Виниче: село во Скопска Црна Гора, Општина Гази Баба, Скопје

Виниче — село во Скопско, во состав на Општина Гази Баба.

Виниче
Виниче: Географија, Историја, Население
Виниче во рамките на Македонија
Виниче: Географија, Историја, Население
Виниче
Местоположба на Виниче во Македонија
Виниче на карта
Координати 42°3′2″N 21°30′34″E / 42.05056° СГШ; 21.50944° ИГД / 42.05056; 21.50944
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Население 354 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25024
Надм. вис. 611 м
Слава Илинден
Виниче на општинската карта
Виниче: Географија, Историја, Население

Атарот на Виниче во рамките на општината
Виниче: Географија, Историја, Население Виниче на Ризницата

Географија

Селото се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора, на еден километар источно од с. Црешево.

Историја

Стар век

Најраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика и се претставени со два археолошки наоѓалишта: тврдината Градиште и гробницата кај месноста Огради.

XIX век

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 74 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци-христијани.

XX век

По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Винче (Vinče) како село со нејасен етнички состав.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
2002—    
2021354—    

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 336 Македонци, 4 Срби, 7 останати и 7 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 65 354

Родови

Виниче е македонско село, населено во целост со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.

Според истражувањата од 1963 година, родови кои живеат во Виниче се:

  • Доселеници: Трајковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 62 г. во 1963 година) Панче-Зафир-Трајко, основачот на родот кој се доселил; Младеновци или Бичкаџии (4 к.) основачот на родот е доселен како ѕидар од некое село во Порече; Шаневци (2 к.) доселени се од претежно албанското село Страчинци; Караџовци (2 к.), Анѓелевци (7 к.), Велковци (2 к.), Цветковци (4 к.) и Лунџовци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде., а последниот род Лунџовци можно е да водат потекло од скопското село Блаце каде постои истоимен род.

Во селото имало само еден староседелски род, Илиевци (2 к.), исто така познати како Гоџовци, кои биле доселени од некое место погоре во Скопска Црна Гора или од Кумановско, основачот на родот бил некој Илија. Денес родот е практично иселен во блиското село Стајковци.

Култура

Името на селото го носи ликовната манифестација „Виниче“ со културна програма околу црковниот комплекс „Св. Илија“.

Знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Иселеништво

Иселеништвото воглавно се одвивало кон Скопје. Таму целосно се иселиле Нерабовци, Стаматковци, и др. Потоа има иселеници во соседното село Стајковци (Шаневи, Анџини, Младеновци, Караџовци, Алтиовци, Дељовци, Дрнговци и Шеровци), Драчево (Десковци).

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Виниче ГеографијаВиниче ИсторијаВиниче НаселениеВиниче КултураВиниче ЗнаменитостиВиниче ИселеништвоВиниче ЛичностиВиниче ГалеријаВиниче НаводиВиниче Надворешни врскиВиничеОпштина Гази БабаСелоСкопско

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МетотрексатВтора влада на Никола ГруевскиВанчо МихајловСЦ „Јане Сандански“ - СкопјеСписок на планини во МакедонијаМесечинаСпоменик „Илинден“Македонски парламентарни избори (2006)Хепатит ЦСДСМТапанАјфелова кулаОпштина ЖелиноИзборна единица 6ЗмијаПавле АрсоскиМендух ТачиСтојанче АнгеловСипанициИнфективна мононуклеозаБојан МиовскиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ФилипиниДемографија на МакедонијаСписок на политички партии во МакедонијаКултураТетанусТодор СкаловскиСулфур диоксидНова алтернативаРимНационални паркови во МакедонијаПсоријазаЉупчо ГеоргиевскиМеѓународен аеродром СкопјеЃорѓија СајкоскиСтругаСписок на градови во ГерманијаУстав на МакедонијаВртоглавицаКанцониеротКрушевска РепубликаДржавни празници во БугаријаМакедонски парламентарни избори (1994)Вооружена престрелка во Куманово (2015)Љупчо ДимовскиОмепразолОвчи сипанициНепроштеноБожествена комедијаГликемијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаКронова болестМорфологија на македонскиот јазикТрајко ВељаноскиКомунизамГ’зим ОстрениФосилМакедонски парламентарни избори (2020)ЧешкаИзбори во МакедонијаДијалектЛатвијаАртрозаКристофер КолумбоПопис на населението во Македонија (2021)Халк банкаОхридТигрица (птица)ПентоксифилинАртритисСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Сашко КедевМакедонски парламентарни избори (2016)Рак (болест)Стале Попов🡆 More