Гатанка

Гатанка — краток жанр на усното народно творештво.

Тоа е двочлен израз составен од прашање и одговор. Денес служи за забава, но во минатото, покрај забавна, имала и педагошка функција, а во уште подалечното минато имала и обреден и иницијациски карактер.

Дека имала обреден карактер потврдува фактот што се кажувала во одредено време и при одредени дејности, а дека имала и иницијациски карактер потврдува фактот што момчето и девојката, дури откако ќе одгатнеле одреден број гатанки, се сметале за зрели личности што можат да оформат дом и семејство. Може да се однесува за предмети и појави од непосредната човекова околина, деловите на човечкото тело, алатите за работа и сл.: Кусо дебело на сите газ видело (праг); Чичо стиска, стрина писка, далеку се чуе (гајди); Сè во куќа изгоре, а куќата остана (луле); Гола е, а цел свет го облекува (игла). Покрај нејзината универзална димензија, подложна е на влијанија и модификација од страна на локалната средина. Може да се појави и во форма на гатанка-пословица: Коски нема, коски крши (јазик).


Наводи

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Владо ИлиевскиРисто КрлеМајда ТушарРобинзон КрусоДислексијаТурцијаПоезија1535 во наукатаЕкосистемАпенински ПолуостровРомул и РемНАТОБегалкаЗемја (планета)ЈапонофилијаПрекршување (физика)1894 во уметностаИндијаЏузепе ВердиАнастас КоцаревПрва помошАтрибут во македонскиот јазикДанскаАнтонио ВивалдиИнтернетНародна Република КинаФотосинтезаЗемјотресСофи МарсоДен на шегата1880 во музикатаКозјак (езеро)АлгоритамЗвездана АнгеловскаСврзникХектарАна ФранкВардарПроста реченицаСписок на македонски народни и староградски песниШтрковиРК ВардарПаралелограмStreptococcus pyogenesАрхимедГлавна страницаЕрусалимТуберкулозаЏеф БезосЗаповеден начин во македонскиот јазикСтрумицаЕфто ПупиновскиСвети КирилПетар ГеоргиевскиЈагликиКристијан X ДанскиПетар Илич ЧајковскиИталијаСписок на држави и територии во ЕвропаЈонска врскаНемања ГудељХуманизам и ренесансаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаКрвТеодосиј ГологановПисмоТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021АголДекарПетре М. АндреевскиХипертироидизамЕден на ЕденАцо ШоповКиселинаМи заплакало селото ВаташаБакрописСреден век🡆 More