Звечан: село во Општина Македонски Брод

Звечан — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Звечан
Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Звечан
(фотографирано од селото Брест)

Звечан во рамките на Македонија
Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Звечан
Местоположба на Звечан во Македонија
Звечан на карта
Координати 41°42′3″N 21°7′23″E / 41.70083° СГШ; 21.12306° ИГД / 41.70083; 21.12306
Регион Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Македонски Брод
Област Порече
Население 48 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03018
Надм. вис. 800-1.090 м м
Звечан на општинската карта
Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Звечан во рамките на општината
Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Звечан на Ризницата

Географија и местоположба

Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Новиот пат кон селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 1.090 метри.

Атарот зафаќа површина од 7,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 390,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129,1 хектар, а на пасиштата 101,2 хектари.

До селото води новоасфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја

Во XIX век, Звечан било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948301—    
1953307+2.0%
1961294−4.2%
1971286−2.7%
1981203−29.0%
ГодинаНас.±%
1991122−39.9%
1994120−1.6%
200270−41.7%
202148−31.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Звечан имало 190 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Звечан имало 240 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Звечан се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 294 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 120 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Звечан имало 70 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 4 Албанци и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 240 301 307 294 286 203 122 120 70 48

Родови

Звечан е македонско село.

Родови во селото се: Мрцевци (15 к.) и Грубановци (31 к.) и двата рода се доселени од раселениот град Закамен, според некои преданија, еднаш кога старото село Звечан пропаднало населението избегало во Закамен, па се вратиле.

Самоуправа и политика

Звечан: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Спас“, заедно со селските гробишта

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Звечан се наоѓале селата Бенче, Брест, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0254 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Личности

    Родени во Звечан

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Звечан Географија и местоположбаЗвечан ИсторијаЗвечан СтопанствоЗвечан НаселениеЗвечан Самоуправа и политикаЗвечан Културни и природни знаменитостиЗвечан ЛичностиЗвечан ГалеријаЗвечан НаводиЗвечан Надворешни врскиЗвечанМакедонски БродОпштина Македонски БродПорече

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2020)Список на македонски народни поговоркиМасовни медиумиДувачки инструментСтрумички карневалГлигор ПоповскиИнтернетВласиБроеви во македонскиот јазикФридрих НичеОтоманска МакедонијаПланетаЧовечки папиломен вирусСоединети Американски ДржавиКамера опскураИлијадаШеќерна приказнаЊутнови закониХормонПрекршување (физика)Римско ЦарствоСтрушки вечери на поезијатаБрод (пловило)Клинесто писмоХомерФолклорМакедонски народни инструментиРомски јазикРасејувањеЗевсГрузијаАјкулаДобовјаниМалиот принцДолна БелицаНаталитетТенко цревоГетеборгМозокРимАхилПреспански договорОпштина БогданциСпартаОпштина ЗелениковоИгор ЏамбазовДоктор ОфболиМинато определено несвршено време во македонскиот јазикКалиштаПневмонијаОпштина ПрилепЕпилепсијаМакедонски народен театарЦрвени крвни зрнцаОпштина БеровоЕгипетЕврејски празнициСписок на градови во Македонија по населениеКатица ЌулавковаЧовекАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВодаОпштина Шуто ОризариСлавко ЈаневскиГаличка свадба’Ржаново (Струшко)Демографија на МакедонијаРак на белите дробовиИзет МеџитиЛарингитисБрзина на светлинатаАлександар III МакедонскиПтициСамоилово ЦарствоГоце ДелчевБорис ТрајковскиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоСреброКинетичка енергија🡆 More