Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Социјалистичката Федеративна Република Југославија позната и под скратеното име СФРЈ или само Југославија била поранешна европска и балканска држава која постоела од 1943 до 1992 година. Југославија била создадена на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 6 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора). Првото име на федерацијата било Демократска Федеративна Југославија. Тоа име било променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград и федерацијата го добила името Федеративна Народна Република Југославија, за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија. СФРЈ се граничела со Италија и Австрија на северозапад, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, и Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско Море. Југославија била важен член на Движењето на неврзаните за време на Студената војна.
Распадот на СФРЈ бил обележан со низа насилни конфликти на територијата на поранешна Југославија од 1991 до 2001. Војните се одликуваат со жестоки етнички конфликти помеѓу народите на поранешна Југославија, главно меѓу Србите од една и Хрватите, Бошњаците и Албанците од друга страна. Исто така постоеле конфликти и меѓу Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина и Македонците и Албанците во Македонија. Овие обвинети за војни злочини од страна на Меѓународниот Кривичен Трибунал за бивша Југославија основан од страна на Обединетите Нации.
СФРЈ се распаднала во деведесеттите години на дваесеттиот век.После смртта на Јосип Броз Тито, Косовските Албанци почнале да бараат статус на република за Косово. Српскиот државен врв во текот на 1989 и 1990та година извршил промени на власта во Црна Гора, Војводина и на Косово,така да добивајќи контрола врз половина Југославија,и исто така добил контрола над 4 од 8те гласови во претседателството на Југославија. После тоа, Словенија и Хрватска прогласуваат независност во 1991 година,а после една година тоа го направија и Босна и Херцеговина и Република Македонија.
Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito; Кумровец, 7 мај 1892 - Љубљана, 4 мај 1980) бил југословески комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија. Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.
Историја | Хронологија | АВНОЈ | Јосип Броз - Тито | Војни |
---|---|
Гографија | Градови | Планини | Езера | Национални паркови | Реки |
Влада | Устав | Републики | Покраини | Општини | Војска | Претседател |
Политики | Комунистичка Партија на Југославија | Избори |
Економија | Земјоделство | Комуникации | Транспорт |
Култура | Уметност | Кино | Кујна | Образование | Литература | Музика | Државни празници | Медиуми | Спорт |
Друго | Листа на Југословени|Знаме на СФРЈ| Знамиња на југословенските социјалистички републики| Грб на СФРЈ |Грбови на југословенските социјалистички републики | Еј, Словени | Братство и единство |Југословенски динар |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Портал:СФРЈ, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.