Босна и Херцеговина или скратено БиХ е држава во југоисточниот дел на Европа, сместена на западниот дел од Балканскиот Полуостров.
На север, запад и југозапад граничи со Хрватска, а на исток со Србија. На југоисток граничи со Црна Гора. Главен град е Сараево. Независност БиХ прогласува со референдумот кој се одржал во 1992 година. Според пописот од 2006 година, населението на БиХ изнесдува 4 498 976. Порано беше една од федералните единици на Југославија. Босна и Херцеговина се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, на западниот дел од Балканот. Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 км2. Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 km, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 km и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 km. Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географки и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42.000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други. (Дознајте повеќе...)
Државната химна на Босна и Херцеговина (босански, хрватски и српски:Državna himna Bosne i Hercegovine) е државната химна на Босна и Херцеговина која понекогаш се нарекува и Интермецо, оригиналниот назив на химната. Химната била усвоена на 25 јули 1999. Оваа химна ја заменила претходната химна Една си единствена, кога биле заменети и грбот и знамето на државата. Текстот и музиката се напишани од Душан Шестиќ. Текстот на химната сè уште треба да се одобрат од страна на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Собранието на Босна и Херцеговина и Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина. (Дознајте повеќе...)
|
Здравко Чолиќ (српски: Здравко Чолић, босански: Zdravko Čolić) (роден 30 мај, 1951 во Сараево, Југославија) е босанско-српски поп-пејач, популарен ширум цела бивша Југославија. Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.
Чолиќ бил претставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приђеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија. (Дознајте повеќе...)
Повеќе за Bosnia and Herzegovina на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Портал:Босна и Херцеговина, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.