Долно Дивјаци: село во Општина Крушево, Македонија

Долно Дивјаци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Долно Дивјаци
Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Долно Дивјаци

Долно Дивјаци во рамките на Македонија
Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Долно Дивјаци
Местоположба на Долно Дивјаци во Македонија
Долно Дивјаци на карта
Координати 41°23′21″N 21°11′4″E / 41.38917° СГШ; 21.18444° ИГД / 41.38917; 21.18444
Регион Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Крушево
Население 27 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16009
Надм. вис. 860 м
Долно Дивјаци на општинската карта
Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Долно Дивјаци во рамките на општината
Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Долно Дивјаци на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот висок северозападен дел на територијата на Општина Крушево, на јужните огранки на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 860 метри. Од градот Крушево е оддалечено 6,6 километри. Низ самото село води регионалниот пат 2337.

Се наоѓа во близина на Крушево со убава местоположба со две реки. Една од нив е Жаба, една од поголемите притоки на Црна Река.

Историја

Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба, каде имало и стара црква.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 756,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 385,5 хектари, а на обработливото земјиште 54,7 хектари.

Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.

Дел од населението се занимава со производство на вар.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948288—    
1953304+5.6%
1961302−0.7%
1971230−23.8%
1981118−48.7%
ГодинаНас.±%
199171−39.8%
199457−19.7%
200259+3.5%
202127−54.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долно Дивјаци имало 230 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Дивјаци имало 264 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Ова село не е многу големо и тоа, во 1961 година броело 302 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 57 жители македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 59 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 25 Македонци, 1 останат и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 264 288 304 302 230 118 71 57 59 27

Родови

Долно Дивјаци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

  • Староседелски и доселенички со непозната старина: Грујовци или Богдановци (19 к.), Велевци (6 к.), Пејчиновци (10 к.), Тупачовци (10 к.) и Џивџаковци (1 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Калевци (5 к.), доселени се од мијачкото село Лазарополе, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 80 г. во 1951 година) Трајко-Кале-Вељан, се доселил некој дедо негов; Јанчевци (1 к.), предокот кој се доселил (Јанче) дошол како слуга во Пејчиновци од мијачкото село Галичник, го знаат следното родословие: Милан (жив на 68 г. во 1951 година) Стојан-Јанче, кој се доселил.

Иселеништво

До 1951 година иселеници од селото имало во Србија (Белград, Јабука и Качарево), во Бугарија, Прилеп, селото Славеј кај Прилеп, Кочишта кај Демир Хисар, но и по околните села како домазети.

Посилен бран на иселување имало после 1960 година.

Општествени установи

Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Долно Дивјаци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Долно Дивјаци, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1206 според Државната изборна комисија, сместенo во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место влегува и селото Арилево.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Долно Дивјаци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Личности

    Родени во или по потекло од Долно Дивјаци
  • Ставре Димитријоски (1880-1943) — македонски револуционер, познат како Ставре Војвода, убиен во месноста Црвењца заедно со неговата жена додека жниеле;
  • Симон Кисковски — француски и македонски стопанственик и информатички инженер;
  • Максим Трајков Велески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Стеван Трајков Калески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Миле Јонов Горчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Петре Јонов Горчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Милан Стојан Јанчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Јоан Кусески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Блаже Велев Настоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Софроние Крстев Петкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Наќе Кискоски — македонски партизан.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Долно Дивјаци Географија и местоположбаДолно Дивјаци ИсторијаДолно Дивјаци СтопанствоДолно Дивјаци НаселениеДолно Дивјаци Општествени установиДолно Дивјаци Самоуправа и политикаДолно Дивјаци Културни и природни знаменитостиДолно Дивјаци ЛичностиДолно Дивјаци ГалеријаДолно Дивјаци НаводиДолно Дивјаци Надворешни врскиДолно ДивјациКрушевоОпштина Крушево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крсте Петков МисирковМерилендЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоПетре М. АндреевскиИсус ХристосОпштина Гази БабаСложена реченицаКопа АмерикаШвајцаријаСтевчо ЈакимовскиРомски јазикБубрежен каменДолна БелицаПолицијаМетодија Андонов-ЧентоИсламЛимфоцитЈудаизамЃорче ПетровТројанска војнаВладимир ПутинАнте ПоповскиТутунМислодеждаЦирозаКонстантин МиладиновСписок на градови во МакедонијаМитЛокални избори во Македонија (2017)Општина БоговињеРепродуктивен системФиброаденомИталијаДемографија на МакедонијаМјузиклФранцијаКога тргнав ЦветоРадолиштаАвантурите на ПинокиоСрпска кирилична азбукаРазловечко востаниеМакедонски парламентарни избори (2011)Рак на грлоПавле ТрајановСолунски атентатиЖелудникХристијанизација на Киевска РусијаЦар Едип (драма од Софокле)Општина ДојранАјдучка треваБуринецСтар заветТелефонВевчаниГраматички категории на именките во македонскиот јазикКокино (наоѓалиште)Свети Климент ОхридскиСписок на државни знамињаФудбалГуливеровите патувањаФудбалска репрезентација на КолумбијаКокошкаЛирикаСловенска писменостКронова болестПреспански договорПодгорциНаталитетТаџикистанЈугославијаВелесБигорски манастирМочуриштеСузан АкбелгеИсторија на Бугарија🡆 More