Департман Савоја: департман во Франција

Савоја (француски: Savoie; франкопровансалски: Savouè; италијански: Savoia) ― департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи во југоисточна Франција.

Сместен на Француските Алпи, нејзината префектура е Шамбери. Во 2017 година, Савоја имала население од 431.174 жители.

Савоја
Savoie (француски)
Savouè (арпитански)
Департман во Франција
Департман Савоја: Историја, Географија, ДемографијаДепартман Савоја: Историја, Географија, ДемографијаДепартман Савоја: Историја, Географија, Демографија
Департман Савоја: Историја, Географија, Демографија
Департман Савоја: Историја, Географија, Демографија
Департман Савоја: Историја, Географија, ДемографијаДепартман Савоја: Историја, Географија, Демографија
Од горе кон доле: Тресерв на Езерото Бурже, Ла Плањ, префектурната зграда во Шамбери, скијачкиот центар Ле Аркс, Националниот парк Ваноас, Мутјерската катедрала и Тињес
Знаме на СавојаГрб на Савоја
Местоположва на Савоја во Франција
Местоположва на Савоја во Франција
ДржаваФранција
РегионОверњ-Рона-Алпи
ПрефектураШамбери
ПотпрефектуриАлбертвил
Сен-Жан-де-Морјен
Управа
 • Претседател на Департманскиот советЕрве Гејмард (Републиканци)
Површина1
 • Вкупна6.028 км2 (2,327 ми2)
Надм. вис.&100000000000015950000001.595 м
Најг. вис.&100000000000038550000003.855 м
Најм. вис.&10000000000000208000000208 м
Население (2017)
 • Вкупно431.174
 • Ранг57.
 • Густина72/км2 (190/ми2)
Часовен појасСЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Департмански број73
Окрузи3
Кантони19
Комуни273
^1 Податоците за регистар на француска земја, кои исклучуваат естуари и езера, мали езера и ледници поголеми од 1 км2

Заедно со Горна Савоја, тој е еден од двата департмани во историскиот регион Савоја; Војводството Савоја било припоено кон Франција во 1860 година, по потпишувањето на Торинскиот договор. Оваа област е позната по своите многубројни скијачки одморалишта и придонес во француската кујна, со кулинарски специјалитети, како што савојското сирење, тартифлет, ликерот женепи, како и разни видови на пушен колбас.

Историја

Широко е прифатено дека Савоја го добила името од латинскиот Sapaudia или Sabaudia, што значи земја покриена со зимзелени дрвја. Денежната француска Савоја била долго време дел од државите во Савоја; иако започнала во 16 век, била окупирана од Франција неколку пати. Таа била интегриран во департманот Мон Блан од 1792 до 1815 (и делумно во департманот Леман од 1798 до 1814). Покраината била припоена кон Франција во 1860 година. Поранешното Војводство Савоја станал двата департмани на Савоја и Горна Савоја.

Мутје, главен град на поранешната митрополија Тарентешка Долина (француски: Vallée de la Tarentaise), престанала да биде потпрефектура по законот што стапил на сила на 10 септември 1926 година.

Савоја била домаќин на Зимските олимписки игри во 1992 година, со седиште во Албертвил со скијачки настани во Тарентез и Бофортен. Грбот за Савоја бил користен како шема за пламенот во службениот амблем на игрите.

Другата главна алпска долина е Морјен, поврзана со долината Тарентез со два премини, Мадленски Врв и највисокиот превој во Европа, Исерански Врв. Морјенската долина минувала низ Врвот на Мон Сенис, главната комерцијална рута помеѓу Франција и Италија. Таа е една од најдолгите интра-алпски долини на Алпите.

Географија

Савоја е дел од регионот Оверњ-Рона-Алпи, основан на 1 јануари 2016 година. Претходно била дел од Рона-Алпи. Се граничи со департманите Горна Савоја, Ен, Изер и Горни Алпи, покрај Аостинската Долината и метрополската област на Торино во Италија.

Голем дел од Савоја е покриена со планини:

  • Масив Мон Блан
  • Масив Беледон
  • Масив Лозјер
  • Масив Егиле д'Арвес
  • Серсески Масив
  • Арависки Масив
  • Масив Мон Сенис
  • Масив Боже
  • Масив Шартреус
  • Масив Ваноаз
  • Масив Бофортен

Низ департманот тече реката Изер, која има извор во превојот Исеран. Нејзините две главни езера се Езерото Бурже (најголемото и најдлабокото езеро целосно во Франција) и Езерото Егебелет, едно од најмалку загадените во Франција поради законот од 1976 година, кој забранува употреба на моторни чамци на езерото.

Демографија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1861275,039—    
1872267,958−2.6%
1881266,438−0.6%
1891263,297−1.2%
1901254,781−3.2%
1911247,89−2.7%
1921225,034−9.2%
1931235,544+4.7%
1936239,115+1.5%
1946235,965−1.3%
1954252,192+6.9%
1962266,678+5.7%
1968288,921+8.3%
1975305,118+5.6%
1982323,675+6.1%
1990348,261+7.6%
1999373,258+7.2%
2006403,1+8.0%
2011418,949+3.9%
2016429,681+2.6%

Жителите на Савоја се познати како Савојарци (француски Savoyards), иако тие исто така можат да се наречат Савоазиенс (Savoisiens; историското име) или Савојенс (Savoyens).

Главни градови:

  • Шамбери: население 56.835 (агломерациски 209.535, од кои 12.254 се во Ла Мот-Серволекс)
  • Екс-ле-Бејн: население 27.095 (44.490 агломерациски)
  • Албертвил: население 18,906 (43,225 агломерациски)
  • Сен-Жан-де-Морјен: население 8.507 (11.889 агломерациски)

Поврзано

Историја

Јазик

Наводи

 

Надворешни врски

Tags:

Департман Савоја ИсторијаДепартман Савоја ГеографијаДепартман Савоја ДемографијаДепартман Савоја ПоврзаноДепартман Савоја НаводиДепартман Савоја Надворешни врскиДепартман СавојаДепартмани во ФранцијаИталијански јазикОверњ-Рона-АлпиПрефектура (Франција)Региони во ФранцијаФранцијаФранцуски АлпиФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина КичевоОксидационо-редукциона реакцијаМакедонија (регион)Македонски БродЦрни и жолтиОпштина БитолаПридавкаДебарДанела Арсовска20000 милји под моретоВоен конфликт во Македонија (2001)Меѓународен ден на трудотЗлосторство и казнаДемократска партија на Србите во МакедонијаСтрептококен фарингитисЕгипетПоп-музикаТартифОНАСрцева слабостСадула ДуракуОслободителна народна армијаЃорге ИвановСлуз-цедење во грлотоОпштина Маврово и РостушеСвети Кирил и МетодијПетар Поп АрсовМарија АнтоанетаФранческо ПетраркаСојузни држави на САДСписок на реки во МакедонијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотАцо ШоповМинистерство за животна средина и просторно планирањеИзборна единица 5Референдум во Македонија (2018)ПочваГордана Силјановска-ДавковаБогородицаПанонска НизинаКавадарциДаме ГруевЕрих КестнерМултипла склероза‘Рбетен столбОпштина ПрилепИскра ГешоскаОливера НиколоваМуса ЏафериНикола Димитров (дипломат)Балкански рисВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаМакедонски претседателски избори, 2014ИстанбулПелистерДрогаНова социјалдемократска партијаНикола КљусевЗНАММакедонски парламентарни избори (1990)Национални паркови во МакедонијаИменкаАмазонКафеава мечкаОпштина Кисела ВодаИзборна единица 6Македонски претседателски избори (2009)Системски лупус еритематозусМиланоИзборна единица 8Staphylococcus aureusПролетПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаИсусово воскресениеОче наш🡆 More