Елово: село во Општина Студеничани

Елово — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на град Скопје.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 265 жители.

Елово
Елово: Географија и местоположба, Историја, Население
Елово во рамките на Македонија
Елово: Географија и местоположба, Историја, Население
Елово
Местоположба на Елово во Македонија
Елово на карта
Координати 41°50′29″N 21°22′14″E / 41.84139° СГШ; 21.37056° ИГД / 41.84139; 21.37056
Општина Елово: Географија и местоположба, Историја, Население Студеничани
Население 198 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25047
Надм. вис. 878 м
Елово на општинската карта
Елово: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Елово во рамките на општината
Елово: Географија и местоположба, Историја, Население Елово на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, на западните падини на Караџица. Тоа е на 18 км растојание во воздушна линија од Скопје.

Бела Црква

Елово: Географија и местоположба, Историја, Население 
Панорама на Бела Црква.

Маалото Бела Црква е вон самото Елово и се наоѓа на север, на 2 км во воздушна линија од главното населено место. Маалото се состои од десетина куќи.

Историја

Елово: Географија и местоположба, Историја, Население 
Стара куќа

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Ехлово и било муслиманско, со 32 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 120 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 272 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 94 жители.

Меѓутоа, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Евлово имало 450 жители, од кои сите биле Македонци-муслимани. Ова е веројатно единствениот исправен податок, за што сведочи фактот што населението уште од почеток до денес говорело македонски.

Според Леонард Шулце Јена, селото во 1927 година било населено со Албанци. Истото го тврди и Афанасиј Селишчев во 1929 година.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948902—    
1953876−2.9%
1961436−50.2%
1971117−73.2%
1981173+47.9%
ГодинаНас.±%
1991233+34.7%
1994212−9.0%
2002265+25.0%
2021198−25.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.

Според податоците од 2002 година, во селото имало 265 жители, од кои 247 Турци, 13 Албанци, 1 Македонец и 4 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 1 Албанец, 98 Турци и 99 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 902 876 436 117 173 233 212 265 198

Родови

Елово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:

  • Доселеници: Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од мијачките-торбешки села во Долна Река во текот на XVIII век; Корчовци (4 к.) се викаат и Даутовци. Доселени се од околината на Корча во Албанија. Зборувале на македонски уште кога дошле. Го знаат следното родословие: Љазим (жив на 22 г. во 1950 година) Мемет-Ибраим-Мемет-Даут, кој се доселил.

Иселеништво

До 1950 година од селото се иселиле 15 семејства во Скопје, и 20 семејства во Турција. Иселеници имало и во населбата Бутел (Мемедовци).

Личности

Општествени установи

Елово: Географија и местоположба, Историја, Население 
Училиштето
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости

Елово: Географија и местоположба, Историја, Население 
Џамијата
    Џамии
    Останато
  • Метова Чека - ловечко чекалиште за дивеч, кое се наоѓа до патот кон Црн Врв

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Елово Географија и местоположбаЕлово ИсторијаЕлово НаселениеЕлово ИселеништвоЕлово ЛичностиЕлово Општествени установиЕлово Културни и природни знаменитостиЕлово ГалеријаЕлово ПоврзаноЕлово НаводиЕлово Надворешни врскиЕловоОпштина СтуденичаниСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГариРоберт ПетковскиСписок на политички партии во МакедонијаАнтониа ГиговскаАцо ШоповГемиџииОслободителна Народна АрмијаПетар ГошевЕден на еденДоста ДимовскаВооружена престрелка во Куманово (2015)ПентоксифилинДемократска алтернативаЗаконодавна властЧинови на полицијата во МакедонијаДонтов методХристијан МицкоскиХепатитБогородицаГ’зим ОстрениСкорпија (хороскопски знак)Девица (хороскопски знак)ДеменцијаШармери од осмоСудска властГригор ПрличевОпштина ЧашкаОмепразолГрегоријански календарШтитна жлездаКошаркаМакедонски претседателски избори (2024)Премиер на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017)Крал МаркоРак на желудникСвети ГеоргиОпштина ГостиварОпштина ТетовоИзбори во МакедонијаСашо ОрдановскиШтип26 Април (спортска сала)БерлинШахВлада на МакедонијаВелесВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ЗемјотресАбортусТетовоАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЛасерБозелСрпска странка во МакедонијаФК Реал СосиедадМетронидазолАмди БајрамСкриеносеменициБолести и аномалии на очитеСтоле ПоповБигорски манастирБлагој ДавковЗоран ЗаевКипарСтрумицаИсторија на христијанствотоВили БрантБлузДесница (политика)ФранцијаИгор КостескиБраќа МиладиновциВоен конфликт во Македонија (2001)Речник на стари македонски зборовиПавел ШатевПсоријазаТестостерон🡆 More