Кедар

во текстот

Кедар
Кедар
Хималајски кедар (Cedrus deodara)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Кедар
Trew
Видови

Кедарот (науч. Cedrus) — род на четинари од семејството на боровите (Pinaceae). Овие дрвја се автохтони во Средоземјето, на височина од 1.000–2.200 м и западниот дел на Хималаите, на височина од 1.500–3.200 м.

Опис

Кедар 
Иглички на атлантски кедар (C. atlantica)

Овие дрвја растат до висина од 30–40 м (напати и до 60 м) и имаат мирисливо смолесто дрво, дебела испапчена или квадратно испукана кора и широки рамни гранки. Леторастите (изданоците) се од два типа: долгорасти, кои го кочинуваат костурот, и краткорасти на кои се наоѓа зеленилото. Листовите се зимзелени иглички со должина од 8–60 мм, распоредени во отворена спирала на долгорастите и збиени снопчиња од по 15–45 на краткорастите. По боја се движат од светлозелени до темнозелени и пепелави синозелени, зависно од дебелината на восочниот слој што ги штити од сушење. Шишарките имаат облик на буренца, долги се 6–12 см и широки по 3–8 см. Неузреаните се зелени, а зрелите имаат сивокафеава боја. При полна зрелост се распаѓаат и испуштаат семки со крилца. Семките се долги 10–15 мм, а крилцата по 20–30 мм. Секоја семка има по 2–3 „отока“ што содржат смола со непријатен вкус, како одбрана од верверички. Шишарката узрева за една година, а опрашувањето се врши на есен. Семките достигнуваат зрелост во истото време следната година. Поленовите шишарчиња излегуваат кон крајот на летото и го испуштаат поленот на есен. По облик се јајцевидни и долги 3–8 см.

Кедарот во Македонија

Во Македонија растат и успешно се одгледуваат атлантскиот (C. atlantica), либанскиот (C. libani) и хималајскиот кедар (C. deodara). Покрај стопанската употреба, дрвјата се застапени и по градовите како хортикултурно уредување.

Таксономија

Родот има пет таксона, од кои четири се видови и еден е подвид:

  • хималајски кедар (C. deodara, syn. C. libani subsp. deodara) — западни Хималаи. Листовите се светлозелени до бледи синозеленкасти, долги 25–60 мм; шишарките имаат малку засртени лушпи.
  • либански кедар (C. libani) — шишарките имаат мазни лушпи; два до четири подвида:
    • либански кедар (C. libani subsp. libani) — планини во Либан, западна Сирија и јужно-централното подрачје на Турција. Листовите се темнозелени до синозелени, долги 10–25 мм. Автохтониот ареал на овие дрва е прочуената шума на „Божјите кедри“ од Библијата.
    • турски кедар (C. libani subsp. stenocoma) — планини во југозападна Турција. Листовите се пепелесто синкаво-зелени, долги 8–25 мм.
  • кипарски кедар (C. brevifolia, syn. C. libani subsp. brevifolia, C. libani var. brevifolia) — планини на Кипар. Листовите се синозелени, долги 8–20 мм.
  • атлантски кедар (C. atlantica, syn. C. libani subsp. atlantica) — венец Атлас во Мароко и Алжир. Листовите се темнозелени до синозелени, долги 10–25 мм.

Екологија

Кедрите се приспособени да живеат на планинска клима. Во Средоземјето зиме се во снег, а лете на суша, додека пак во западните Хималаи добиваат вода претежно преку летни монсунски врнежи.

Зеленилото е храна за ларвите на некои пеперутки.

Употреба

Кедар 
Талпа од кедрово дрво

Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурата краишта каде зимската температура не оди под −25 °C. Турскиот кедар е малку поотпорен, и издржува до −30 °C. При пониски температури дрвјата обично умираат. Успешни и долготрајни одгледувачи на кедар се земјите од Средоземјето, западна Европа и на север до Британија, јужна Австралија и Нов Зеланд, како и југот и западот на Северна Америка.

Дрвото и маслото на кедарот се природна одбрана од молци, и затоа се користат за обложување на внатрешноста на креденци и сандаци каде се чуваат волнени облеки. Оваа употреба на кедарот е спомената уште во ХомероватаИлијада“ (Книга 24), каде Пријам оди во одаја обложена со кедрово дрво за да земе скапоцености со кои би си ја откупил слободата. Од кедар се прават и калапи за чување чевли бидеќи дрвото ја впива влагата и непријатната миризба.

Кедарот како мотив во уметноста

  • „Младиот кедар“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1979 година.

Поврзано

  • Либански кедар
  • Цедрела — несродно растение со сличен назив

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кедар ОписКедар от во МакедонијаКедар ТаксономијаКедар ЕкологијаКедар УпотребаКедар от како мотив во уметностаКедар ПоврзаноКедар НаводиКедар Надворешни врскиКедар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВикиВолкБиполарно растројствоЧир на желудникотСписок на реки во МакедонијаСвети Климент ОхридскиРустем-пашаПоезијаМакедонска азбукаЛила СтојановскаМагареПингвинПунски војниОнлајн покерПоштенски броеви во МакедонијаГоран СтефановскиОперација Планинска бураДрамаАтинаФудбалска репрезентација на Црна ГораАлександар МикиќТетовоИнфективна мононуклеозаРимСолунска афераТрапезНародна носијаЧичко ГориоЈапонофилијаМилан ЗавковДен на востанието на МакедонијаЕлектрична струјаМакедонска граматикаНедоразбирање (драма)Морфологија на македонскиот јазикDNKЕпитетКрвна групаКанадаИсторија на македонскиот народДимитар СолевНатриумДиазепамФотосинтезаСрцева слабостАргентинаЕрусалимШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)Советски СојузДанте АлигиериСписок на држави и територии по површинаГостиварЛионел МесиЕвропаМакедонски претседателски избори (2019)АутизамПетар ГеоргиевскиБлаговештениеЦрни и жолтиКонтрацепцијаИнтернетПубертетВасил ИљоскиИфтарНародна Република КинаСудска властСтево ПендаровскиФранцијаКвадратЧовечко телоРајна АлексоваПластикаХепатитРајко Жинзифов🡆 More