Ефто Пупиновски: македонски пејач

Ефто Пупиновски (р.

2 јуни 1953 во Струга) — македонски пејач.

Ефто Пупиновски
Ефто Пупиновски: Животопис, Награди и признанија, Спотови
Животописни податоци
Роден(а)2 јуни 1953(1953-06-02)(70 г.)
Струга, НР Македонија, ФНРЈ
ПотеклоМакедонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1974 - се уште

Животопис

Ефто е роден во Струга на 2 јуни 1953 година, тој е еден од доајените на македонската музика. Едни од најпознатите негови песни се: Лихнида кајче веслаше, Туѓа си бескрајно, Тинке Катинке, Сакам да сум крај тебе, Прости ми душо моја, Врати се бела Марија, Ах, ах Ана, Пеј со добро вино, Дено Денице, Грлото ме издаде и многу други песни. Неговиот брат Секула Пупиновски е исто така познат пејач.

Во 1986 година на Макфест настапил со песната Удрете тапани. Исто така во 1986 година настапува и на Фолк Фест Валандово со песната Лихнида кајче веслаше каде што победил со прва награда од публиката.

Тој во неговата кариера имa испеано многу авторски песни, од кои има 2 дуети, големи хитови со Блага Петреска Песна може се (композитор: Миле Барбаровски) и Зоро моја Зориче (композитор: Ефто Пупиновски), во 2003 година со Атина Апостолова настапуваат на Фестивалот Филиграни со песната Скопските боеми, со Сузана Спасовска имаат една заедничка песна насловена како Ќе се женат другари од 2005 година, текстот на песната е нивен, музика на Ефто и аранжманот е на Сашо Ливрински.

Во 1987 година го одржува својот прв соличтички концерт во Универзалната сала во Скопје. После него истата година одржал 8 солистички концерти во Австралија и низ европските земји во концертни сали. Во Универзалната сала одржал концерти уште три во 1989, 1990 и 2014 година.

Во 2014 година тој направи голем јубилеен солистички концерт во Универзалната сала во Скопје по повод 40 години јубилеј, на концертот гости му биле: Блага Петреска и Ѓоко Танески, на концертот го придружувала познатата група Група Академци.

Во 2015 година тој снимил нови песни и албум. Во 2016 година снимил нова авторска песна со Група Маестро Песна за невестата. Во 2018 година издал нов албум наречен Носталгија. Во 2020 година снима 2 нови песни Свадбен танц и Ти ме веселиш. Во 2022 година настапил на Фолк фест Валандово со песната Изгубени души со која победил на фестивалот.

Награди и признанија

Ефто е добитник на повеќе награди, меѓу кои:

  • Награда на Макфест за песната Удрете тапани (1986)
  • Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Лихнида кајче веслаше (1986)
  • Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Ти си ми верна месечино (1992)
  • Награда на фестивалот "Канбета" во Австралија за песната Туѓа си бескрајно" трета награда од публиката (1992)
  • Награда на фестивалот "Цветници" за песната Песна може се заедно со Блага Петреска која ја освоија првата награда од жири-комисијата (1992)
  • Награда на Фолк Фест Валандово за песната Спомен Валандовски прва награда од публиката (2000)
  • Награда за најдобра интерпретација на "Филиграни" заедно со Атина Апостолова за песната Скопските Боеми (2003)
  • Награда за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово" за песната Грлото ме издаде (2007)
  • Награда за најслушана песна на "Валандово" за песната Грлото ме издаде (2008)
  • Во 2010 година на Фолк Фест Валандово ја добил специјалната награда "Антологија" за песната Лихнида кајче веслаше (2010)
  • Награда за најдобра интерпретација на "Валандово" за песната Ми зароси роса (2011)
  • Награда за животно дело на "Фолк Фест Роса" (2013)
  • Награда за животно дело, по повод 40-години кариера (2014)
  • Награда на Фолк Фест Валандово за песната Изгубени души (2022)
  • Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023)

Спотови

Спот Година Режија
Лихнида кајче веслаше 1990 МТВ
Песна може се 1992 МТВ
Зоро моја Зорице 1993 Благоја Марковски
Ќе се женат другари 2005 МТВ
Душо моја 2015
Дај боже 2015
Верувај во љубовта 2015
Голем мерак 2015
Слава славам 2015
Прости ми душо моја 2015
Удрете тапани 2015
Кај ме залуди Калино 2015
Еј чашо празна чашо 2015
Биди силна каде и да си 2015
Туѓа си бескрајно 2018 Миле Грозданоски
Никогаш 2018 Миле Грозданоски
Грлото ме издава 2018 Миле Грозданоски
Благослов 2018 Миле Грозданоски
Пеј со добро вино 2019 Миле Грозданоски
Ајде галоп коњи мои 2019 Миле Грозданоски
Либе Марија 2019 Миле Грозданоски

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Ефто Пупиновски ЖивотописЕфто Пупиновски Награди и признанијаЕфто Пупиновски СпотовиЕфто Пупиновски Надворешни врскиЕфто Пупиновски НаводиЕфто Пупиновски19532 јуниМакедонијаСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПолскаЦистична фиброзаТимчо МуцунскиДемократска партија на АлбанцитеМорфологија на македонскиот јазикМаргарет ТачерХрватски месециШармери од осмоГоран СтефановскиВладо БучковскиМакедонски СловениОпштина Чучер-СандевоОкситоцинСтрумицаИзборна единица 4Томе АрсовскиМасакр кај КарпалакМенструален циклусГерманијаЛевица (политика)Питом пелинРеферендум во Македонија (2018)Васил ИљоскиСписок на држави по населениеРадишаниПрва влада на Зоран ЗаевПретседател на МакедонијаЖелезнецМакедонски претседателски избори (2004)Методија Андонов-ЧентоАДХДСилвио ПиколоминиГрегоријански календарБлогЗНАМКрушевоЧовечки папиломен вирусМакедонски парламентарни избори (1998)Надбубрежна жлездаНикола Димитров (дипломат)Филип II МакедонскиЛабуништаБигорски манастирСедум (филм)Демократска унија за интеграцијаВенециско биенале за архитектураСтојан АндовСписок на градови во Македонија по населениеОпштина БрвеницаГлас од МакедонијаХајди (роман)Демократи (политичка партија)ДоксициклинЛозје (книга)Биполарно растројствоЕтничка групаНадреден знакЉубчо ГеоргиевскиТумор на мозокСвети Кирил и МетодијК-15Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЃорче ПетровМовГордана Силјановска-ДавковаПеколот (Божествена комедија)Бета-таласемијаПартија за демократски просперитетСДСМСамка ИбраимовскиМомчило Бајагиќ-БајагаЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеСкопски аквадуктОпштина АеродромРастенијаМиом на матка🡆 More