Гечерлија: село во Општина Босилово

Гечерлија или Нова Гечерлија — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Гечерлија
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население

Улица во селото

Гечерлија во рамките на Македонија
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население
Гечерлија
Местоположба на Гечерлија во Македонија
Гечерлија на карта
Координати 41°29′3″N 22°42′46″E / 41.48417° СГШ; 22.71278° ИГД / 41.48417; 22.71278
Општина Босилово
Население 282 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27018
Надм. вис. 240 м
Гечерлија на општинската карта
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Гечерлија во рамките на општината

Географија и местоположба

Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население 
Гечерлија
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население 
Училиште „Гоце Делчев“
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црква „Св. Теофил Струмички“
Гечерлија: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црква „Св. Наум Охридски“

Гечерлија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина и во западниот дел на Општина Босилово. Поради својата должина, неговата територија се издига до сртот на планината Огражден, каде што допира со територијата на Општина Берово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.

Надморската височина во селото е 240 метри, додека селото зафаќа површина од 10,1 км2. Од нив, 427,3 хектари се обработливо земјиште, 465 хектари се шумска површина додека 82,8 се пасишта

Историја

Отоманско Царство

Во текот на XIX век селото било населено со турско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители Турци. По крајот на Балканските војни, турското население во селото побегнало а на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија, претежно од Кукуш.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Поради тоа во 1935—1937 година, дел од српските колонисти од селото Гечерлија (Личани и Херцеговци), иако поседувале големо земјиште, биле принудени да ги напуштат своите домови и повторно да се вратат во своите матични домови, бегајќи од маларијата.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948167—    
1953184+10.2%
1961269+46.2%
1971333+23.8%
1981375+12.6%
ГодинаНас.±%
1991376+0.3%
1994394+4.8%
2002373−5.3%
2021282−24.4%

Во 1961 година селото Гечерлија имало 269 жители. Во 1994 година во селото живееле 394 луѓе, сите Македонци.

Според Пописот на населението од 2002 година, селото имало 373 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 272 Македонци, 1 Албанец и 9 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 167 184 269 333 375 376 394 373 282

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 299 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 295 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Гечерлија Географија и местоположбаГечерлија ИсторијаГечерлија НаселениеГечерлија Општествени установиГечерлија Самоуправа и политикаГечерлија Културни и природни знаменитостиГечерлија НаводиГечерлија Надворешни врскиГечерлијаОпштина БосиловоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Мали сипанициСловенијаЗнаме на МакедонијаЈоаким КрчовскиНационален парк ГаличицаВлада на МакедонијаБаснаПустина (роман)ФиброаденомШар ПланинаМаркови Кули (Прилеп)Животна срединаМаричка биткаАквилејаБорис ТрајковскиНадреден знакОмов законМаксим ДимитриевскиИлинденско востаниеПролетВодаЕрман ШабанМенструален циклусКристијано РоналдоРамностран триаголникЗНАМСписок на електрани во Македонија20000 милји под моретоТелефонХипотензијаАнтичка МакедонијаЧовечки папиломен вирусПрисовјаниTrackBackЦрна ГораОпштина ЧаирОпштина СарајСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЛионел МесиПодгорциКронова болестЧернобилска несреќаМетодија Андонов-ЧентоКирхофови закони за струјното колоЗемји членки на Европската УнијаСкопјеЕкологијаВекторНиколај ГогољЛасерВасил ИљоскиМакедонско востаниеБроеви во македонскиот јазикЕвропаКамилаДоктор ОфболиСолунПеперугиСпартаОпитИзбори во МакедонијаПравославиеЗаменки во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2014Црвени крвни зрнцаМакедонски ВласиSARS-CoV-2ТетанусПипи Долгиот ЧорапСветлинаЗевсДенес над МакедонијаБор (град)Мустафа IЏек ЛондонХомерКатица ЌулавковаШенген-зона🡆 More