Подржи Коњ: село во Општина Крива Паланка

Подржи Коњ — село распослано во областите Горна Пчиња и Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Подржи Коњ
Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Подржи Коњ во рамките на Македонија
Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Подржи Коњ
Местоположба на Подржи Коњ во Македонија
Подржи Коњ на карта
Координати 42°18′25″N 22°15′47″E / 42.30694° СГШ; 22.26306° ИГД / 42.30694; 22.26306
Регион Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Североисточен
Општина Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Крива Паланка
Област Горна Пчиња
Славиште
Население 45 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1334
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15043
Надм. вис. 1.050 м
Слава Спасовден
Подржи Коњ на општинската карта
Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Подржи Коњ во рамките на општината
Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Подржи Коњ на Ризницата

Потекло на името

За потеклото на името се верува дека некој Турчин дошол во селото и му дал на некој селанец да „му го подржи коњот“, а тој заминал да пие вода. Но, селанецот избегал со коњот.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областите Горна Пчиња и Славиште, во северниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Србија. Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.000 до 1.280 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 11 километри.

Селото е поделено на две половини, па така едната половина куќи се наоѓаат на западната падина на планината Ретки Буки во сливното подрачје на Пчиња, а другата половина на источната падина на планината Ретки Буки во сливното подрачје на Крива Река. Околни села се Луке на север и Крстов Дол на исток.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Гарваница, Вадина, Присоје, Ретки Буки, Крст, Преслап, Китка, Градиште, Говедарски Чуки и други.

Селото е од разбиен тип. Постојат пет маала во сливот на Крива Река: Средно, Присојарско, Мисинско, Стеваноско и Шиндарско. Во сливот на Пчиња постојат четири маала: Павловци, Спасинци, Говеѓак и Љубарци.

Историја

Градиште се наоѓа на Чупино, близу месноста Говердарски Чуки, каде мештаните изорале повеќепати цигли.

Селата Луке, Крстов Дол и Подржи Коњ се верува дека спаѓаат во поновите села во областа, основани од доселеници од друго место. Најпрвин, на почетокот на XIX век е основано Луке, а подоцна и другите две села.

Меѓутоа, постоело и старо село Подржи Коњ, кое било споменато во текот на XVI век како дервенџиско село со 38 христијански домаќинства. Ова село поседувало и две цркви, кои сега не постојат. Едната се наоѓала во денешното маало Спасинци, каде се познаваат камени ѕидови, а другата се наоѓала на месноста Ретки Буки, каде се наоѓаат ѕидини и камен крст.

Денешното село било обновено три рода, доселени од некаде. Тоа биле Парејци, Павловци и Мишинци. Првите два рода се населиле во сливот на Пчиња, а третиот род се населил во сливот на Крива Река.

Во XIX век, Подржи Коњ било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 22,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 912 хектари, на шумите отпаѓаат 689 хектари, а на пасиштата 271 хектар.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948720—    
1953847+17.6%
1961740−12.6%
1971648−12.4%
1981386−40.4%
ГодинаНас.±%
1991196−49.2%
1994183−6.6%
2002116−36.6%
202145−61.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подржи Коњ имало 800 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Подржи Коњ имало 920 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.

Од селото се иселил значителен број на населението и тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 740 жители, од кои 719 биле Македонци, а 16 жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 183 жители, а селото е населено само со македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Подржи Коњ живееле 116 жители, од кои 114 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 37 Македонци и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 920 720 847 740 648 386 196 183 116 45

Родови

Подржи Коњ е македонско село со родови кои потекнуваат од доселените предци, кои дошле во селото во XIX век. Сите родови дошле од областа Горна Пчиња.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Парејци (1 к.), се сметаат за најстар род, не го знаат своето потекло, живеат во маалото Спасинци; Павловци (7 к.), еден од најстарите родови, не го знаат своето потекло; Спасинци (4 к.), потекнуваат од основачот на родот Спасо кој се доселил од селото Луке, овде се доселил пред околу 220 години; Дедо-Анѓелковци (2 к.), доселени од некаде, куќите им се во маалото Говеѓак; Ивановци (5 к.), не го знаат потеклото, живеат во маалото Говеѓак; Симоновци (3 к.), куќите им се наоѓаат во маалото Говеѓак и Љубарци (2 к.), доселени од некаде, но не знаат од каде, живеат во Говеѓак.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Вукадиновци (1 к.); Јиргуци (1 к.); Грци (2 к.); Анѓелковци (5 к.); Џугуљиновци (3 к.); Спасинќи (8 к.); Павловци (7 к.); Богдановци (3 к.); Соколовци (8 к.); Милковци (3 к.); Борисовци (4 к.); Пуневци (7 к.); Стевановци (1 к.); Селиштарци (3 к.); Ѓоргијци (2 к.); Тоневци (1 к.); Павлевци (3 к.); Ѓоргичевци (3 к.); Јаќимовци (1 к.); Шиндарци (7 к.) се делат на Качарци, Ѓоргијинци и Мицковци; Станојци; Стевановци (16 к.) се делат на Стевановци, Милковци и Давидовци; Илијинци; Ѓочинци (3 к.)
  • Доселеници: Петковци (3 к.), Цветковци (3 к.) и Ѓоргинци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Димчинци (4 к.) доселени се во 1833 година од селото Луке. Таму припаѓале на родот Баба Станиновци; Џогановци (4 к.) доселени се околу 1863 година од селото Осиче; Ливадарци (4 к.) доселени се околу 1878 година од селото Луке. Таму имале роднини (Долинарци).

Општествени установи

Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на подрачното основно училиште „Јоаким Крчовски“
Подржи Коњ: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Дел од училиштето се користи како гласачко место за време на избори

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Луке, се наоѓале и селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол, Мала Црцорија и Подржи Коњ. Селото било дел од некогашната општина Луке, која постоела во периодот 1950-1952 и тогаш во нејзе се наоѓале селата Луке и Подржи Коњ.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0980 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

    Родени во Подржи Коњ
    Починати во Подржи Коњ
  • Иван Станојков (?-1906) — револуционер

Иселеништво

По заминувањето на Турците, родовите Подржикоњци I (3 к.), Подржикоњци II (3 к.) и Качарци (3 к.) заминале во селото Осиче. По Втората светска војна се зголемило иселувањето од селото кон градовите. Родовите Димитрови (1 к.) живеат во Видовиште кај Кочани; Деда-Стоевци (2 к.) живеат во Ѓуземелци во Овче Поле; Станоески (2 к.) живеат во Макреш кај Куманово; Стојанчеви (5 к.), Боркови (3 к.) и Маринци (3 к.), живеат во Клечевце кај Куманово.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Подржи Коњ Потекло на иметоПодржи Коњ Географија и местоположбаПодржи Коњ ИсторијаПодржи Коњ СтопанствоПодржи Коњ НаселениеПодржи Коњ Општествени установиПодржи Коњ Самоуправа и политикаПодржи Коњ Културни и природни знаменитостиПодржи Коњ Редовни настаниПодржи Коњ ЛичностиПодржи Коњ ИселеништвоПодржи Коњ НаводиПодржи Коњ ПоврзаноПодржи Коњ Надворешни врскиПодржи КоњГорна ПчињаКрива ПаланкаОпштина Крива ПаланкаСлавиште

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Блаже КонескиПоезијаТартифТаџикистанСложена реченицаБуринецФиброаденомБраќа МиладиновциСписок на птици во МакедонијаЊутнови закониБроеви во македонскиот јазикКонстантин МиладиновГлавна страницаЏастин БиберХристијанизација на Киевска РусијаХепатит ЦГодинаКокино (наоѓалиште)ЛарингитисКарлес ПуџдемонИндијаШведскаОпштина КрушевоОпштина Гази БабаЈосип Броз-ТитоМејозаБојан (роман)ГетеборгСамоилово ЦарствоАвантурите на ПинокиоВекторГалијаРазловечко востаниеРисто СтефановскиБиполарно растројствоВрхбоснаОпштина РесенЗевсЖивотна срединаГликемијаКристофер КолумбоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВардарМозочно крвавењеОхридско ЕзероКочаниЛимфоцитАлгиСостојба на материјатаРаички манастирЈудаизамМирко ПоповЧернобилска несреќаЗаменки во македонскиот јазикДен на шегатаБиотички факториОпераПолип на маткатаДабКавказЃомлезеБорис ТрајковскиИсторија на БугаријаТокиоАхилСрцеРогачФашизамЕлектрична струјаОсновен приходГерманијаДрогаБлаговештениеЕлектрицитетДувачки инструмент🡆 More