Жлезда

Жлездите (латински: glandulae) се поединечни клетки или групации од клетки кои се специјализирани за секреција.

Обично жлездите водат потекло од жлездениот епител. Во зависност од тоа каде ги секретираат своите секрети, се разликуваат два вида на жлезди:

  • Егзокрини - кои своите секрети ги излачуваат преку изводни каналчиња надвор од телото или во неговите телесни празнини. Се нарекуваат и жлезди со надворешно лачење.
  • Ендокрини - кои своите секрети ги излачуваат директно во крвта. Производите (секретите) од ендокрините жлезди се нарекуваат хормони. Познати се уште како и жлезди со внатрешно лачење.

Меѓутоа, освен овие два основни типови на жлезди, во организмот на животните се среќаваат и преоден тип на жлезди, односно жлезди кои своите секрети ги излачуваат и по егзокрин, но и по ендокрин пат. Ваквите жлезди се познати како жлезди со двојно лачење. Такви се, на пример, панкреасот, семениците кај машките единки, јајчниците кај женските единки итн.

Сите жлезди настануваат со пролиферација на клетките од покривниот епител во сврзното ткиво, каде настанува нивна понатамошна диференцијација. Притоа, егзокрините жлезди ја задржуваат својата врска со покривниот епител, односно се во континуитет со него. Ендокрините, пак, се одделуваат од покривниот епител и се сместуваат на друго место во организмот.

Егзокрини жлезди

На секоја егзокрина жлезда се разликува секрециски дел, изграден од секреторни клетки и изводни канали кои го носат овој секрет надвор од жлездата. Едноставните жлезди имаат само еден изводен канал, додека сложените имаат повеќе.

Распоредот на клетките во секрецискиот дел е еден од повеќето критериуми според кои се поделени егзокрините жлезди. Едноставните жлезди можат да бидат тубуларни (имаат цевчест секрециски дел), извиено тубуларни (цревест секрециски дел), разгрането тубуларни (две или повеќе цевчести секрециски делови се спојуваат во еден изводен канал), како и алвеоларни (сферовиден секрециски дел). Сложените се поделени на тубуларни, тубуло-алвеоларни и алвеоларни.

Жлезда 
Апокрина секреција.

Според природата на секрецијата, егзокрините жлезди се класифицирани како мукозни, серозни или серомукозни. Мукозните лачат муцин и нивните клетки под микроскоп имаат светла цитоплазма поради присуството на голем број мукозни везикули. Серозните лачат серозен, а нивните клетки имаат обоена, базофилна цитоплазма. Кај серомукозните жлезди, секрецискиот дел е составен од групации на мукозни и серозни клетки.

Начинот на секреција е критериум кој условил егзокрините жлезди да се поделат на мерокрини, апокрини и холокрини. Мерокрините жлезди го исфрлаат секретот преку егзоцитоза на секреторните везикули, додека апокрините со отфрлање на апикалниот (врвен) дел на жлездената клетка, заедно со секреторните везикули. Холокрините жлезди го исфрлаат својот секрет по пат на т.н. ексфолијација, односно со секретот се одделуваат и самите клетки кои секретираат.

Ендокрини жлезди

Најчесто сите ендокрини жлезди се опфатени во ендокриниот систем. Тоа е како резултат на нивните заеднички одлики: релативно мали димензии, без изводни канали, снабдени богато со крв и минимални количества од нивните хормони ги регулираат и интегрираат функциите на различните органи и организмот во целина.

Кај различните ‘рбетници, ендокрините жлезди се обично од исто потекло и иста градба, а само понекогаш се разликуваат по надворешниот изглед и местоположбата. Покрај тоа, една иста ендокрина жлезда произведува исти хормони кај сите ‘рбетни животни. Кај ‘рбетниците се востановени 8 жлезди со внатрешно лачење: штитна (тироидеа), параштитна, градна (тимус), панкреас, надбубрежна, полова, епифиза и хипофиза.

Tags:

ЕпителКлеткаЛатински јазикСекреција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Велигденски јајцаЈордан КамчевАлександар КирацовскиУкраинаБобан ТрајковскиНалеј, налејТетовоГрцијаРистиќева палатаГригор ПрличевИменкаАтентат врз Киро ГлигоровСрцева слабостКомунизамААГзим ОстрениТалат ЏафериДемократијаБеровоЛасерВостание на СкендербегНилКичевоПсоријазаИзборна единица 8Пирамида (геометрија)Повикувачки броеви во МакедонијаЈулијански календарАјфелова кулаТетанусБроеви во македонскиот јазикСашо МијалковСоцијалистичка партија на МакедонијаЦрнила (драма)Општина ИлинденШпанијаМарија АнтоанетаТриаголникШтипПартија на обединети демократи на МакедонијаХајди (роман)ФлораПавле ТрајановОрелДекамеронМакедонски парламентарни избори (1986)Петар ГошевХари КостовАлександар III МакедонскиГане ТодоровскиМакедонски претседателски избори, 2019Локални избори во Македонија (1996)Втора влада на Никола ГруевскиМарк ТвенПриродни ресурсиСписок на македонски филмовиБалкански рисПетар Поп АрсовСписок на змии во МакедонијаДен на сесловенските просветителиРодина МакедонијаИзбори во Република МакедонијаПопис на населението во Македонија (2021)Собрание на МакедонијаДемократска партија на Турците на МакедонијаОпштина ВелесЛарингитисПрилепХазби ЛикаКатерина ШехтанскаПоделба на гласовите во македонскиот јазикСписок на повикувачки броеви на земјитеВелигденОпштина СтуденичаниМакедонски претседателски избори, 2004🡆 More