Роберт Едвардс

Роберт Џефри Едвардс (англиски: Robert Geoffrey Edwards; 27 септември 1925 - 10 април 2013) — британски физиолог, научник и пионер во лечењето на неплодноста со примена на методата со вештачко оплодување.

За придонес во развојот на репродуктивната медицина и вештачкото вонтелесно оплодување, на Едвардс во 2010 година му била доделена Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Сер Роберт Едвардс
Роберт Едвардс
Роден(а)Роберт Џефри Едвардс
27 септември 1925(1925-09-27)
Батли, Англија
Починал(а)10 април 2013(2013-04-10) (возр. 87)
близу Кембриџ, Англија
Полиња
Установи
  • Универзитет во Кембриџ
  • Универзитет во Единбург
  • Бангорски универзитет
  • Национален институт за медицинско истражување
  • Универзитет во Глазгов
  • Калифорниски технолошки институт
  • Колеџ Черчил, Кембриџ
Образование
  • Бангорски универзитет (BSc)
  • Универзитет во Единбург (PhD)
Теза„The experimental induction of heteroploidy in the mouse“ (1955)
Поважни наградиНобелова награда (2010)
Страница
nobelprize.org/nobel prizes/medicine/laureates/2010

Животопис

Роберт Едвардс е роден на 27 септември 1925 во Манчестер, Англија. По завршување во гимназијата во Манчестер едно време служел во британската војска. Студирал земјоделство на Универзитетот Бангор, во Велс, и докторирал „генетика на животни“. Во 1963 година пристапил кон Универзитетот во Кембриџ, каде бил соработник во Черчиловиот колеџ. Неговата сопруга Рут Фаулер Едвардс била внука на физичарот Ернест Радерфорд и ќерка на физичарот Ралф Фаулер. Едвардс бил татко на пет ќерки и дедо на 11 внуци. Како пензиониран професор по репродуктивни науки на Универзитетот во Кембриџ, Роберт Едвардс починал во 87 година од животот, на 10 април 2013 во Кембриџ.

Дело

Роберт Едвардс своите научни истражувања ги започнал за време на педесеттите години на XX век, откако сфатил дека вонтелесното оплодување може да претставува можен одговор на неплодност. Заедно со колегата Патрик Стептоу, во 1968 година развиле метода на вонтелесно оплодување на јајце-клетките.

Четири години подоцна Едвардс и Стептоу примениле замена на ембрион во неплодните мајки, но неколку трудници завршиле со спонтан абортус. Едвардс и Стептоу во 1977 пробале со нова терапија која не претходела на хормонска стимулација на јајниците, веќе се заснивала на прецизно програмирано време на оплодување. Во јули наредната година родена е Луиз Браун, прво бебе од епрувета. Едвардс и Стептоу со своите соработници за време на својата истражувачка работа биле соочени со бројни проблеми, вклучувајќи голем број на критики и тужби и недостаток на материјални средства за истражување. Откако биле одбиени од страна на многу официјални медицински институции, нивните обиди наишле на непријателски став на бројни верски организации, вклучувајќи и одбивање на британската влада финансиски да ги поддржи истражувањата, ги приморало Едвардс и Стептоу да се свртат кон помошта на приватните дарители. Професорот Стептоу починал во 1988 година па битката со проблемите и истражувањата Едвардс ги продолжил самостојно како научник и уредник на медицински магазини. Благодарение на методата која ја развиле овие два научници до 2010 година во светот преку овој пат се родени повеќе од четири милиони бебиња. Се смета дека моментално, со вештачко оплодување, светлоста на денот ја гледаат два до три проценти од вкупниот број на новороденчиња. Роберт Едвардс за неговиот придонес во лечењето на неплодноста со вештачко оплодување, во неговата 85 година, му е доделена Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Наводи

Tags:

10 април19252010201327 септемвриАнглиски јазикБританскиНаучникНобелова награда за физиологија или медицинаФизиолог

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КриптовалутаДанте АлигиериМалтаМакедонски БродИзбирачко местоИндонезијаАтрибут во македонскиот јазикВенко ФилипчеБегалкаОпштина ЖелиноБела мечкаАнтони ПешевСтрумицаДоксициклинКичевоБугарски возГуглКоле ЧашулеПодржи КоњОхридКрпен животКумановоОпштина АеродромСлезинаКочо РацинМакедонски претседателски избори, 2014УДБАМомче во пижами со риги (филм)МонакоВелигденЉубиша ГеоргиевскиВакцина против тетанусОксидационо-редукциона реакцијаХераклеја ЛинкестисФилиз АхметПингвинБалканска приказна (ТВ-серија)Џо БајденПолитичка партијаСрпска пропаганда во МакедонијаШар ПланинаТеута АрифиПросветителствоЕгејска МакедонијаЃорге ИвановTrackBackДимитар КовачевскиНова алтернативаСписок на повикувачки броеви на земјите20000 милји под моретоМакедонски претседателски избори, 2019Стојан АндовПанкреасЛазар КолишевскиЈудаизамСобрание на МакедонијаРаковиГаличицаАрбен ЏафериКорозијаМечкаКонсензусКловерфилдХепатитГордана СилјановскаОпштина БитолаДимитар МиладиновХајди (роман)Мојот звукПрво заседание на АСНОМТартифОпштина Кисела ВодаТоше ПроескиСрцева слабостЃорче ПетровОпштина ДојранРак на дојкаИстанбул🡆 More