Живиње: село во Општина Куманово

Живиње — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Живиње
Живиње во рамките на Македонија
Живиње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Живиње
Местоположба на Живиње во Македонија
Живиње на карта
Координати 41°58′45″N 21°48′32″E / 41.97917° СГШ; 21.80889° ИГД / 41.97917; 21.80889
Општина Куманово
Население 19 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 17038
Живиње на општинската карта
Живиње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Живиње во рамките на општината
Живиње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Живиње на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на падините на Градиштанска Планина, оддалечено 30 километри јужно од Куманово.

Историја

Подрачјето на Живиње е населено уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од месноста Островица на 5 км североисточно од селото.

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948501—    
1953473−5.6%
1961392−17.1%
1971253−35.5%
1981126−50.2%
ГодинаНас.±%
199171−43.7%
199456−21.1%
200246−17.9%
202119−58.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Живиње живееле 275 жители. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Живиње имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 46 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 275 320 501 473 392 253 126 71 56 46 19

Родови

Живиње е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Пурчевци (3 к.), Андевци (1 к.) и Кралевци (1 к.) најстари родови во селото, основачи на денешното село. Предците им се доселиле однекаде. Од овие родови има многу иселеници; Спасевци (20 к.) доселени се пред околу 200 години од селото Џумајлија во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Ѓоше (жив на 37 г. во 1971 година) Трпче-Милан-Велко-Орде-Спасен, кој се доселил во селото; Спасевци (6 к.) доселени се од соседното сега албанско село Д’лга. Го знаат следното родословие: Дане (жив на 75 г. во 1971 година) Јосе-Китан-Спасо, кој се доселил. Спасо имал пет синови Китан, Наско,Тодор, Трајко и Јанко; Кутлевци (3 к.) доселени се во XIX век од селото Кутлибег; Илијевци (3 к.) доселени се исто така во XIX век, но не знаат од каде; Шопје (1 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Луке во Кривопаланечко.

Општествени установи

    Цркви

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

    Родени
  • Панзо Соколов (? - по 1949) — македонски револуционер, дееец на ВМОРО
    Починати

Култура и спорт

Иселеништво

Порано во селото постоел родот Латини. Они се иселиле од селото во турско време. Биле доселени од некое село во Карадак (западно од Куманово). Од старите иселеници во Куманово потекнувал Лазар Соколов.

До 1949-50 во селото имало 70 куќи. Меѓутоа потоа населението почнало да се иселува од селото. Населението се иселило во Куманово (20 семејства), Свети Николе (15 семејства), и во селата ’Ржаничино (5 семејства), Јурумлери (5 семејства) и во Идризово (3 семејства). Во селото Вакв се иселени Здравкови.

Од селото помеѓу себе едни роднини повлекувале други. Па така во селото останале само најстарите и изнемоштени лица.

Занимливости

Во Бретања, северозападна Франција, има населено место со име Живиње (француски: Juvigné). Во 2014 г. имало население од 1.476 жители.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Живиње Географија и местоположбаЖивиње ИсторијаЖивиње СтопанствоЖивиње НаселениеЖивиње Општествени установиЖивиње Самоуправа и политикаЖивиње Културни и природни знаменитостиЖивиње Редовни настаниЖивиње ЛичностиЖивиње Култура и спортЖивиње ИселеништвоЖивиње ЗанимливостиЖивиње НаводиЖивиње Надворешни врскиЖивињеКумановоОпштина Куманово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Избори во МакедонијаХепатит ЦАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаРоманРастенијаЛабуништаРаички манастирМакедонски парламентарни избори (2008)Сузан АкбелгеБалетПеперугиВизантијаЛеополд I (Свето Римско Царство)Бошко СмаќоскиХеродотЕгипетНачалник на Генералштабот на АРМСоединети Американски ДржавиАбортусДржавни празници во БугаријаМакедонски парламентарни избори (2016)Цар Едип (драма од Софокле)Општина ЛипковоМаричка биткаФилмФлејтаКавказТромбоцитопенијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаФудбалХерпесЛозје (книга)Историја на христијанствотоВенко ФилипчеНатриум хидроксидОбединето КралствоЈосип Броз-ТитоМакедонијаРомео и ЈулијаДишен системРак (болест)ТетовоОдбојкаМекотелиРевматоиден артритисБугаријаОхридСтрептококен фарингитисГравитацијаСлавко ЈаневскиОпштина ВиницаМакедонска кујнаГолеми и мали (роман)Парите се отепувачкаЕлектрична енергијаСписок на градови во МакедонијаОливера НиколоваПингвинВекторГамеланТемператураДискус хернијаФолклорМојот звукГликемијаСтобиБигорски манастирИменкаСрпска кирилична азбукаЛеонтијСреброНаталитетАнтибиотикИзборна единица 1МислешевоНовак ЃоковиќПрирок🡆 More