампдорија до значително подобрување во резултатите и лесно го избегнал испаѓањето. Во 26 лигашки натпревари во првата сезона на клупата на Сампдорија, Михајловиќ имал биланс од 10 победи, 6 нерешени и 10 изгубени, освојувајќи го 12-тото место во Серија А.

Последователно, тој се согласил да остане уште една сезона, по разговорите со новиот претседател Масимо Фереро, кој ја презел функцијата од семејството Гароне во јули 2014 година. Во првите недели од сезоната 2014-2015, тој успеал да освои осум бода и бил без пораз во првите четири натпревари од сезоната, препородувајќи дури некој играчи како што бил Стефано Окака. Втората сезона со клубот од Џенова ја завршил на одличното 7-мо место во Серија А со 56 освоени бодови (13 победи, 17 нерешени, 8 изгубени).

На 1 јуни 2015 година, тој напишал отворено писмо за да го потврди неговото заминување како главен тренер на Сампдорија.

Милан

Во јуни 2015 година италијанските медиуми објавиле дека тој склучил двегодишен договор со Милан. Сепак, тоа ќе се испостави како уште една неуспешна авантура на српскиот тренер, откако тој не успеал да ја заврши сезоната и добил отказ на 12 април 2016 година, на шест кола пред крајот на сезоната во Серија А. На 32 натпревари како тренер на Милан остварил 13 победи, десет ремија и девет порази и со тој учинок го заземал шестото место со 49 бодови. Сепак, во тој момент росонерите имале 15 бодови помалку од позицијата која водела во квалификациите за Лигата на шампионите, што било приоритет на тимот од Сан Сиро за оваа сезона. Дури ни тоа што го одвел клубот до финалето на Купот на Италија, не го спасило Михајловиќ од отказ. Лошите изданија во последните пет кола биле пресудни за иднината на Михајловиќ на клупата на Милан. Од можните 15 бодови, Милан освоил само два. Црната серија започнала со поразот од Сасуоло (2-1), а потоа дошле нерешени исходи со Кјево (0-0) и Лацио (1-1), за по нив да уследат уште два врзани порази од Аталанта и Јувентус со идентични 2-1, кои влијаеле на тоа Берлускони да ја промени својата одлука, бидејќи кон крајот на март изјавил дека Михајловиќ ќе остане тренер ако го освои купот. За време на својот престој во Милан, Михајловиќ ќе остане запаметен по тоа што му дал шанса и го интегрирал во првиот тим, младиот, тогаш 16-годишен талентиран голман Џанлујџи Донарума, кој во следните сезони станал незаменлива фигура меѓу стативите на црвено-црните од Милано.

Торино

Месец дена подоцна, на 25 мај 2016, тој бил назначен за нов тренер на Торино преземајќи ја функцијата од Џампјеро Вентура, кој претходно бил назначен за нов селектор на италијанската репрезентација. Првата сезона со клубот ја завршил на 9-тото место во Серија А со 53 бода, со биланс од 13 победи, 14, нерешени и 11 порази.

На средината од втората сезона во клубот, Михајловиќ бил отпуштен после поразот од градскиот соперник Јувентус со 2-0 во Купот на Италија.

Спортинг Лисабон

На 18 јуни 2018, Спортинг Лисабон го ангажирал Михајловиќ, потпишувајќи тригодишен договор со српскиот тренер. Меѓутоа само девет дена по неговото доаѓање во клубот, тој бил отпуштен поради промена на управниот одбор на клубот.

Враќање во Болоња

По лошите резултати на Филипо Инзаги на клупата на Болоња и добиениот отказ од раководството на клубот, Михајловиќ се вратил на клупата на седумкратниот италијански првак во јануари 2019, по цели 10 години откако првпат ја напуштил. Дебитирал со одлична победа на гостувањето кај Интер во Милано со 1-0, со голот на парагвајскиот напаѓач Федерико Сантандер.

Статистика на кариерата

Клупска статистика

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1988-1989 Синиша Михајловиќ  Војводина ПЛЈ 31 4 КЈ - - - - - - - - 31 4
1989-1990 ПЛЈ 28 11 КЈ - - CC 2 1 - - - 30 12
1990-јан. 1991 ПЛЈ 14 4 КЈ - - - - - - - - 14 4
Вкупно Војводина 73 19 2 1 75 20
јан. 1991-јун. 1991 Синиша Михајловиќ  Црвена Ѕвезда ПЛЈ 14 1 КЈ - - КЕШ 5 1 - - - 19 2
1991-1992 ПЛЈ 24 8 КЈ - - КЕШ 10 5 СУ+ИнтК 1+1 0+0 36 13
Вкупно Црвена Ѕвезда 38 9 15 6 2 0 55 15
1992-1993 Синиша Михајловиќ  Рома А 29 1 КИ 7 5 КУ 5 1 - - - 41 7
1993-1994 А 25 0 КИ 3 0 - - - - - - 28 0
Вкупно Рома 54 1 10 5 5 1 69 7
1994-1995 Синиша Михајловиќ  Сампдорија А 25 3 КИ 2 0 КПК 6 1 СИ 1 1 34 5
1995-1996 А 30 4 КИ 2 0 - - - - - - 32 4
1996-1997 А 28 2 КИ 1 0 - - - - - - 29 2
1997-1998 А 27 3 КИ 4 1 КУ 2 0 - - - 33 4
Вкупно Сампдорија 110 12 9 1 8 1 1 1 128 15
1998-1999 Синиша Михајловиќ  Лацио А 30 8 КИ 4 1 КПК 9 0 СИ 1 0 44 9
1999-2000 А 26 6 КИ 7 4 ЛШ 12 3 СУ 1 0 46 13
2000-2001 А 18 4 КИ 2 1 ЛШ 8 2 СИ 1 1 29 8
2001-2002 А 6 0 КИ 2 0 ЛШ 2 0 - - - 10 0
2002-2003 А 21 1 КИ 1 0 КУ 6 0 - - - 28 1
2003-2004 А 25 1 КИ 6 0 ЛШ 5 1 - - - 36 2
Вкупно Лацио 126 20 22 6 42 6 3 1 193 33
2004-2005 Синиша Михајловиќ  Интер А 20 4 КИ 6 1 ЛШ 4 0 - - - 30 5
2005-2006 А 5 1 КИ 5 0 ЛШ 3 0 СИ 0 0 13 1
Вкупно Интер 25 5 11 1 7 0 0 0 43 6
Вкупно во кариерата 426 66 52 13 79 15 6 2 563 96

Репрезентативна статистика

СФР Југославија
СР Југославија
Србија и Црна Гора
Година Настапи Голови
1991 4 0
1992 0 0
1993* 0 0
1994 2 0
1995 3 2
1996 7 0
1997 10 2
1998 11 2
1999 5 0
2000 6 1
2001 6 2
2002 8 1
2003 1 0
Вкупно 63 10
  • Забелешка: На Југославија и било забрането да игра меѓународен фудбал во 1993 година, a од 1994 година СР Југославија станала наследник на репрезентацијата на СФР Југославија. Во 2003 репрезентацијата на СР Југославија била преименувана во Србија и Црна Гора.

Хет-трикови

Во својата кариера, Синиша Михајловиќ постигнал само еден хет-трик (три гола и повеќе на еден натпревар), во дресот на Лацио против својот поранешен клуб Сампдорија во декември 1998 година. Интересно е тоа што, во тој натпревар сите три гола ги постигнал од слободен удар што до денес, заедно со Џузепе Сињори, ги прави единствените двајца играчи во историјата на Серија А кој успеале да го сторат ова.

Рекорди

Тренерска статистика

Клубови

Статистиката е ажурирана на 10 февруари 2019.

Легенда:

  • наз. место - на кое место бил клубот кога бил назначен за позицијата тренер
  • отп. место - на кое место бил клубот кога бил отпуштен од позицијата тренер
Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
ное. 2008-апр. 2009 Синиша Михајловиќ  Болоња А 21 4 8 9 КИ 1 0 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000002200000022 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &1000000000000001000000010 &1000000000000181800000018,18 наз. 19., отп. 18. место
дек. 2009-2010 Синиша Михајловиќ  Катанија А 23 9 9 5 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000002500000025 &1000000000000001000000010 &100000000000000090000009 &100000000000000060000006 &1000000000000400000000040,00 наз. 15., крај 13. место
2010-2011 Синиша Михајловиќ  Фјорентина А 38 12 15 11 КИ 3 2 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000004100000041 &1000000000000001400000014 &1000000000000001500000015 &1000000000000001200000012 &1000000000000341500000034,15 9. место
2011-2012 А 10 3 3 4 КИ 1 1 0 0 - - - - - - - - - &1000000000000001100000011 &100000000000000040000004 &100000000000000030000003 &100000000000000040000004 &1000000000000363600000036,36 отп., 12. место
Вкупно Фјорентина 48 15 18 15 4 3 0 1 &1000000000000005200000052 &1000000000000001800000018 &1000000000000001800000018 &1000000000000001600000016 &1000000000000346200000034,62
ное. 2013-2014 Синиша Михајловиќ  Сампдорија А 26 10 6 10 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000002800000028 &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &1000000000000001100000011 &1000000000000392900000039,29 наз. 18., крај 12. место
2014-2015 А 38 13 17 8 КИ 3 2 0 1 - - - - - - - - &1000000000000004100000041 &1000000000000001500000015 &1000000000000001700000017 &100000000000000090000009 &1000000000000365900000036,59 7. место
Вкупно Сампдорија 64 23 23 18 5 3 0 2 &1000000000000006900000069 &1000000000000002600000026 &1000000000000002300000023 &1000000000000002000000020 &1000000000000376800000037,68
2015-апр. 2016 Синиша Михајловиќ  Милан А 32 13 10 9 КИ 6 6 0 0 - - - - - - - - - &1000000000000003800000038 &1000000000000001900000019 &1000000000000001000000010 &100000000000000090000009 &1000000000000500000000050,00 отп., 6. место
2016-2017 Синиша Михајловиќ  Торино А 38 13 14 11 КИ 3 2 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000004100000041 &1000000000000001500000015 &1000000000000001400000014 &1000000000000001200000012 &1000000000000365900000036,59 9. место
2017-јан. 2018 А 19 5 10 4 КИ 4 3 0 1 - - - - - - - - - &1000000000000002300000023 &100000000000000080000008 &1000000000000001000000010 &100000000000000050000005 &1000000000000347800000034,78 отп., 10. место
Вкупно Торино 57 18 24 15 7 5 0 2 &1000000000000006400000064 &1000000000000002300000023 &1000000000000002400000024 &1000000000000001700000017 &1000000000000359400000035,94
јул.-авг. 2018 Синиша Михајловиќ  Спортинг Лисабон ПЛ - - - - КП+ЛКП - - - - ЛЕ - - - - &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 ! отпуштен
јан.-јун. 2019 Синиша Михајловиќ  Болоња А 17 9 3 5 КИ - - - - - - - - - - - - - &1000000000000001700000017 &100000000000000090000009 &100000000000000030000003 &100000000000000050000005 &1000000000000529400000052,94 наз. 18., крај 10. место
Вкупно Болоња 31 9 9 13 1 0 0 1 &1000000000000003200000032 &100000000000000090000009 &100000000000000090000009 &1000000000000001400000014 &1000000000000281300000028,13
Вкупно во кариерата 253 86 94 73 25 18 0 7 &10000000000000278000000278 &10000000000000104000000104 &1000000000000009300000093 &1000000000000008100000081 &1000000000000374100000037,41

Репрезентации

Сезона Репрезентација Првенство Место Резултати Голови
Одиграни Победи Нерешени Изгубени победи % ДГ ПГ ГР
2012 Синиша Михајловиќ  Србија Квал. за СП 3. место во група А, Не се квалификувал &100000000000000040000004 &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &1000000000000250000000025,00 6 5 +1
2013 &100000000000000060000006 &100000000000000030000003 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &1000000000000500000000050,00 12 6 +6
2013-2014 Пријателски &100000000000000090000009 &100000000000000030000003 &100000000000000020000002 &100000000000000040000004 &1000000000000333300000033,33 10 10 0
Вкупно Србија &1000000000000001900000019 &100000000000000070000007 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &1000000000000368400000036,84 28 21 +7

Титули

Играч

Клубови

Синиша Михајловиќ  Војводина
  • Прва лига на Југославија (1) : 1988–1989
Синиша Михајловиќ  Црвена Ѕвезда
Синиша Михајловиќ  Лацио
Синиша Михајловиќ  Интер

Репрезентација

Синиша Михајловиќ  Југославија

Наводи

Надворешни врски


Синиша Михајловиќ  Статијата Синиша Михајловиќ е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.

Tags:

Синиша Михајловиќ БиографијаСиниша Михајловиќ Клупска кариераСиниша Михајловиќ Репрезентативна кариераСиниша Михајловиќ Тренерска кариераСиниша Михајловиќ Статистика на кариератаСиниша Михајловиќ Тренерска статистикаСиниша Михајловиќ ТитулиСиниша Михајловиќ НаводиСиниша Михајловиќ Надворешни врскиСиниша Михајловиќ16 декември196920 февруари2022ЈугославијаВуковарИталијаРимСФР ЈугославијаСрбијаСрпски јазикФудбал

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БерлинОпштина Шуто ОризариАзот (област)МовПитом пелинМесечинаСамка ИбраимовскиБигорски манастирДијалекти на македонскиот јазикОпштина ДолнениДуховденГордана Силјановска-ДавковаСтобиГевгелијаБРИКСДаунов синдромМакедонски парламентарни избори, 2016Исус ХристосМетафораАртритисУстав на МакедонијаЉубе БошкоскиИлеусХепатитСтрептококен фарингитисИзраелМладост (езеро)АнемијаИшијасМатка (кањон)Христо УзуновПресметување на датумот на ВелигденСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЏезСлезинаПанко БрашнаровСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаАлександар III МакедонскиОпштина ПласницаТигрица (птица)Република КосовоМакедонски претседателски избори, 2009Кристофер КолумбоГрад СкопјеМојот звукКалеш АнѓаОпштини во МакедонијаСредоземно МореРечник на стари македонски зборовиАли АхметиПанонски легендиПенис (човек)Манастир ОстрогАлбанијаСилвио ПиколоминиИзборна единица 3Хронична опструктивна белодробна болестЗијадин СелаТетовоЉубиша ГеоргиевскиПентоксифилинСписок на политички партии во МакедонијаРусијаСписок на градови во ГерманијаВитамин Б6ПечалбариШтитна жлездаМакедонски претседателски избори (2004)КсенофобијаКултураЕритематозни дерматозиСписок на реки во МакедонијаЈаглехидратОбласти во КазахстанСтојанче АнгеловСојуз на комунистите на МакедонијаВладо Бучковски🡆 More