Горобинци: село во Општина Свети Николе

Горобинци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Горобинци
Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Горобинци во рамките на Македонија
Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Горобинци
Местоположба на Горобинци во Македонија
Горобинци на карта
Координати 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° СГШ; 21.87694° ИГД / 41.87472; 21.87694
Регион Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Вардарски
Општина Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Свети Николе
Област Овче Поле
Население 602 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24008
Надм. вис. 432 м
Горобинци на општинската карта
Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Горобинци во рамките на општината
Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Горобинци на Ризницата

Потекло и значење на името

Некои постари мештани кажуваат дека местото порано се викало Горно Винце. Тогаш во него имало премногу лозја.

Географија и местоположба

Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Сретселото

Ова е едно од поголемите села во областа Овче Поле, сместено во западниот дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Велес. Селото е рамничарско, на надморска височина од 440 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 6 километри.

Горобинци влегува во поголемите и попознати села во Овчеполската Котлина. Сместено е во северозападниот дел на котлината, во тесна долина во насока југозапад-североисток. Околни села се Трстеник и Сопот на северозапад, Кнежје на југозапад и други. Во минатото вода за пиење се добивала од чешми и од бунари.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крс-баир, Качкалица-баир, Аџи-баир, Лука-баир, Орле-баир, Коџа-шмрк, Големи-баир, Дивљак, Лопотеш, Кинечузи, Рук-баир, Перачко, Сулиште-баир, Коџа-ѓубре, Тупанче, Старо Село или Ѓаур-евлери (Каурски Куќи) и Орта-колиба.

Селото има многу збиен тип. Поради положбата во долината има низински тип. Додека било населено од Турци, селото било поделено на бројни маала наречени по турски родови. Денешни маала во селото се Петраличко (по потекло на жителите), Сретсело, Долно и други.

Горобинци се наоѓа десно од автопатот А4, на кој најблизок излез е тој кај селото Преод. Низ него поминува и регионалниот пат Скопје-Свети Николе.

Историја

Горобинци претставува старо село во Овче Поле. Во пишаните извори се споменува во 1704 година, кога во него преноќил Јеротиј Рачанин. Во селото најпрвин биле населени само православни Македонци. На почетокот на XIX век во него се доселиле Турци. Поголем број Турци дошле во 1878 година, кога многумина дошле од Србија и Бугарија. Меѓу доселените имало и Черкези (околу 30 куќи).

Куќите на старите Македонци се наоѓале во месноста Старо Село, кое се наоѓа југозападно од денешното село, кај што се наоѓа јавор и чешма.

Помеѓу народот се говори дека доселувањето на Турците започнало така што Македонците најпрвин најмиле сиромашен Турчин за говедар. Подоцна, тој повикал и други свои сонародници. Со текот на времето и нивното доселување, Македонците започнале да стануваат малцинство.

Во XIX век, Горобинци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Според записите на Јован Цвииќ кон крајот на XIX век, селото имало околу 500 жители Турци и 30-40 Македонци. Поради многубројните Турци, Македонците се иселувале и последните македонски семејства се иселиле во 1903 година. Домаќините на последните 7 македонски куќи биле Иљо, Лазо, Грозде, Темелко, Доне, Мане и Миленко. Првите двајца се преселиле во Кнежје, Доне и Мане отишле во гратчето Свети Николе, додека Миленко го убиле Турците. Во 1912 година, селото било чисто турско.

Црквата на иселените Македонци се наоѓала во денешното Долно Маало, на местото на селанецот Атанас. Месноста Турците ја викале Клисе-баир (Црковно Ритче), но нема остатоци од старини. Црквата била посветена на Свети Спас. Била срушена во текот на XIX век, но Македонците продолжиле да се собираат на местото.

Од постарите македонски родови денес се знаат следниве: Ристеви (2 к.) и Ордеви (1 к.) во соседното село Кнежје; Чекови (1 к.) населени во Ѓуземелци; Јованови (1 к.) населени во Лигунци, Велешко, преселени од Ѓуземелци; Спасеви живеат во Рудник, Велешко, по потекло од Горобинци.

Турското население од селото започнало да се иселувало од селото во периодот 1924-1927 година, кога се отселиле близу 70 куќи. На нивно место дошле Македонци од околината на Крива Паланка и Горна Пчиња. Во 1940 година, селото имало 115 турски и 80 македонски куќи. Иселувањето на Турците продолжило по Втората светска војна, кога во периодот 1954-1958 се иселиле 130 куќи. На нивно место повторно се доселувале Македонци.

Стопанство

Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Обработливи површини, во далечина селските гробишта

Атарот е голем и зафаќа простор од 21,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.201,8 хектар, на шумите отпаѓаат 468,8 хектари, а на пасиштата 368,1 хектар.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото постои земјоделска задруга.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.274—    
19531.367+7.3%
19611.223−10.5%
19711.101−10.0%
19811.061−3.6%
ГодинаНас.±%
1991944−11.0%
1994890−5.7%
2002820−7.9%
2021602−26.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горобинци имало 440 жители, сите Турци.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото имало 70 Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци и 400 Македонци.

Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.223 жители, од кои 1.148 биле Македонци, 51 Србин и 12 жители Турци, а во 1994 година броело 890 жители, од кои 868 Македонци, а 21 жител Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Горобинци живееле 820 жители, од кои 811 Македонци, 8 Срби и 1 Турчин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 602 жители, од кои 567 Македонци, 1 Албанец, 10 Срби, 1 останат и 23 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 1.274 1.367 1.223 1.101 1.061 944 890 820 602

Родови

Горобинци е чисто православно село, во кое низ вековите живееле и бројни турски родови.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Турски родови: Кадриалар, Грочиалар, Бечиралар, Коџа Порталар, Кара Мустафлар и други. Во минатото живееле и следниве родови: Кадриалар, Далиплар, Грочиалар, Мемишлар, Адем Асанлар, Исмоклар, Бечиралар, Коџа Порталар, Кочмеметлер, Аџи Исмаилар, Кара Мустафлар, Гавазалар, Џамилер и други.
  • Македонски родови:
  • Ромски родови: Пешеви (3 к.), доселени од Опила.

Општествени установи

  • Основно училиште „Гоце Делчев“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Гоце Делчев“ - Свети Николе
  • Амбуланта
  • Пошта
  • Дом на културата
  • Клуб на пензионери

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Горобинци, во која покрај селото Горобинци, се наоѓале и селата Ѓуземелци, Крушица, Преод, Сопот и Трстеник. Општината Горобинци постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе влегувале селата Горобинци, Ѓуземелци, Преод, Сопот, Трстеник и Џидимирци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1686 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 605 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 604 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Горобинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Вознесение Христово“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Џамии

Во минатото во селото постоела џамија без минаре во Горно Маало, од која денес не е ништо останато.

    Споменици

Редовни настани

    Слави

Секоја година на Први мај се одржуваат традиционалните Првомајски трки и натпревари, кои ги посетуваат гости од целата држава. Од пред неколку години на истиот ден се одржува и Меѓународната велосипедска трка „Делчо Ангелов“.

Личности

    Родени во или по потекло од Горобинци
  • Гоне Петковски — историчар и поранешен амбасадор;
  • Борис Начков — собирач на македонски народни песни кој досега има издадено три збирки со народни песни.
  • Родна Величковска (р. 1955) — етномузиколог и мелограф

Култура и спорт

Активно работи културно-уметничко друштво, кое пред сè го негува македонскиот фолклор.

Во селото работи фудбалскиот клуб „Стрела“.

Иселеништво

Турското население се отселило во два големи брана, првиот помеѓу двете светски војни, околу 70 семејства, а вториот за време на СФРЈ, околу 130 семејства. Тие главно живеат во Измир, или во Дургут во близина на Измир.

По Втората светска војна имало иселување на македонски семејства во Скопје, Ѓуземелци (Анѓелови, 1 к. и Атанасови, 1 к.), како и Малино (Тодорови, 1 к.).

Во поново време, дел од жителите се иселуваат и работат во Италија, Австрија, Швајцарија, Германија, како и мал дел во САД (Њу Џерси).

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Горобинци Потекло и значење на иметоГоробинци Географија и местоположбаГоробинци ИсторијаГоробинци СтопанствоГоробинци НаселениеГоробинци Општествени установиГоробинци Самоуправа и политикаГоробинци Културни и природни знаменитостиГоробинци Редовни настаниГоробинци ЛичностиГоробинци Култура и спортГоробинци ИселеништвоГоробинци ГалеријаГоробинци НаводиГоробинци ПоврзаноГоробинци Надворешни врскиГоробинциОвче ПолеОпштина Свети НиколеСвети Николе

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДраслајцаОпштина ЗелениковоТрстСелциОче нашРомео и ЈулијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСпомен-куќа на Мајка ТерезаДишен системПериоден систем на елементитеЖивотна срединаМислешевоСвета ПеткаПроизвод (математика)ЈугославијаЕвропска УнијаПринцезата на зрно грашокВодаМахидевранКрушевска РепубликаОпштина ЛипковоПоумЏорџ Гордон БајронПискупштинаГлавна страницаЛевица (политичка партија)КорабЛабуништаЛокални избори во Македонија (2013)ВекторБаснаМислодеждаЧасовен појасСписок на пеперутки во МакедонијаПодгорциЖелезоОпштини во МакедонијаУС Сасуоло КалчоКоле НеделковскиАвстралијаИзборна единица 5Октомвриска револуцијаПартија за целосна еманципација на РомитеКавказПрисовјаниКипарОптичка мамкаНиколај ГогољМакедонска азбукаАлан Маркес ЛоуреироДискус хернијаМакедонски пасошПравославиеСловенијаМакедонски парламентарни избори (2020)Национален парк МавровоЗаздравување на ранаЕпикаСтрумицаЏ. Р. Р. ТолкинВардарТелевизијаХананКралство ЈугославијаСистем за варењеСписок на македонски народни поговоркиРоманијаВикипедија на македонски јазикДевојката со бисерна обетка (филм)БактерииЛоковГлаголски прирокТуризамПролетСаат-кула (Битола)Рак на желудник🡆 More