Камбрија: грофовија во Англија

Камбрија (англиски: Cumbria) ― церемонијална грофовија во Северозападна Англија.

На север се граничи со шкотските управни области Дамфрис и Галовеј и Шкотски Граници, на исток со Нортамберленд и грофовијата Дарем, на југоисток со Северен Јоркшир, на југ со Ланкашир и на запад излегува на Ирско Море. Најголем град во Камбрија е Карлајл.

Камбрија
Церемонијална грофовија
Камбрија: Име, Галерија, Познати луѓе
Камбрија: Име, Галерија, Познати луѓе
Камбрија: Име, Галерија, Познати луѓе
Езерото Дервентвотер во Лејк Дистрикт, кула на тврдината во Карлајл и брегот во Сент Бис
Местоположба на Камбрија во рамките на Англија
Местоположба на Камбрија во рамките на Англија
ДржаваОбединето Кралство
Составна државаАнглија
РегионСеверозападна Англија
Основана1 април 1974
Часовен појасСредно време по Гринич (UTC±00:00)
 • Лете (ЛСВ)Британско летно време (UTC+01:00)
Најголем градКарлајл

Грофовијата е претежно рурална, со површина од 6769 км2 и со население од 500.012 жители; според ова Камбрија е трета по површина церемонијална грофовија во Англија. По Карлајл (74.281), најголеми градови се Бароу-ин-Фернес (56.745), Кендал (29.593) и Вајтхејвен (23.986). За потребите на локалната самоуправа, грофовијата е поделена на две области: Вестморленд и Фурнес и Камберленд. Камбрија е создадена во 1974 година од историските окрузи Камберленд и Вестморленд, областа Фурнес во Ланкашир и мал дел од Јоркшир.

Камбрија е позната по природната убавина и има многу заштитени области; Во Камбрија се наоѓа националниот парк Лејк Дистрикт и подрачјето со исклучителна природна убавина (AONB) Солвеј Кост и делови од националниот парк Јоркшир Дејлс, Арнсајд и Силвердејл и Северните Пенини. Сите тие ги штитат планините, езерата и крајбрежјето на грофовијата, вклучувајќи го и Скафел Пајк, која со 978 метри е највисока планина во Англија и Виндермир најголемо езеро по волумен во Англија.

Грофовијата има неколку неолитски споменици, како што е Мајбург Хенџ. Грофовијата се наоѓала на границата со Римска Британија, а Адријановиот ѕид минува низ северниот дел од грофовијата. Во раниот среден век, делови од регионот им припаѓале на Регед, Нортамбрија и Стратклајд, а била и под владение на Викинзите. Потоа била граница меѓу Англија и Шкотска која не била решена до Сојузот на круните во 1603 година. За време на Индустриската револуција, на јагленовото поле во Камберленд се развило рударството, а Бароу-ин-Фернес станал центар за бродоградба. Сепак, Камбрија не била многу индустријализирана, а Лејк Дистрикт станал ценет поради живописната природа, најмногу од езерските поети.

Име

Имињата Камбрија и Камберленд значат „земја на Камбријците“ и се изведени од терминот кој го користеле жителите на областа за да се идентификуваат себеси. Во периодот од ок. 400 – ок. 1100, се смета дека секоја група луѓе кои живееле во Британија и кои се идентификувале како „Британци“ себеси се нарекувале со име слично на кам-ри („Cum-ri“) што значи „земјаци“ (а исто така опстоило и велшкото име за Велс, Кимру). Првиот запис за Камберленд е во Англосаксонската хроника од 945 година. Овој запис се однесува на кралството на Англосаксонците познато како Камберленд (често познато и како Стратклајд), кое во 10 век се смета дека се протегало од Лох Ломонд до Лидс. Прв крал кој недвосмислено е опишан како крал на Камбријците е Овејн Ап Дифнвал, кој владеел од ок. 915 – ок. 937.

Галерија

Познати луѓе

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Камбрија ИмеКамбрија ГалеријаКамбрија Познати луѓеКамбрија ПоврзаноКамбрија НаводиКамбрија Надворешни врскиКамбријаИрско МореКарлајлСеверен ЈоркширЦеремонијални грофовии во Англија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Мултипла склерозаКрушевоВооружена престрелка во Куманово (2015)Македонски претседателски избори (2019)КоњРелигијаСело зад седумте јасениИсламДаме ГруевДомашно говедоСипанициБубрежен каменРак на желудникМакедонија во металното времеСимеон Мони ДамевскиАндријана ЈаневскаФлебитисМакедонска граматикаМарија АнтоанетаТетовоКанадаРобинзон КрусоДржаваМагареЈагликиМилениумЕвроФилип II МакедонскиАјфелова кулаЖелезоПохвала на нашиот татко и учител словенски Кирил ФилософКоличникСонцеТенко цревоПридавки во македонскиот јазикПарите се отепувачкаБарокValveПовикувачки броеви во МакедонијаФудбалска репрезентација на Србија и Црна ГораСтудени нозеСловенијаОче нашНемања ГудељО писменехСтево ПендаровскиHTMLГрад СкопјеЖичени инструментиНикола ТеслаХемоглобинЈонче ХристовскиБалкански ПолуостровАрхимедБосна и ХерцеговинаБогородичната црква во ПаризРимска култураПаризГлаголи во македонскиот јазикДанте АлигиериШизофренијаСтале ПоповМилан ЗавковСузана ГавазоваИзбори во МакедонијаРимСтопанска банка АД СкопјеГерманијаСписок на хемиски елементиСистем за варењеРепродуктивен системВалентино СкендеровскиКинески ѕидЕп за ГилгамешМенаџментАнгкор Ват🡆 More