Еврозона

Еврозоната, официјално наречена Еврообласт е европски монетарен сојуз (ЕМУ) составен од дваесет Земји членки на Европската Унија кои го вовеле еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање.

Еврозоната моментално ја сочинуваат:

Повеќето останати земји-членки на ЕУ се обврзани да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите за влез. Ниту една земја не ја напуштила еврозоната, но нема пропис за тоа што ќе се случи во тој случај или ако биде избркана. Монетарната политика на зоната е одговорност на Европската централна банка која ја водат претседател и одбор составен од лицата кои се на чело на националните централни банки. Главната задача на ЕЦБ е да ја држи инфлацијата под контрола. И покрај тоа нема општа застапеност, водење или фискална политика на Еврозоната, сепак застапена е одредена соработка во Еврогрупата, што носи политички одлуки кои се однесуваат на еврозоната и еврото. Еврогрупата е составена од министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната, сепак во итни случаи, националните водачи исто така се дел од Еврогрупата.

Од финансиската криза која се случи во последниве неколку години, Еврозоната основаше и користеше залихи за доделување на заеми за итни случаи на земјите-членки барајќи за возврат да стапат на сила економските реформи. Во Еврозоната исто така стапи на сила и ограничено финансиско обединување, на пример едни на други ќе вршат рецензија на националните буџети. Проблемот е високополитички и е во состојба на постојано менување уште од 2011, во зависност од тоа какви понатамошни одредби ќе донесат за реформите во Еврозоната. Повремено кон Еврозоната се приклучуваат земји кои не се членки на ЕУ но го користат еврото како нивна официјална валута. Некои од овие земји, како на пример Сан Марино склучија формални договори со ЕУ да ја користат валутата, но да користат сопствени монети. Други како Црна Гора го прифатија еврото целосно. Сепак, овие земји формално не се дел од Еврозоната и немаат претставници во ЕЦБ или во Еврогрупата.

Членови

Во 1998 единаесет земји-членки на Европската Унија се запознаа со критериумот за конвергенција и Еврозоната започна со официјалното пуштање во употреба на еврото (покрај националните валути) на 1 јануари 1999. Грција се квалификуваше во 2000, а ја прифатија на 1 јануари 2001 уште пред да бидат подготвени книжните пари и монетите кои на 1 јануари 2002 ги заменија сите национални валути. Од 2007 до 2011 се приклучија уште пет нови земји.

Држава     Се приклучиле на:  Население       условен БДП           Исклучоци                                    (1јануари 2011г.)  Светска банка 2009г. 
Австрија        1 јануари 1999г.8 404 252384 908 Белгија         1 јануари 1999г.10 918 405468 522 Кипар        1 јануари 2008г.804 435        24 910             Северен Кипар Естонија 1 јануари 2011г.1 340 19419 120 Финска        1 јануари 1999г.5 375 276237 512 Франција1 јануари 1999г.65 075 3732 649 390     Нова Каледонија                                                                             Француска Полинезија                                                                             Валис и Футуна Германија1 јануари 1999г.81 751 6023 330 032 Грција        1 јануари 2001г.11 325 897329 924 Ирска        1 јануари 1999г.4 480 858227 193 Италија        1 јануари 1999г.60 626 4422 112 780     Кампионе д'Италија Летонија1 јануари 2014г.511 840        52 449  Луксембург1 јануари 1999г. 511 840        52 449 Малта        1 јануари 2008г.417 617 7 449 Холандија1 јануари 1999г.16 655 799792 128             Аруба                                                                             Курасао                                                                             Свети Мартин                                                                             Карипска Холандија Португалија     1 јануари 1999г.10 636 979227 676 Словачка        1 јануари 2009г.5 435 27387 642 Словенија1 јануари 2007г.2 050 18948 477 Шпанија         1 јануари 1999г.46 152 9261 460 250 Еврозона                        331 963 35712 460 362 

Проширување

Седум земји (Бугарија, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска) се членки на ЕУ, но не го користат еврото. Пред да се приклучи на еврозоната, секоја земја мора да учествува 2 години во Европскиот механизам за девизен курс (ЕМДК II). Бидејќи од 2023 Националните централни банки (НЦБ) на Бугарија и Данска учествуваа во ЕМДК II, се очекува преостанатите валути наскоро да го следат овој пример. Во оригиналниот Мастришки договор, Данска и Обединетото Kралство добија специјален статус кој им дозволува да не учествуваат во еврозоната. Двете земји се легално ослободени од приклучување кон еврозоната, освен ако нивните влади не одлучат поинаку, преку парламентарно гласање или пак преку референдум. Шведска не е легално ослободена од приклучување кон еврозоната, но во практика е така со помош на користење на дупки во законот. Од земјите се бара да се приклучат кон еврозоната штом го исполнат критериумот за конвергенција, кој вклучува да бидат дел од ЕМДК II во рок од 2 години. Приклучувањето кон ЕМДК II е доброволно. До сега Шведска одлучи да не учествува во ЕМДК II. Финансиската криза во 2008 го зголеми интересот во Данска и првично во Полска да се приклучат кон еврозоната, а во Исланд да се приклучи кон Европската Унија, што е предуслов за воведување на еврото. Еврото исто така се користи и во земји кои не се членки на ЕУ. Монако, Сан Марино и Ватикан потпишаа формални договори со ЕУ да го користат еврото и нивни монети. Меѓутоа, тие не ги сметаат за дел од Еврозоната од страна на ЕЦБ и немаат свое место во ЕЦБ или Еврогрупата. Андора постигна монетарен договор со ЕУ во јуни 2011 кој ќе ѝ дозволи да го користи еврото како своја официјална валута откако договорот ќе биде ратификуван. Со договорот се планира дека Андора ќе добие право од 1 јули 2013 да користи свои монети, под услов да го имплементира релевантното законодавство на ЕУ. Некои држави (Косово и Црна Гора) официјално го воведоа еврото како нивна единствена валута без договор и поради тоа не бараа права. Овие земји ЕЦБ не ги смета за дел од еврозоната. Сепак, во одредени случаи, терминот еврозона се однесува на сите територии кои го воведоа еврото како нивна единствена валута. ЕЦБ и ЕУ се спротивставуваат на понатамошно унилатерално воведување на еврото (евроизација) и од страна на земјите-членки на ЕУ кои не го користат еврото и од страна на земјите кои не се членки на ЕУ.

Напуштање и исклучување

Додека Еврозоната е отворена кон сите земји-членки на ЕУ да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите, во договорите на ЕУ не постои одредба дали може некоја од земјите да ја напушти еврозоната без да ја напушти ЕУ како целина. Исто така нема одредба за тоа дали некоја земја може да биде исфрлена од еврозоната. Сепак некои, вклучувајќи ја холандската влада, се залагаат да се направи таква одредба во случај ако во еврозоната има некоја земја која е премногу задолжена, а одбива да ја почитува политиката на ЕУ за економски реформи. Сепак, придобивките од напуштањето на еврозоната во голема мера ќе зависат од конкретната ситуација. Ако валутата со која ќе се смени еврото се очекува да девалвира, во земјата ќе дојде до големо одливање на пари, додека ако се очекува вредноста на валутата да се зголеми, тогаш ќе има поголем прилив на пари во економијата. Сепак, ако вредноста на валутата брзо се зголемува тогаш тоа може да биде штетно за извозот на земјата. Џејн Клауд Тричет е назначена да го одобри дизајнот и печатењето на евро банкнотите и количината на изработени евро монети. Еврозоната политички ја застапуваат министрите за финансии, заедно познати како Еврогрупа, под водство на сегашниот претседател Џејн Клауд Тричет. Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ кои го користат еврото, се среќаваат ден пред состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин) кој е дел од Советот на Европската Унија. Групата не е официјален совет, но кога Екофин во полн состав гласа за прашања кои се однесуваат само на еврозоната, само на членовите на Еврогрупата им е дозволено да гласаат. Уште од 2008 кога првпат започна финансиската криза, Еврогрупата се сретна нерегуларно, не во состав на министри за финансии туку во состав на шефови на држави и влади (како Европскиот совет). Во овој форум, на Евросамитот, договорија многу од реформате за еврозоната. Поранешниот францускиот претседател Никола Саркози од 2011 настојува овие самити да станат редовни и тоа двапати годишно, со цел тие да станат "права економска влада". На 15 април 2008 во Брисел, Јункер предложи дека подобро е Еврозоната во Меѓународниот монетарен фонд да биде застапена како целина отколку секоја земја посебно. "Апсурдно е тие 18 земји да не се согласат да имаат еден претставник во ММФ. Тоа прави да изгледаме смешно. На меѓународно ниво на нас гледаат како на кловнови". Сепак, финансискиот комесар Хоакин Алмуниа изјави дека пред да почнат со заедничко претставување треба да се договори заеднички политички дневен ред.

Економија

Табела 1: Споредба на еврозоната со други економии, 2006.

Население БДП % од светскиот БДП Извоз Увоз
Еврозона 317 милиони 8.4 трилиони € 14.6% 21.7% од БДП 20.9% од БДП
ЕУ 27 494 милиони 11.9 трилиони € 21.0% 14.3% 15.0%
САД 300 милиони 11.2 трилиони € 19.7% 10.8% од БДП 16.6% од БДП
Јапонија 128 милиони 3.5 трилиони € 6.3% 16.8% од БДП 15.3% од БДП
Пример Пример Пример Пример Пример Пример

Табела 2: Годишни реални стапки на растеж на БДП во ЕУ (1990-2013)

1999-2007 2008-2013 1990-2013
Европска Унија 2,5% -0,1% 1,7%
Евро-Зона 2,3% -0,3% 1,4%

Инфлација

Табела 3: Стапка на инфлација во ЕУ, 1999-2011 (Хармонизиран индекс на потрошувачките цени во мај)

Година Инфлација Година Инфлација Година Инфлација
1999 1,0% 2004 2,5% 2009 0.0%
2000 1.7% 2005 2.0% 2010 1.7%
2001 3.1% 2006 2.5% 2011 2.7%
2002 2.0% 2007 1.9%
2003 1.8% 2008 3,7%

Каматни стапки

Каматните стапки во Еврозоната уште од 1999 ги поставува ЕЦБ. Тие се изразени во проценти на годишно ниво. Од јуни 2000 до октомври 2008, главните операции за рефинансирање беа варирачка стапка на тендери, спротивно од фиксните стапки на тендерите. Цифрите прикажани во табелата од 2000 до 2008 се однесуваат на минималните каматни стапки каде договорните страни може да ги сместат нивните понуди.

Дата/ Депозитно олеснување /Главни операции за рефинансирање/Најниско каматно олеснување


•1 јануари 1999г.•2,00•3,00•4,50

•4 јануари 1999г.•2,75•3,00•3,25

•22 јануари 1999г.•2,00•3,00•4,50

•9 април 1999г. •1,50•2,50•3,50

•5 ноември 1999г.•2,00•3,00•4,00

•4 февруари 2000г.•2,25•3,25•4,25

•17 март 2000г. •2,50•3,50•4,50

•28 април 2000г.•2,75•3,75•4,75

•9 јуни 2000г. •3,25•4,25•5,25

•28 јуни 2000г. •3,25•4,25•5,25

•1 септември 2000г.•3,50•4,50•5,50

•6 октомври 2000г.•3,75•4,75•5,75

•11 март 2001г. •3,50•4,50•5,50

•31 август 2001г.•3,25•4,25•5,25

•18 септември 2001г.•2,75•3,75•4,75

•9 ноември 2001г.•2,25•3,25•4,25

•6 декември 2002г.•1,75•2,75•3,75

•7 март 2003г. •1,50•2,50•3,50

•6 јуни 2003г. •1,00•2,00•3,00

•6 декември 2005г.•1,25•2,25•3,25

•8 март 2006г. •1,50•2,50•3,50

•15 јуни 2006г. •1,75•2,75•3,75

•9 август 2006г.•2,00•3,00•4,00

•11 октомври 2006г.•2,25•3,25•4,25

•13 декември 2006г.•2,50•3,50•4,50

•14 март 2007г. •2,75•3,75•4,75

•13 јуни 2007г. •3,00•4,00•5,00

•9 јули 2008г. •3,25•4,25•5,25

•8 октомври 2008г.•2,75••4,75

•9 октомври 2008г.•3,25••4,25

•15 октомври 2008г.•3,25•3,75•4,25

•12 ноември 2008г.•2,75•3,25•3,75

•10 декември 2008г.•2,00•2,50•3,00

•21 јануари 2009г.•1,00•2,00•3,00

•11 март 2009г. •0,50•1,50•2,50

•8 април 2009г. •0,25•1,25•2,25

•13 март 2009г. •0,25•1,00•1,75

•13 април 2011г.•0,50•1,25•2,00

•13 јули 2011г •0,75•1,50•2,25

•9 ноември 2011г.•0,50•1,25•2,00

Јавен долг

Следната табела го прикажува односот на јавниот долг кон БДП во проценти за ЕУ и други одбрани европски земји. Земјите -членки на Еврозоната се обележани како Еврозона, а земјите кои не се членки на еврозоната се обележани како ЕУ. Доближувањето на критериумот на еврозоната е 60%.

Држава ЦИА 2007 г.ОЕСР(Организација за економска соработка и развој) 2009 г.ММФ 2009г.ЦИА 2009 г.Евростат2010г.

 Австрија59,1072,767,1066,4072,3  Белгија84,60100,493,70101,0096,8  Кипар 59,6056,2056,2060,8  Естонија3,407,106,6  Еврозона86,0  Финска35,9052,644,0040,3048,4  Франција63,9087,178,1077,6081,7  Германија64.9076,572,5077,2083,2  Грција89,50120,2113,40142,8  Ирска 24,9072,764,0064,8096,2  Италија104,00127,7115,8115,80119,0  Луксембург6,4018,016,4014,6018,4  Малта69,0068,0  Холандија45,5069,458,9060,9062,7  Португалија63,6086,375,8076,8093,0  Словчка35,9039,835,7035,7041,0  Словенија23,6044,131,3038,0  Шпанија36,2062,453,2053,2060,1 

Фискална политика

Примарните средства за фискална координација во ЕУ лежат во широките упатства за економска политика напишани за секоја земја-членка, но особено се однесуваат на 18 земји кои се моментално членки на еврозоната. Упатствата не се задолжителни, но имаат за цел да ја претставуваат координацијата на политиките на земјите-членки на ЕУ како и да се земат предвид поврзаните структури на нивните економии. За заедничка сигурност и стабилност на валутата, членките на еврозоната мораат да го почитуваат Пактот за стабилност и раст,кој поставува договорени дефицитарни лимити и лимити на националниот долг, но кој исто така предвидува и санкции во случај на прекршување на договорот. Пактот во основа поставува лимит од 3% БДП за годишниот дефицит на сите земји-членки на еврозоната, со казни за секоја земја која ја преминува ова сума. Во 2005 Португалија, Германија и Франција ја преминаа оваа сума, но Советот на министри не гласаше да се казнат овие земји. Подоцна, беа воведени реформи за поголема флексибилност и за да бидат сигурни дека критериумот за дефицит ги зема предвид економските услови на земјата-членка и дополнителните фактори. На 20 март 2008 Организацијата за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development) ги потцени нивните економски предвидувања за еврозоната за првата половина на 2008. Во Европа нема место за олеснување на фискалната или монетарната политика, предупреди групата од 30 нации. За еврозоната, ОЕСР(OECD) сега предвидува раст на БДП за само 0,5% во првата четвртина, што нема да се подобри ни во втората четвртина, кога се очекува само 0,4% добивка.

Провизии за финансиска помош

Кон крајот на 2000 финансиската криза поттикна бројни реформи во еврозоната. Една од нив беше пресвртот во политиката за финансиска помош во еврозоната кој доведе до создавање на специјален фонд за помош на земјите-членки на еврозоната кои имаат проблеми. Покрај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2010 беа создадени Објектот за европска финансиска стабилност (ОЕФС) и Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕМФС) за да создадат систем и фонд за финансиска помош на земјите-членки. Сепак ОЕФС и ЕМФС беа привремени, мали и без основа во договорите на ЕУ. Затоа, во 2011 се договорија да го основаат Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) кој ќе биде многу поголем, ќе го финансираат само членките на еврозоната (не ЕУ како целина како што беше со ОЕФС и ЕМФС ) и ќе биде постојана основа на договорите. Како резултат на тоа, неговото создавање вклучуваше договарање на амандман во ДФЕУ (Договор за функционирањето на ЕУ) член 136 кој ќе му овозможи на ЕМС и на новиот договор за ЕМС детален приказ како ќе работи ЕМС. Ако и двата успешно се ратификуваат според распоредот, ЕМС ќе започне со работа кон средината на 2013 кога ОЕФС и ЕМФС ќе завршат.

Координација на буџетските политики

Голем надзор од ЕУ во областите на политика на оданочување и буџетска политика и наметнатиот механизам кој оди со тоа, понекогаш се опишани како потенцијално непочитување на суверенитетот на земјите-членки на еврозоната. Сепак, во јуни 2010 конечно беше постигнат целосен договор за контоверзниот предлог, земјите-членки меѓусебно да ги рецензираат буџетите пред нивната презентација во националните парламенти. Иако Германија, Шведска и Обединетото Kралство беа против меѓусебно прикажувањето на целосниот буџет, секоја влада на нивните рецензори и на Комисијата ќе ги презентира нивните проценки за нивото на раст, инфлација, приходи и трошоци шест месеци пред тие да бидат прикажани во националните парламенти. Ако некоја земја оди кон дефицит, таа ќе мора тоа да го оправда на останатите членки на ЕУ, додека пак земјите со долг поголем од 60% од БДП ќе се соочат со уште поголема контрола. Овие планови ќе се спроведат во сите земји-членки на ЕУ,не само на еврозоната, и мора да бидат одобрени од водачите на ЕУ заедно со предлозите за земјите да се соочат со санкции пред да го достигнат лимитот од 3% според Пактот за стабилност и раст. Полска ја критикуваше идејата за задржување на регионалните финансирања за оние земји кои ќе го надминат дефицитарниот лимит,бидејќи тоа ќе влијае само на посиромашните земји. Во јуни 2010 Франција се согласи да го поддржи планот на Германија за укинување на правото на гласање на земјите кои ги прекршуваат правилата. Во март 2011 беше започната нова реформа од Пактот за стабилност и раст со цел да ги зацврсти правилата со усвојување на автоматска процедура за наметнување на санкции во случај на прекршување на правилата за дефицит или долг.

Наводи

Tags:

Еврозона ЧленовиЕврозона ПроширувањеЕврозона Напуштање и исклучувањеЕврозона ЕкономијаЕврозона ИнфлацијаЕврозона Фискална политикаЕврозона Провизии за финансиска помошЕврозона Координација на буџетските политикиЕврозона НаводиЕврозонаВалутаЕвроЗемји членки на Европската УнијаМонетарен сојуз

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на повикувачки броеви на земјитеСамоубиствоСевастополШизофренијаПоштенски броеви во МакедонијаДоксициклинЖолчкаБлагоја ПетровАнтички МакедонциРепублика КосовоОвчи сипанициСписок на македонски зборови од турско потеклоМакедонци-муслиманиМарков манастирПере ТошевВлада на МакедонијаВелигденКој сака да биде милионер?Селин ДионМоскваПетар ПанСвети НиколеМесечинаВојо СтојановскиМарјан БожиновскиЛешочки манастирНационален парк ГаличицаДаме ГруевНенад СтојановскиХипертироидизамАдминистративна поделба на МакедонијаОпштина Демир ХисарКиро ДоневИлеусСрбијаГоце ТодоровскиАнтибиотикСписок на змии во МакедонијаСилвестер СталонеЗбогум Румелија (ТВ-серија)Васил ИљоскиКрлежиКлеткаЛибанПченкаКуранШвајцаријаСлавко ЈаневскиМозочен ударА1-телевизијаДраги КостовскиПрва балканска војнаОпштина ГостиварПолип на маткатаАна ФранкЈани БојаџиЛила СтојановскаАлшарStreptococcus pyogenesКамени КуклиСедум светски чуда на античкиот светВознесение ХристовоНикола ГруевскиМенструален циклусКристијано РоналдоЃорѓија ПулевскиТегавецРечник на стари македонски зборовиКонстантин КирковБелградХајди (роман)ЛешокРамазанСвета ГораЗмијаШишевски манастирСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001🡆 More