Ивана Вулета: српска атлетичарка

Ивана Вулета (родена Шпановиќ) (родена на 10 мај 1990) — српска атлетичарка која се натпреварува во дисциплината скок во далечина.

Таа е моментален европски шампион во сала во својата дисциплина.

Ивана Шпановиќ
Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи
Шпановиќ во 2022 година
Лични податоци
НационалностСрбинка
Роден(а)10 мај 1990(1990-05-10)(33 г.)
Зрењанин, СР Србија, СФР Југославија
Висина1,76 m
Тежина65 kg
Спорт
ЗемјаСрбија
СпортАтлетика
ДисциплиниСкок во далечина
КлубАК Војводина
Успеси и титули
Светски првенства
  • Москва 2013
  • Скок во далечина, Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи Бронзен
  • Пекинг 2015
  • Скок во далечина, Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи Бронзен
  • Лондон 2017
  • Скок во далечина, 4-та
  • 2022 Јуџин
  • Скок во далечина, 7-ма
  • Будимпешта 2023
  • Скок во далечина, Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи Златен
Олимписки игри
  • Пекинг 2008
  • Скок во далечина, 30-та (кв)
  • Лондон 2012
  • Скок во далечина, 8-ма
  • Рио де Жанеиро 2016
  • Скок во далечина, Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи Бронзен
  • Токиа 2020
  • Скок во далечина, 4-та
Најв. светски ранг1-ва (2023)
Лични рекорди

Во 2013 година, таа станала првата српска атлетичарка која освоила медал на Светско првенство. Таа е сопственик на српските рекорди во дисциплините: скок во далечина (на отворено и во сала), 60 метри во сала и седмобој.

Шпановиќ е актуелна европска шампионка од првенствата на отворено и во сала. Нејзин тренер е Горан Обрадовиќ и таа е член на атлетскиот клуб Војводина од Нови Сад.

Кариера

Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи 
Ивана Шпановиќ

Првиот медал во кариерата Шпановиќ го освоила на Светското кадетско првенство во 2007, каде со прескокнати 6.41 метри го освоила сребрениот медал. На Светското јуниорско првенство во 2008, таа го освоила златниот медал откако успеала да прескокне 6.61 метри, а веќе следната година се закитила и со златниот медал на Летната универзијада која се одржала во Белград. Шпановиќ исто така била успешна и на Европското јуниорско првенство кое се одржало во Нови Сад, на кое таа успеала да го подобри својот личен рекорд на 6.71 метри со што го освоила сребрениот медал.

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Шпановиќ успеала да се пласира во финалето во дисцииплината скок во далечина, но во него завршила на последното 11. место.

Во 2013, таа настапила на Европското првенство во сала и завршила на петтото место. На Светското првенство 2013 таа го остварила најдобриот резултат во кариерата дотогаш, освојувајќи бронзен медал со нов државен рекорд од 6.82 метри. Олимпискиот комитет на Србија поради одличниот резултат ја прогласил Шпановиќ за спортистка на годината.

Одличните резултати Шпановиќ ги продолжила на Светското првенство во сала 2014 каде го освоила бронзениот медал. На Европското првенство 2014 таа прескокнала 6.81 метри со што го освоила сребрениот медал. Таа исто така остварила нов личен најдобар резултат од 6.88 метри на митингот од дијамантската лига во Јуџин.

Во 2015 година, таа го освоила својот прв сениорски златен медал, на Европското првенство во сала 2015, во Прага, прескокнувајќи нов државен рекорд од 6.98 метри. На Светското првенство 2015, таа го освоила бронзениот медал постигнувајќи нов сопствен и државен рекорд од 7.02 метри.

Во 2016 година, во текот на сезоната во сала, Шпановиќ го освоила сребрениот медал на Светското првенство во сала подобрувајќи го својот државен рекорд двапати, 7.00 (во првата серија) и 7.07 (во петтата серија). Таа константно била во водство во сите серии на скокови но го загубила златниот медал во шестата серија на скокови кога американката Бритни Рис прескокнала 7.22 метри. Во сезоната на отворено, Шпановиќ најпрво го освоила златниот медал на Европското првенство со прескокнати 6.94 метри, а потоа на Летните олимписки игри 2016 го освоила бронзениот медал со нов државен рекорд од 7.08 метри. Овој медал бил прв медал за Србија во атлетика по шеесет години.

Во 2017 година, таа го освоила златниот медал на Европското првенство во Белград, прескокнувајќи 7.24 метри, скок кој е трет најдолг во историјата на дисциплината, и најдобар во последните 28 години.

Лични рекорди

На отворено

Дисциплина Резултат Датум Место Рекорд
100 метри 11.90 14 јуни 2014 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Сремска Митровица, Србија
Скок во далечина 7.02 м 11 септември 2016 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Белград, Србија ДР
Трискок 13.78 м 14 јуни 2014 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Белград, Србија

Во сала

Дисциплина Резултат Датум Место Рекорд
60 метри 7.31 31 јануари 2015 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Нови Сад, Србија ДР
Скок во далечина 7.24 м 5 март 2017 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Белград, Србија ДР
Седмобој 4240 бода 19 јануари 2013 Ивана Вулета: Кариера, Лични рекорди, Наводи  Нови Сад, Србија ДР
  • Појаснување: ДР - Државен рекорд

Наводи

Надворешни врски

Награди
Претходник
Милан Мачван
Најдобра млада спортистка на Србија
2008
Наследник
Татјана Јелача
Претходник
Милица Мандиќ
Српска спортистка на годината
2013
Наследник
Николина Молдован

Tags:

Ивана Вулета КариераИвана Вулета Лични рекордиИвана Вулета НаводиИвана Вулета Надворешни врскиИвана ВулетаСкок во далечинаСрбија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МетафораБлагој ДавковЃорѓија СајкоскиБисера Костадиновска-СтојчевскаПартија за движење на Турците во МакедонијаХајди (роман)Референдум во Македонија (2004)Демократска партија на АлбанцитеСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаФлуконазолЈордан КамчевЦрн дробОпштина ЖелиноМакедонски претседателски избори, 1994Македонски парламентарни избори (1990)Општина ОхридБиљал КасамиРесенСистемски лупус еритематозусВаландовоБобан ТрајковскиПанонски легендиПечалбариДиво месо (драма)НепроштеноФилипиниАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанСтевчо ЈакимовскиДеменцијаСојузници во Првата светска војнаЧир на желудникотАна ФранкИмер СелманиАкутен панкреатитАфионУстав на МакедонијаПентоксифилинИнфрацрвена спектроскопијаШахВасил ТупурковскиСкриеносеменициМомчило Бајагиќ-Бајагаuf2ln‘Рбетен столбСобрание на МакедонијаИлинка МитреваВенециско биенале за архитектураГерманијаСписок на змии во МакедонијаОпштина ЧаирЉупчо ГеоргиевскиБескрајна приказнаЈустинијан IМакедонски парламентарни избори (2006)Роднински односиБранко ЦрвенковскиБалканска приказна (ТВ-серија)Воен конфликт во Македонија (2001)ЈаболковинаОслободителна Народна АрмијаПапратОксидационо-редукциона реакцијаДен на независноста на МакедонијаГ’зим ОстрениИзборна единица 2Еден на еденКипарПрва балканска војнаРак на дојкаСписок на планини во МакедонијаСписок на Влади на МакедонијаЛимфомВладо БучковскиЧарлс IIIЗајакСкопски земјотрес (1963)Општина Маврово и Ростуше🡆 More