Западна Македонија

Западна Македонија — регионот западно од планинскиот масив Јакупица (Солунска Глава), западно од Раечка Река и Селечка Планина, сè до границите со Албанија на запад, дел од границата со Грција на југ и делот на границата со Косово на север.

Западна Македонија се одликува со посебни културни, јазично-дијалектни и историски особини. Карактеристична област во овој дел од земјата е Реканскиот Регион (наречен и само Река).

Многу често овој термин се користи во политичка смисла само за регионите на Тетово, Гостивар и Дебар, односно на краиштата претежно населени со Албанци, што е погрешно бидејќи во Западна Македонија покрај овие три региони спаѓаат и следниве градови и нивните околини: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Крушево, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар.

Иако географски гледано денес на картата на Република Македонија градот Прилеп изгледа дека е на средишниот дел, сепак ако се гледа картата на регионот Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија) пред поделбата во 1913, тој ги има етногеографските одлики на западен македонски град.

Демографија

Според пописот од 2002 година, во овој регион живееле 763.912 жители.

Од етнички аспект, Македонците живеат на целата територија, додека Албанците претставуваат мнозинско население во целата Полошка Котлина, во градот Дебар, а околу една половина од населението сочинуваат во Кичевско и Струшко (дел од Македонците муслимани се изјаснуваат како Албанци). Помал број на Албанци живеат во градовите Охрид, Битола и Ресен, како и во неколку преспански, битолски, прилепски и крушевски села. Македонското население е поделено во две конфесии - христијани и муслимани, а Македонците муслимани претставуваат најмногубројно население во Реканскиот регион, а исто така во голем број се застапени и во Дебарско, Жупа, Струшко (Поле и Дримкол) и Кичевско и Прилепско. Турците во најголем број живеат во Гостиварско, односно во градот Гостивар и уште во неколку големи села, потоа во Жупа, Преспа, како и во градовите Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Битола и Ресен. Ромите се застапени готово во сите градски средини, а Власите живеат во Крушево (20 % од населението), Струга, Охрид, Битола и во неколку битолски села.

Етнички гледано, населението е составено од:

Број %
Вкупно 763.912 100
Македонци 369.115 48,3
Албанци 316.731 41,4
Турци 44.802 5,86
Роми 14.237 1.86
Власи 3.383 0.44
Бошњаци 2.692 0,35
Срби 2.176 0.28
други 10.776 1.41

Поврзано

Tags:

ЈакупицаАлбанијаГрцијаРаечка РекаРека (регион)Рекански РегионРепублика КосовоСелечка ПланинаСолунска Глава

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Цистична фиброзаСписок на македонски зборови од турско потеклоБилирубинЏезШар ПланинаПелистерСостојба на материјатаСветско првенство во ракомет за мажи 2015Пеколот (Божествена комедија)МостЛетно сметање на времетоСи ЏинпингСвета ГораРепублика БугаријаЕнергијаБугаријаОксидРоднински односиЧернобилска несреќаИспарувањеЕнзимПрирокКарлес ПуџдемонЗнаме на МакедонијаПовикот на дивинатаПремиер на МакедонијаПневмонијаСистемски лупус еритематозусСредоземно МореАлександар III МакедонскиБалкански ПолуостровБубрежен каменМетодија Андонов-ЧентоXIII векТигарМихаил БулгаковСеверна АмерикаЕлектричен отпорДемократијаИзраелСпоменка (книга)СидДрамаЛиберално-демократска партијаДелењеСтево ПендаровскиОсновни SI-единициКилијан МбапеЈован I ЦимискијМакедонски ораЕстрогенЕгејска МакедонијаАлегоријаИсторија на САДМитологијаГаличка свадбаЦрн дробСписок на архаични зборови во македонскиот јазикКамилиСублимацијаЖарулкаСеверен КипарИндијаЗемја (планета)Томас КарлајлНорвешкаУставМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаДевојка со бисерна обеткаХидроксидНародна носијаЕкологијаСтрадањата на младиот ВертерХристијан МицкоскиДоењеПритисокМојот звукСимбиозаБошњаци🡆 More