Пржевалскиев Коњ: подвид на див коњ

Пржевалскиев коњ (науч. Equus ferus przewalskii, монголски: тахь) — редок и загрозен подвид на дивиот коњ (Equus ferus) од степите на Средна Азија.

Пржевалскиев коњ
Пржевалскиев Коњ: Таксономија, Бројност, Размножување
Пржевалскиев коњ
Научна класификација
Царство: Животни
Класа: Цицачи
Ред: Непарнокопитни
Семејство: Коњи
Род: Коњ
Вид: Див коњ
Подвид: Пржевалскиев коњ
Триномен назив
Equus ferus przewalskii
(Пољаков, 1881)
Пржевалскиев Коњ: Таксономија, Бројност, Размножување
Распространетост на Пржевалскиевиот коњ
(востановен)
Пржевалскиев Коњ: Таксономија, Бројност, Размножување
Глава и врат

До релативно скоро важел за изумрен во дивината (последната единка во Монголија е видена во 1966 г.), но денес е востановен во своето матично живеалиште во неколку поважни заштитени области. Таксономската положба на ова животно сè уште е неутврдена, бидејќи некои стручњаци го смеаат за посебен вид, Equus przewalskii.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Други народни имиња му се азиски див коњ и монголски див коњ. Стандардното име го добил по истакнатиот руски природонаучник и истражувач Николај Пржевалски (1839-1888).

Највеќето „диви коњи“ денес, како американскиот мустанг или австралискиот брамби, се всушност подивени коњи потекнати од питоми единки кои избегале да живеат во дивина. За разлика од нив, Пржевалскиевиот коњ никогаш не е припитомен и затоа денес е единствениот вистински див коњ на светот. Претставува еден од трите познати подвидови на дивиот коњот (Equus ferus) — другите два се домашниот коњ (Equus ferus caballus) и the изумрениот тарпан (Equus ferus ferus). Во дивината постојат подвидови од други членови на семејството на коњите, како што се зебрата и разните подвидови на африканското диво магаре, куланот и кијангот.

Таксономија

Пржевалскивиот коњ бил формално опишан како нов вид во 1881 година од Иван Семијонович Пољаков, иако таксономската позиција на пржевалскивиот коњ останува контроверзна и не постои спогодба дали станува збор за целосен вид (Equus przewalskii), подвид на дивиот коњ (Equus ferus przewalskii, заедно со уште два други подвида, припитомениот коњ E. f. caballus и изумрениот тарпан E. f. ferus), па дури и потнаселение на домашниот коњ.

Бројност

Сите пржевалскиеви коњи денес водат потекло од 9 единки (од вкупно 13) заловени во 1945 г., кои пак се потомци на 15 единки заловени во 1900 г. Животното е повратено од зоолошките градини во својата матична средина благодарение на успешната соработка помеѓу Лондонското зоолошко друштво и монголските научници. Во 2011 г. нивната бројност во дивината е проценета на 300 единки. Во заробеништво пак, на почетокот од 1990-тите живееле 1.500 Пржевалскиеви коња, во споредба со само 13 во 1945 г.

Размножување

Женките достигнуваат полова зрелост за возраст од три години, а бременоста трае 11-12 месеци. Процесот на размножување има сезонски карактер, што во Монголија се случува од крајот на мај, јуни или јули. Мажјаците почнуваат да се парат на возраст од пет години. По инстинкт, мажјакот почнува да собира своја група со кобили или бара постоечка група со водач. Во вториот случај, дојдениот мажјак се бори со него за превласт, а потоа женките го следат победникот. Ждребгето застанува на нозе речиси штом ќе се роди (за еден час) и може веднаш да оди.

Особености

Пржевалскиевиот коњ има набиена градба во однос на домашниот коњ, а нозете му се пократки. Висок е околу 122–142 см, долг е 2,1 м и тежи приближно 300 кг. По боја е сивокафеав, со посветли делови оздола, околу очите и на муцката. Гривата е исправена и темнокафеава, слабините се светлокафеави, а стомакот и деловите околу муцката му се жолтеникаво бели. Нозете често имаат бледи пруги, кои исто така претставуваат примитивни белези. Опашката е долга 90 см, со подолга основа, а пократки влакна од домашните раси.

Задните копита му се подолги од предните и имаат значајно подебел табан од другите коњски раси.

Има 66 хромозоми, споредено со 64 кај сите други видови коњи.

Исхрана

Пржевалскиевиот коњ се храни претежно со растенија како пирејот, остриката (Carex), бобовите и главоцветните растенија. Претпочитаат разни растенија во разни годишни времиња: напролет сакаат пиреј (Elymus repens), сребреника (Corynephorus canescens), валиски виук (Festuca valesiaca) и бела лобода (Chenopodium album). На почетокот на летото претпочитаат ежевка (Dactylis glomerata) и детелина (Trifolium), а кон крајот на летото пиреј и птичја глушина (Vicia cracca). Зиме јадат врба (Salix), круша (Pyrus communis), диво јаболко (Malus sylvatica), бел бор (Pinus sylvestris, роза (Rosa) и евла (Alnus). Покрај тоа, знаат да копаат по виук (Festuca spp.), безосилеста класатка (Bromus inermis) и пиреј што расте под снегот и мразот. Зимската исхрана е мошне слична на онаа на домашниот коњ. Во овој период, матаболизмот им забавува и храната ја варат побавно отколку во другите периоди. Начелно земено како вид, Пржевалскиевиот коњ најчесто се храни со пиреј, црвена детелина (Trifolium pratense), птичја глушина, обична ливадарка (Poa trivialis), ежевка и класатка.

Поврзано

Пржевалскиев Коњ: Таксономија, Бројност, Размножување 
Пржевалскиев коњ во Зоо Скопје.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пржевалскиев Коњ ТаксономијаПржевалскиев Коњ БројностПржевалскиев Коњ РазмножувањеПржевалскиев Коњ ОсобеностиПржевалскиев Коњ ИсхранаПржевалскиев Коњ ПоврзаноПржевалскиев Коњ НаводиПржевалскиев Коњ Надворешни врскиПржевалскиев КоњБиномна номенклатураВид (биологија)Живеалиште (екологија)Загрозен видМонголски јазикПодвидСтепаТаксономија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Борис ПисториусКиро ГлигоровЈустинијан IГипсПроливБистрица (Велешко)Единствена МакедонијаПанде ПетровскиГликемијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМарјан Божиновски26 априлРесенПростатаМеѓународен аеродром СкопјеВодолија (хороскопски знак)Државни празници во БугаријаК-15Македонски парламентарни избори, 2008КипарОслободителна Народна АрмијаИнтеграСписок на претседатели на САДСолунска ГлаваИнфективна мононуклеозаРодина МакедонијаБилјана ВанковскаАмерикаСолунНикола Димитров (дипломат)Табла (игра)Историја на Македонија (1991 - денес)БлогЛокални избори во Македонија (2017)Јоаким КрчовскиПравопис и правоговор на македонскиот јазикСтобиУкраинаКокошкаМакедонски претседателски избори, 2009Македонски парламентарни избори (1998)КрушевоЦрвен крст на МакедонијаТумор на мозокЛимфомСловачкаОпштина Старо НагоричанеРак на дојкаФранцијаРадовишЧовечки папиломен вирусТромбоцитопенијаБлузАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанКарлес ПуџдемонИшијасТимчо МуцунскиДаунов синдромУпад во Собранието на Македонија (2017)ЛибанФилипиниЈугославијаДимитар АпасиевДекарДемократска унија за интеграцијаБелгијаВили БрантФудбалStaphylococcus aureusСписок на змии во МакедонијаЃорѓија СајкоскиТестостеронДемократи (политичка партија)Лила СтојановскаОпштина Ѓорче Петров26 Април (спортска сала)Слепо црево🡆 More