Превој

Превој, превал, превалец, преслап или пресека – е слегнат дел од планина преку кој обично води пат од едната до другата страна на планината.

Вообичаено на превојот се наоѓа точката со најголема надморска височина на патот на таа делница.

Превој
Идеализиран превој претставен како зелена линија; превојната точка е обележена со црвено.

Низ историјата планините им претставувале препрека на трговците, војниците и останатите патници. Превоите се стратешки војни точки бидејќи лесно може да се контролира сообраќајот преку него.

Превои во Македонија

Најкарактеристични палеоземјишни облици кои се зачувани на територијата на Република Македонија се остатоци од преграбенските или прелимниските, односно преезерски долини. Тоа се доловите, а некаде и речни тераси од старите речни долини, кои постоеле пред распарчувањето на старата балканска маса. Тогашната речна мрежа имала поинакви правци на речни долини. Една таква долина била долината на Ѓаватска Река, која доаѓала од запад и течела кон југоисток, во правец на Егејскиот дел на Македонија. Со радијалните тектонски движења Ѓаватска Река била распарчена, при што се спуштиле Охридската и Преспанската Котлина и Пелагонија, а се издигнале околните планини. Остатоци од оваа река во вид на фосилен-флувијален релјеф - речни тераси и речен нанос од песок и чакал, се наоѓаат на надморска височина на денешните патни правци на превлаците: Буково - 1207 м (помеѓу Охридската и Преспанската Котлина) и Ѓавато - 1067 м (помеѓу Преспанска Котлина и Пелагонија).

Превлаци, односно превои како релјефни траги од старите речни долини има на повеќе места во Република Македонија. Такви се Плетвар (995 м), Присад (1093 м) меѓу Пелагонија и Повардарието, потоа Буковиќ (1.185 м), Стража (1.212 м) меѓу Полошката и Кичевската Котлина, Пресека (1.082 м) меѓу Кичевска Котлина и Дебрца, Калдармибогаз меѓу Полог и Скопска Котлина, Барбарас и Уши помеѓу Порече и Пелагонија и др.

Галерија

Наводи

Tags:

Надморска височинаПатПланина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски претседателски избори, 2009Локални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПридавки во македонскиот јазикАнтичка МакедонијаАлцхајмерова болестВлада на Љубчо ГеоргиевскиЈане СанданскиДаме ГруевДонтов методАлтернатива (политичка партија)Александар III МакедонскиРастенијаИзборна единица 9Бела мечкаОпштина КривогаштаниРусијаМасакр кај КарпалакХристијанствоВанчо ШехтанскиГустав ШвабМакедонски претседателски избори, 1999Масакр кај ВејцеПочваОпштина БитолаАлшарВтора светска војнаОНАОпштина СтрумицаДесет Божји заповедиВелко НеделковскиМакедонски парламентарни избори (2002)Алијанса за АлбанцитеРевматоиден артритисМакедонски претседателски избори (2009)Општина СтуденичаниБактерииГРОМКамилаМакедонски парламентарни избори (1986)СтобиДемократска партија на Србите во МакедонијаСтругаЖолто МореГордана СилјановскаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаМечкаДневникот на Ана ФранкМакедонски парламентарни избори (2011)ГлаголицаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаПустина (роман)ТетовоГолосеменициКичевоЃорче ПетровОпштина Чучер-СандевоЉубчо ГеоргиевскиПиреј (роман)ПапратПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеСписок на главни градови во светотОстеопорозаМиланоТриаголникХазби ЛикаБујар ОсманиДПАЧовекМакедонски претседателски избори (2014)Гарванот (поема)Јужна ЕвропаБосна и ХерцеговинаТромбоцитопенијаГзим ОстрениГлас за МакедонијаАнгинаФилип Петровски🡆 More