Сузана Спасовска (Скопје, 24 август 1964) — македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 21 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали.
Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.
Сузана Спасовска | ||
Родена | 24 август 1964 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | фолк пејачка |
Спасовска е родена во Скопје на 24 август 1964 година. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.
Сузана Спасовска гостувалa речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински - Загреб, Цанкарјев дом - Љубљана, Брукс центар - Мелбурн, Опера хаус - Сиднеј и др. Почнувајќи од 1986 до 2019 година, таа има издадено повеќе од 15 албуми, меѓу кои и две двд изданија, почнувајќи од:
Спасовска истовремено работела како директорка во нејзината матична продукција ’’С Национале’’, основана во 2010 година. Досега ги има реализирано концертите: 10 години од смртта на Васка Илиева, насловен како ’’Земјо Македонска’’ во 2011 година; ’’Македонско име нема да загине’’ во 2011 година; Концертот во чест на Секула Пупиновски во 2012 година; Етно фест ’’Три Круши ’’ во 2010, 2011 и 2012 година; снимен еден циклус на музичката емисија ’’Здравоживо домаќини’’. Таа била и директорка е на Лешочкиот фестивал неколку години по ред.
Од почетокот на својата кариера, таа има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески (''Верувај во овој живот'',''Навек векуваш Македонијо'',''Прочка'',''Вечнаја памјат владико Кирил'' и др.), Наум Петрески (''Животот е многу убав'', Пеј, бистро пеј'', ''Невено, Невенке'', ''Цветините очи черешови'', ''Лино, моме Лино''), со Ефто Пупиновски ('' Ќе се женат другари''), со Миле Кузмановски (''Што спечаливме'', „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски (''Мерак песна''), гр. Свадбари (''Свадбарска''), Борис Чоревски (''Печалбарска балада'', ''Столетна''), Дарко Нечовски (''Бог го има секој клуч''), Новица Василевски и Група Биоритам (''Назад, назад, Калино моме'', "Девојко мори убава"), "Група Академци“ (“Петка, глава“), Оливер Додев (“Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија- Васко Лазаров (''Балканска вистина (снимена и на бугарски јазик-Балканска истина)'', ''Терзиче младо'', ''Еден е животот'',''Пусти да се тие граници''), вклучувајќи ги и дуетските цедиња со Цане Петров (''Бакрдан''), Гоце Џуклески (''Тоа сме ние''), Зоран Џорлев (''Виолина и глас''), Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров за бугарски пазар), Антологиско цд, заедно со Душко Георгиевски, Виолета Томовска, Наум Петрески, Нино Величковски.
Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржала голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера. Музичка група на концертот беше Група Академци.
„Т’га за југ“, арија од Пучини, песна на кинески јазик... Со совршена леснотија во својата изведба, Сузана Спасовска им ги подари овие музички изненадувања, поразлични од нејзиниот вообичаен репертоар, на сите оние што дојдоа на нејзиниот јубилеен концерт, што се одржа на 4 март, во салонот на МОБ. За овие три децении на македонската естрада, колку што Сузе национале ги одбележа со овој концерт, насловен како „30 години сцена, музика, Македонија“, дури и оние што се резервирани кон нејзината фолк-определба, не посакале да и' ги оспорат гласовните капацитети на музичка примадона.
Сузе национале, епитет кој како што вели, и' е чест што го носи, ја делеше сцената со своите пријатели и колеги и ги испеа сите свои најголеми хитови. Имаше многу аплаузи, солзи, емоции, награди и други бројни изненадувања.
Елегантна, во три гламурозни творби, Сузана Спасовска на сцената на МОБ, ја остави во спомените онаа сценски екстравагантна Сузе, од која како што знае да каже, учела и Леди Гага. Емоциите насобрани поради јубилејот, полната сала, семејството и пријателите во публиката... не предизвикаа да и' затрепери гласот на погрешно место, туку само создаде нов квалитет во нејзината изведба.
Концерт на Спасовска започна со нејзините песни, кои беа хитови од нејзината рана фаза, крајот на осумдесеттите и деведесеттите години: „Здравоживо домаќини, Кога љуби мома млада, Зошто лажеш зошто мамиш, Марко-Марко, Стара мајко,Личен Дејан“ и др. Вистинската моќ на „голиот“ глас на славеничката, во придружба на само еден инструмент, гитара, првпат се покажа во вториот дел од концертот, со песната „Стојане, сто те убиле“. Потоа, со секоја песна само се потврдуваше впечатокот и се надградуваше концертното доживување.Нејзиниот ѕвонлив, силен, пробивен, но истовремено нежен глас, се вивна во невидени височини, но допре и до најдлабоките катчиња на душите на сите во салата. Таа во придружба на виолината на Зоран Џорлев продолжи со „Параходот ми пристигна“ од дуетското цд „Глас и виолина“, „Јано севдалино“, „Судбо моја“ и дуетот со машката пејачка група од „Танец“ на песната „Назад Калино моме“. Како гости на концерот се појавија хармоникашите и композитори Тодор Трајчевски, со заедничка изведба на „Ти верував до крај“, со Гоце Џуклески, “Пеј, играј со мене“, како и Милан Завков со песната “Засвири една наша Милане“. Големо изненадување за публиката во овој блок беше изведбата на „Т'га за југ“, што го заокружи блокот за заедничкото цд со Зоран Џорлев, а потоа и оперската арија од Пучини и народната кинеска песна, на која се придружи нејзиниот професор по кинески јазик. Публиката со големи оваа ја придружуваше и заедничката изведба на „Македонско девојче.“
Во третиот дел од концерт, кој Сузе го најави како дел за провеселување, беа изведени композиции кои низ годините беа хитови, а некои од нив се се“ уште. Има ли некој кој не се сеќава на песните во периодот од 1998 до 2003 г.? Како такви беа испеани: „Гордо Македонијо, Песно развесели ме, Супер пар, Робинка, Навек Векуваш Македонијо со Мишко Талески... Но големо изненадување за публиката беше сплетот од безвременските песни како „Бомба, Ај со среќа денот“, за да финалето на концертот се случи со безвременкиот хит „Џингрлака џикицак“, неизбежен елемент за весела атмосфера насекаде. По сплетот од весели рефрени, кога Сузе на нозе ја крена цела сала, концертот заврши со песната на легендарната Васка Илиева, која токму Сузе Национале ја прогласи за своја наследничка - „Земјо Македонска“, заедно со сите кои беа дел од овој јубилеј.
Едноставно, од сите аспекти си ја потврди „титулата“ - Национале. По вториот дел од концертот ѝ беа доделени неколку награди и признанија од целиот свет, но се закити и со најголемата награда, „Македонски сенатор“, која ја додели македонското друштво од Австралија. Пред сите присутн доделувачот на наградата рече дека нашинците ја очекуваат на летната турнеја во Австралија, каде што ќе продолжи да го слави јубилејот. Народот потврди дека Сузе мора да прави концерт секоја година, без да прескокнува. Заслужено.
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Да се памти овој ден | 2000 | МТВ |
Ај со среќа денот | 2001 | - |
Верувај во овој живот | 2001 | - |
Те љубам | 2002 | МТВ |
Опомена | 2002 | МТВ |
Подај рака | 2002 | МТВ |
Расти сине | 2002 | МТВ |
Печалбарска балада | 2002 | МТВ |
Земјо моја | 2002 | МТВ |
Грешно вљубени | 2003 | Видео Бокс Продукција |
Божја реч | 2003 | МТВ |
Здравоживо домаќини | 2003 | - |
Дај ја сметката | 2005 | - |
Стојане што те убиле | 2005 | МТВ |
Божиќна | 2006 | МТВ |
Митра низ двори шеташе | 2006 | МТВ |
Китуше Митуше | 2008 | - |
Сон сум сонил | 2009 | - |
Тагувам со насмевка | 2015 | Фабрика Продукција |
Лажи ме | 2015 | - |
Има еда земја | 2015 | - |
Спомени | 2016 | Фабрика Продукција |
Дали знаеш ти | 2018 | Фабрика Продукција |
Девојко мори убава | 2018 | Миле Грозданоски |
Во срцето те носам | 2018 | Фабрика Продукција |
Ти верував до крај | 2021 | |
Рибарот мој | 2021 | |
Народе Македонски | 2023 | Скендеровски Продукција |
„Сузана Спасовска“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Сузана Спасовска, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.