Обичен Галеб

Обичниот галеб (науч. Larus canus) — вид птица од семејството галеби (Laridae).

Обичен галеб
Обичен Галеб
Возрасен обичен галеб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Дождосвирни
Семејство: Галеби
Род: Larus
Вид: L. canus
Научен назив
Larus canus
Linnaeus, 1758

Го има во Македонија.

Опис

Возрасниот обичен галеб личи на трипрстиот галеб. Расте до 43 см и достигнува распон на крилјата од околу 120 см. Тежок е меѓу 300 и 350 гр. Пердувите му се бели, а горната страна на крилјата им е обоена во сиво. Врвовите на крилјата им се црно-бели, додека клунот и нозете, зеленкасто жолти. Младите птици дури во третата година ги добиваат тие бои. Пердувите на мажјаците и женките не се разликуваат. Обичниот галеб може да доживее до 25 години. Огласувањето им звучи како „киеее“ или „киааа“.

Живеалиште

Обичните галеби најчесто живеат на бреговите на морињата, а само ретко можат да се видат на бреговите на слатките води. Распространети се во Северна Европа и Средна Европа. Некои обични галеби ја поминуваат зимата покрај вода, или се селат во Јужна Европа сè до брегот на Северна Африка.

Обичен Галеб 
Штотуку изведено пиле на обичен галеб
Обичен Галеб 
Larus canus canus

Исхрана

Обичните галеби се хранат со риби. Покрај рибите, јадат и црви, инсекти, делови од растенија и отпадоци. Како и другите галеби, доѓаат на зелени површини и полиња, и јадат сè што е хранливо.

Размножување

Половата зрелост настапува околу третата година. Времето на размножување кај обичните галеби е од мај до јули. Обичните галеби се вгнездуваат во колонии. Гнездото го прават на сува земја со мала вегетација, за родителите да имаат отворен поглед на околината. Растојанието од гнездо до гнездо е меѓу 5 и 20 метри. Женката најчесто снесува 3 јајца во гнездото направено од растенија. Родителите лежат на јајцата 23 до 28 дена, додека да излезат малите галеби. За време од четири до пет недели од изведувањето, галебите можат да летаат.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Обичен Галеб ОписОбичен Галеб ЖивеалиштеОбичен Галеб ИсхранаОбичен Галеб РазмножувањеОбичен Галеб НаводиОбичен Галеб Надворешни врскиОбичен ГалебБиномна номенклатураГалебиМакедонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПелистерНикола КљусевВеројатностЈохан ТарчуловскиГликемијаЗвукРак на белите дробовиМакедонски народни инструментиМала РечицаДрамаСистемски лупус еритематозусИндонезијаЅвезда од КутлешКалеш АнѓаИзраелИсламизацијата во МакедонијаОпштина Центар ЖупаЈордан КамчевМитко ЧавковОпштина НовациЧовечки папиломен вирусМртво МореГрад СкопјеКирилицаХолокаустТриаголникДржавни празници во МакедонијаВелесХипотироидизамХепатит ЦВелигденГолемата вода (роман)КонсензусЉубомир ГајдовЗемји членки на Европската УнијаСтефан ЛазаровНационален парк МавровоСписок на реки во МакедонијаСтале ПоповВтора светска војнаГрадинарствоПиринска МакедонијаЈудаизамОпштина Кисела ВодаПартија за движење на Турците во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2011)Вооружена престрелка во Куманово (2015)Загадување на воздухотЗмијаСедум светски чуда на античкиот светРадмила ШекеринскаПетар ПанДебрцаТоше ПроескиИзборни единици во МакедонијаОпштествено уредувањеКристина АгилераМакедонски АлбанциПаркинсонова болестСардинијаИлијадаСписок на Влади на МакедонијаВитамин Б6Никола ПопоскиМовКисел дождДржавни празници во БугаријаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаДостоинство (политичка партија)Општина Маврово и РостушеИзборна единица 5МамутчевоИнфективна мононуклеозаГРОМДемократска партија (Македонија)🡆 More