Мајк Пенс: американски политичар

Мајкл Ричард „Мајк“ Пенс (роден на 7 јуни 1959) — американски политичар, поранешен гувернер на Индијана и потпретседател на САД.

Мајк Пенс
Mike Pence
Мајк Пенс: американски политичар
48. потпретседател на САД
Стапува
20 јануари 2017
Претседател Доналд Трамп
Претходник Џо Бајден
50. Гувернер на Индијана
На должноста
14 јануари 2013 – 9 јануари 2017
Лични податоци
Роден(а) Мајкл Ричард Пенс
7 јуни 1959(1959-06-07)(64 г.)
Колумбо, Индијана, САД
Партија Републиканска партија
Сопружник Карен Бејтен (в. 1985)
Деца 3
Установа Колеџ Хановер (Диплома за уметности)
Правен факултет Роберт Х. Мекини, Универзитет Индијана (докторат)
Потпис Мајк Пенс: американски политичар

На функција потпретседател на САД стапува на 20 јануари 2017 година. Пред извршување на функцијата потпретседател, Мајк Пенс бил 50-ти гувернер на државата Индијана во периодот од 2013 до 2017 година. Исто така тој бил и член на Претставничкиот дом на САД од 2001 до 2013.

Пораснат во Колумбо, Индијана, дипломирал на Универзитетот во Индиана (Robert H. McKinney School of Law). По завршувањето на високото образование тој ја започнува својата политичка кариера. По губењето на двете шанси за да добие место во Американскиот конгрес (1988 и 1990), тој станува водител на конзервативна радио-тв програма од 1994 до 1999 година. Подоцна во 2000 година Пенс ќе биде избран во Американскиот конгрес и таму ќе ja претставува неговата држава Индијана (2-ра област) и 6-та област во Претставничкиот дом на САД во период од 2001 до 2013 година. Тој ќе биде и претседател на Републиканската конференција (2009 до 2011). Мајк Пенс важи за „принципиелен конзервативен политичар‘‘ и поддржувач на конзервативното ‚‚Tea Party‘‘ движење, наведувајќи постојано дека тој е ‚‚христијанин, конзервативец и републиканец, по овој редослед‘‘.

Откако станува Гувернер на Индијана, јануари 2013 година, Пенс го иницира најголемото даночно намалување во историјата на државата Индијана и поттикнува зголемување на средствата за нови иницијативи во образованието.

Мајк Пенс е познат во јавноста и како голем противник на абортусот и правата на ЛГБТ. Со потпишувањето на Законот за верски слободи(Religious Freedom Restoration Act), тој ќе наиде на силен притисок од страна на некои членови на неговата партија, деловната заедница и лгбт кои ќе сметаат дека со тој закон се дискриминираат правата на геј популацијата. Кратко потоа, тој ќе потпише закон со кој се забранува дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, родов идентитет и други основи.

На 8 ноември 2016 година, Пенс беше избран за потпретседател, откако во јули ја напуштил својата кампања за гувернаторски реизбор во Индијана. Тој во својство на кандидат за потпретседател на државата заедно со тогашниот кандидат-претседател Доналд Трамп трчаа да ги добијат Претседателските избори во САД (2016) и со тоа да ги освојат двете највисоки функции во САД, Претседател на Соединетите Американски Држави (Д.Т) и Потпретседател на Соединетите Американски Држави (Мајк Пенс). На тие избори нивен против кандидат беше Хилари Клинтон.

Мајк Пенс: американски политичар
Мајк Пенс и неговата сопруга Керен

Наводи

Tags:

19597 јуниАмериканциИндијанаПолитичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СценариоДискус хернијаАдолф ХитлерСписок на македонски народни и староградски песниК-15Предлози во македонскиот јазикХуманизам и ренесансаГепардЈосип Броз-ТитоМакедонски АлбанциИзвори на енергијаКавалКафеава мечкаХајди (роман)Миом на маткаГригор ПрличевНорвешкаЛазарова саботаАвстралијаКарпошНикола КоперникАлшарЗевсЗлосторство и казнаРак на белите дробовиКошаркаТом СоерБосна и ХерцеговинаМачкаАкумулаторШехзаде Мустафа (син на Сулејман I)КружницаМилан ЗавковПрва светска војнаПрилепАфрикаИстанбулЕвреиАнтибиотикЛанец на исхранаДесет Божји заповедиСврзникОслободување на Македонија во Втората светска војнаШеќерна приказнаStaphylococcus aureusНикола ГруевскиАДХДЗемја (планета)МечкаАвантурите на Том СоерВасил ИљоскиХрватскаМакедонски месециНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаТигарМултипла склерозаСедум светски чуда на античкиот светБлага ПетрескаЧкембариДаниел ДефоЗабШвајцаријаГудачки инструментиТорсхавнКозјак (езеро)Стале ПоповЗора зад аголот (роман)Немања ГудељЕвроБроеви во македонскиот јазикСтомакОхридско ЕзероСолунски атентатиКласицизамКуранХидроксидКоличникДелење🡆 More