Кочиште: село во Општина Демир Хисар

Кочиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кочиште
Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Кочиште

Кочиште во рамките на Македонија
Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Кочиште
Местоположба на Кочиште во Македонија
Кочиште на карта
Координати 41°20′40″N 21°10′17″E / 41.34444° СГШ; 21.17139° ИГД / 41.34444; 21.17139
Регион Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Демир Хисар
Област Железник
Население 10 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 16012
Надм. вис. 746 м
Слава Св. Никола
Кочиште на општинската карта
Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Кочиште во рамките на општината
Кочиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кочиште на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри.

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 820 хектари, на пасиштата отпаѓаат 184 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.

Околни села: Брезово од запад, Радово и Растојца од југ, Острилци од исток, Долно Дивјаци и Зашле од север, како и со градот Крушево од североисток.

Историја

Селото се споменува во отоманските документи од 1639 година (помеѓу 2 и 11 јули), во една гаранција за заем, каде што е запишано дека жителите од село Кочиште - Демирхисарско, зеле 5.700 акчиња на заем од лицето познато како Базирѓан-заде. Како гарант се јавува Али, субашија.

Во XIX век, Кочиште било село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има поледелско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948267—    
1953284+6.4%
1961274−3.5%
1971177−35.4%
1981110−37.9%
ГодинаНас.±%
199157−48.2%
199445−21.1%
200238−15.6%
202110−73.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кочиште имало 320 жители, од кои 120 Македонци христијани и 200 Албанци муслимани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочиште имало 296 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кочишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Кочиште е мало село, кое во 1961 година броело 274 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 45 жители македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 38 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 296 267 284 274 177 110 57 45 38 10

Родови

Кочиште е македонско село, а во минатото имало и Албанци во селото.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

  • Староседелци: Златановци или Најдовци (3 к.), Ристевци (1 к.), Трајчевци (2 к.) и Сиљановци (1 к.). Трајчевци пред 1903 година избегале во Растојца, па се вратиле. И Сиљановци избегале во Крушево, па се вратиле.
  • Доселеници: Јанкуловци (2 к.), Јоновци (5 к.) и Стевановци (1 к.), доселени се од селото Радово, Јанкуловци од османлиско време живее во селото, а останатите два рода се доселени после пропаста на Османлиите; Гроздановци (2 к.), доселени се во 1933 година од Крушево; Спасеновци (2 к.), Никодиновци (2 к.), Илијовци (9 к.), Јанкуловци (2 к.), Крстевци (2 к.) и Малци (1 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Зашле, таму имаат роднини; Шабан (1 к.), името го добиле по прекар. Доселени се преку Зашле од селото Брезово, таму припаѓале на родот Гаревци; Димовци или Вељановци (1 к.) и Митрушковци (2 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Растојца, таму имаат роднини; Петковци (1 к.) и Грујовци (4 к.), доселени се од селото Долно Дивјаци во 1915 година, таму имаат роднини; Петревци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Горно Дивјаци; Кузмановци (2 к.), доселени се во 1918 година од селото Слоештица.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Кочиште, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 639 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Личности

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

  • Од Златановци во: Крушево (едно семејство).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кочиште Географија и местоположбаКочиште ИсторијаКочиште СтопанствоКочиште НаселениеКочиште Самоуправа и политикаКочиште Културни и природни знаменитостиКочиште ЛичностиКочиште ИселеништвоКочиште ГалеријаКочиште НаводиКочиште Надворешни врскиКочиштеДемир ХисарЖелезникОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кочо РацинПретседател на МакедонијаЃорѓи АбаџиевАли АхметиНепалБојан (роман)РадолиштаОпштина КичевоМРП вакцинаМакедонски претседателски избори (2019)РајчицаКошаркаАдам и ЕваЗемја (планета)Одбивање (физика)Даут-пашин амамВардарМатка (кањон)Северна АмерикаАбортусГаличицаРак на грлоПринцезата на зрно грашокЈан Амос КоменскиКорабКирил ЛазаровФашизамПодгорциКамено времеКирхофови закони за струјното колоПеш по светотЊутнови закониОпштина Чучер-СандевоШизофренијаПланетаДијана (принцеза од Велс)ПоплаваРусијаИсторија на христијанствотоРасказИстанбулТелевизијаКалеш АнѓаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваРадождаПодметПаркинсонова болестРамазанКиро ГлигоровС’ботскоЗНАМОпштина Ново СелоПравоаголникОпштина КрушевоЕлена ЗагорскајаЕп за ГилгамешБајкаФилип РикерЖолчкаИталијаГоран СтефановскиСкопјеВоен конфликт во Македонија (2001)Стојан АндовОпштина КарпошИсламХипотироидизамСписок на македонски филмовиМали ВлајОксидПетар Поп АрсовСписок на птици во МакедонијаОпштина КончеИзвори на енергијаСреброПечалбариАнална фисура🡆 More