Автономен Нервен Систем

Автономниот (вегетативен) нервен систем се појавил многу рано во текот на еволуцијата.

Составен е од централен дел, формиран од јадра и нервни влакна, сместени во централниот нервен систем, и периферен дел, формиран од ганглии и нерви кои спаѓаат во периферниот нервен систем. Градбата на вегетативниот нервен систем е слична кај сите ‘рбетници (вклучувајќи го и човекот). Тој ги инервира внатрешните органи, ѕидовите на крвните садови и жлездите.

Автономен нервен систем
Автономен Нервен Систем
Податоци
Назнаки
ЛатинскиAutonomici systematis nervosi
TAA14.3.00.001
FMAFMA:9905

Вегетативниот нервен систем е поделен на симпатички и парасимпатички систем. Центрите на симатичкиот дел се сместени во вратниот, градниот и слабинскиот регион од ‘рбетниот мозок. Повеќето органи се инервираат двојно, односно со нервни влакна ѝ од симатичкиот, ѝ од парасиматичкиот дел, кои имаат антагонистичко дејство. На пример, симпатикусот ја забрзува работата на срцето, додека парасимпатикусот ја кочи и забавува неговата работа, или парасимпатикусот ја стимулира перисталтиката на цревата, додека симпатикусот ја забавува.

Дејство на автономниот нервен систем на поедини органи на телото

Автономниот нервен систем е од суштинско значење за следните органи:

  • Око, пупила (симпатикусот ја проширува, парасимпатикусот ја стеснува).
  • Око, цилијарен мускул (парасимпатикусот го ексцитира).
  • Жлезда, носна (симпатикусот предизвикува вазоконструкција, парасимпатикусот предизвикува ретка, обилна секреција која содржи многу ензими).
  • Жлезда, солзна.
  • Жлезда, паротидна.
  • Жлезда, субмаксиларна.
  • Жлезда, желудочна.
  • Жлезда, панкреас.
  • Потни жлезди (симпатикусот предизвикува обилно потење (холинергичко).
  • Апокрилни жлезди (симпатикусот предизвикува лачење на густ, мирисен секрет).
  • Срце, миокард (симпатикусот предизвикува зголемена честота и силина на чукање, а парасимпатикусот спротивното).
  • Срце, коронарка (симпатикусот ја проширува, парасимпатикусот обратно).
  • Бели дробови, бронхии (симпатикусот ги проширува, парасимпатикусот обратно).
  • Бели дробови, слузница (при вируси и бактерии и други честички, симпатикусот и парасимпатикусот го регулираат згуснувањето и разредувањето на слузницата на белите дробови).
  • Бели дробови, крвни садови (симпатикусот предизвикува благо стеснување).
  • Црева, лумен (симпатикусот предизвикува смалена перисталтика и тонус, а симпатикусот обратно).
  • Црева, апсорпција на храна (симпатикусот и парасимпатикусот делуваат врз намалено или зголемено апсорбирање на храната, селекција на истата, како и врз количината на создадениот фецес, т.е. измет).
  • Црева, сфинктери (симпатикусот предизвикува зголемен тонус, парасимпатикусот намален).
  • Црн дроб (симпатикусот предизвикува ослободување на гликоза).
  • Жолчно ќесе и жолчни водови (симпатикусот го инхибира ослободувањето на жолчна киселина, а парасимпатикусот го ексцитира).
  • Бубрег (симпатикусот предизвикува намалена диуреа, т.е. мокрење).
  • Уретер (симпатикусот предизвикува негова инхибиција, а парасимпатикусот ексцитација).
  • Мочен меур, детрусор (симпатикусот го инхибира, а парасимпатикусот го ексцитира).
  • Мочен меур, тригонум (симпатикусот го ексцитира, парасимпатикусот го инхибира).
  • Пенис (симпатикусот предизвикува ејакулација, додека парасимпатикусот ерекција).
  • Сексуална активност (симпатикусот и парасимпатикусот делуваат врз интензитетот на сексуалната активност на организмот).
  • Системски крвни садови, абдоминални (симпатикусот ги стеснува).
  • Системски крвни садови, мускулни (симпатикусот предизвикува нивно стеснување (адренергички).
  • Системски крвни садови, кожни (симпатикусот предизвикува стеснување (адренергички) и проширување (холинергички), а парасимпатикусот проширување).
  • Крв, коагулација (симпатикусот предизвикува засилена коагулација).
  • Крв, гликоза (симпатикусот предизвикува зголемување на количеството на гликоза во крвта).
  • Базален метаболизам (симпатикусот го зголемува до 150%).
  • Секреција на адренокортекс (симпатикосот ја зголемува секрецијата на адренокортекс).
  • Душевна активност (симпатикусот ја зголемува душевната активност).
  • Пилоеректори (симпатикусот ги ексцитира).

Наводи

Arthur C. Guyton, M.D, Учебник по медицинска физиологија.

Tags:

ГанглијаЕволуцијаЖлездаКлеточно јадроКрвни садовиНервНервен системНервно влакноОрганПериферен нервен системЦентрален нервен системЧовек‘рбетници

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Демократски сојузОВКСписок на македонски народни и староградски песниРоднински односиТеута АрифиКирилицаСреден векСписок на македонски филмовиЈужна АмерикаСеверномакедонско наречјеОпштина ЧаирНовациЛеукемијаКатица ЈаневаФотосинтезаЦар СамоилАлександар КирацовскиЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридМакедонски претседателски избори, 2004БелградКостадин КостадиновХарфаДимитар КовачевскиМагнетна резонанцијаСипанициЗНАММултипла склерозаИсламВладимир ПутинОпштина Маврово и РостушеНационален парк Шар ПланинаДемократијаЕндометриозаОпштина Ново СелоВМРО ДПМНЕБубрежна слабостСашо МијалковМакедонска граматикаВенко ФилипчеСвети НиколеМакедонија (регион)СтрумицаРадождаИлинденско востаниеСлавко ЈаневскиХераклеја ЛинкестисСоцијализамЈосип Броз-ТитоИнтеграЛокални избори во Македонија (2017)УругвајПустина (роман)СоцијалдемократијаФранцијаВласиКралство ЈугославијаОпштина ДојранДемохристијанствоЉупчо ЈордановскиЗаконодавна властСоцијалистичка партија на МакедонијаОпштина ДолнениХепатитШар ПланинаЛевица (политика)Демократска партија на Турците на МакедонијаБугаријаТодор АлександровБожествена комедијаВМРО-ДПМНЕБлагој ДавковУкраинаГраѓанска опција за МакедонијаВелигден🡆 More